Диомед
Диомед (грчки јазик: Διομήδης) (латински јазик Diomếdes) во старогрчката митологија бил син на Тидеј и Дејпила, кој станал крал на Арг, наследувајќи го својот дедо Адраст.[1] Тој е познат по своето учество во тројанската војна, а Хомер во својата „Илијада“ го опишува, (заедно со Ајант), како вториот најдобар ахејски војник по Ахил. Покрај Херакле и Одисеј, Диомед бил најмилиот јунак на Атена. Името на Диомед е сложенка од два грчки збора: Διος = „бог“ и μηδομαι = „мисли“, што би значело „лукав како боговите“ или со „божествена мудрост“.[2]
Митологија
уредиПред тројанската војна
уредиДиомед бил еден од Епигоните, синови на паднати војници,[3] кои се бореле против Теба, а организирале воен поход чија цел била да се одмазди за смртта на нивите татковци. По смртта на својот татко Тидеј, Диомед се оженил со Егијалеја од Арг и тамо се одомаќил. Иако бил полноправен граѓанин на Арг, Диомед постојано смислувал завера како да го симне кралот, а кога по некое време и го презел кралството, ги убил сите предавници, освен Терзит, кој успеал да побегне. На престолот го вратил својот дедо Енеј. Кога Енеј го предал кралството на својот зет Андемон и се упатил во Арг кај Диомед, патем го убил Терзит. Диомед, и покрај големата потрага, не можел да ги пронајде убијците, па на местото каде бил закопан неговиот дедо, во негова част основал град и го нарекол по неговото име. Диомед бил и еден од бројните стројници наЕлена, кој му положил заклетва на Менелај дека, кога и да му биде потребно, ќе му пружи помош.
Тројанска војна
уредиДиомед во Тројанската војна пошол со флота од осумдесет бродови и тоа била, по агемемновата флота од сто брода и несторовата од деведесет, трета морска сила на Ахајците. Диомед, по Ахил, заземал второо место меѓу извонредните грчки јунаци под Троја. Бил силен и вешт војник и многу верен и храбар борец. Неговата мудрост била неоспорлива, па ја признавале и кралеви многупо стари од него, како Агамемнон и Нестоа. Диомед на патрокловите погребни игри, заедно со Ајант го освоил првото место во бокс [4].
Кога во тројанската војна Одисеј го заробил синот на Пријам, пророкот Хелен и од него дознал дека Троја не може да биде освоена, ако не се изнесе од градот „паладиумот“ кој го штител градот, Одисеј и Диомед тргнале по него. Диомед на рамената на Одисеј влегол во градот, но не го пуштил Одисеј да влезе и тој со него. Кога се вратил Диомед со „паладиумот“, Одисеј бил многу бесен и се обидел да го убие Диомед и на себе да си ја припише заслугата, но Диомед го видел неговиот одраз во месечината, се свртел и го разоружал, а потоа заедно се вратиле во логорот.
Додека бил отсутен Ахил, Диомед станал најмоќен ахејски војник кој во борбите убил бројни Тројанци. Неговата храброст и јунаштво ги забележале и Енеја, синот на Афродита, и стрелецот Пандар, кои потоа и го нападнале и успеале тешко да го ранат. И покрај тоа, Диомед со несмалена жештина, продолжил да се бори. при што го убил Пандар со своето копје, а на Енеја му фрлил голема карпа и така тешко го ранил. Афродита, за да го спаси својот син, се вмешала во судирот и го зграбила Енеј и побегнала со него. Диомед ја нападнал и Афродита и ја ранил, а таа го испуштила Енеј и побрзала на Олимп каде му се пожалила на Зевс. Кога онесвестениот и ранет Енеја го зел Аполон, Диомед и него трипати го нападнал, но се сетил дека Атена го советувала дека не смее да нападне ниту еденг бог.[5].
Додека Диомед се борел со Хектор, го здогледал Ареј, богот на војната како се бори на страна на Тројанците и се присетил на советот од божицата Атена, па ѝ заповедал на својата војска да се повлече, меѓутоа, божицата го охрабрила да се врати во битката. Кога Диомед, подоцна во борбата го ранил Ареј со копје, тој морал да се врати на Олимп, а Тројанците биле принудени да се повлечат.
По Тројанската војна
уредиБожицата Афродита никогаш не му го опростила на Диомед учествувањето во тројанската војна, па додека тој се борел, ја уверила неговата жена Егијалеја да се омаѓи за друг маж и него да го постави за крал на Арга. Диомед, кога пристигнал во своето кралевство и видел шта се случило, не сакал ништо лошо да ѝ направи на својата жена, а не сакало ниту да остане, па отишол во Италија кад ги основал градовите Бриндизи и Arpus Hippium.
По доаѓањето во Италија, Диомед повторно се сретнал со својот стар непријател Енеја[6], па жителите на Лација ја посетиле неговата кралска палата и се обиделе да го убедат да ја поведе нивнаа војска против трупите на Енеј. Диомед ја одбил понудата и им рекол дека во Италија дошол да живее мирно, но и дека во својот живот убил премногу Тројанци.
Божицата Атена на Диомед му ја дала бесмртноста која била наменета за неговиот татко Тидеј, па и тој станал бог, кого под различни имиња го почитувале во Италија.
Литература
уреди- Замаровски, Војтех (1985). Јунаци античких митова: Лексикон грчке и римске митологије. Загреб.