Арнаут Маала

поранешно село во Серско, Егејска Македонија

Арнаут Маала (грчки: Ιτεοχώρι, Итеохори; до 1927 г. Αρναούτ Μαχαλά, Арнаут Махала[1]) — поранешно село во Серско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Сер во областа Централна Македонија, Грција.

Арнаут Маала
Ιτεοχώρι
Арнаут Маала is located in Грција
Арнаут Маала
Арнаут Маала
Местоположба во областа
Арнаут Маала во рамките на Сер (општина)
Арнаут Маала
Местоположба на Арнаут Маала во општината Сер и областа Централна Македонија
Координати: 40°58′N 23°31′E / 40.967° СГШ; 23.517° ИГД / 40.967; 23.517
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаСер
Општ. единицаКиспикеси
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото се наоѓало јужно од градот Сер, на јужниот брег на некогашното Тахинско Езеро, во денешниот атар на Нова Маала.[2]

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

Во XIX век Арнаут Маала било македонско село во Серската каза на Серскиот Санџак.

Христијанското население на селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Арнаут Маала имало 120 жители, сите Македонци.[3][4] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Арнаут Маала имало 95 Македонци под врховенство на патријаршијата.[2][4]

Во Грција

уреди

По Втората балканска војна во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Селото настрадало за време на Балканските војни, поради што во пописот од 1920 г. година селото се води како напуштена населба. Обновено е од грчки бегалци во 1924 година. Во 1927 година, името на селото било променето во Итеохори (Ιτεοχώρι). Меѓутоа, не се спомнува во подоцнежните пописи, што значи дека се распаднало.[2]

Наводи

уреди
  1. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 13 јуни 2024.
  2. 2,0 2,1 2,2 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 246.
  3. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 178. ISBN 954430424X.
  4. 4,0 4,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.