Ија (митологија)
Ија во старогрчката митологија била ќерка на Инах, богот на реките. Станала љубовничка на Зевс и го родила Епаф.[1]
Бегство од боговите
уредиЗевс се заљубил во Ија и приоѓал во облик на облак. Тоа меѓутоа го приметила неговата сопруга Хера. Да би ја скрил измамата Зевс ја претворил Ија во бела крава. Сепак, Хера и тоа го дознала и побарала од Зевс да и подари крава. Зевс тоа не можел да го одбие. Хера побарала од стоокиот гигант Аргус да ја чува кравата, која всушност била Ија.
Зевс го пратил Хермес кај Аргус. Хермес го успал Аргус со свирката на своиете свирала и му ја скинал главата, така што Ија, и понатака во облик на крава, морала да побегне. Хера е бргу ја приметила оваа измама и ја испратила Обад, која цело време ја гонела Ија (брмчењето на овие мушички можело да предизвика стампеда на животни).
Ија во своето бегство го поминала протокот кој е именуван по неа Босфор, т.е кравин премин. Таму го сретнала за карпа окованиот Прометеј кој цело време ја тешел и и ветил дека кога ќе се врати во човечки облик че стане прамајка на најголемиот јунак, т.е Херакле.
Бегајќи понатаму, Ија го поминала морето кое е именувано по неа Јонско Море и стигнала во Египет. Тука ги молела бобовите да и се смилуваат. Хела на големото Зевсово молење се смирила и и го вратила на Ија човечкиот облик,па Египќаните ја обожувале како божица. Во Египет го родила Епаф и подоцна се венчала со египетскиот крал Телегон.
По нимфата е наречена месечината Ија, природен сателит на Јупитер.
Наводи
уреди- ↑ Robert Grevs, Grčki mitovi, Nolit, Beograd, 1992, str. 167 - 168.