Извештај за чумата

„Извештај за чумата“ (српски: Izveštaj o kugi) — збирка раскази на српскиот писател Радослав Петковиќ од 1998 година. За ова дело, Петковиќ ја освоил Виталовата награда.

Содржина

уреди

Збирката содржи девет раскази:[1]

  • Глетки од Петстогодишната војна
  • Извештај за чумата
  • Градителот на бесилки
  • Хароновите мемоари
  • Петар Влатковиќ. Живот и дело
  • Кратка историја на бесмртниците
  • Моето игралиште за голф
  • Детето од реката
  • Додека трае Плимата

Осврт кон делото

уреди

Според Ненад Шапоња, расказот „Извештај за чумата“, низ ликот на лекарот (кој го носи истото име како ликот од делото „Чума“ на Ками) претставува парадигма на соочувањето со суштинскиот трагизам кој со себе го носат човечките суштества.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Radoslav Petković, Čovek koji je živeo u snovima / Izveštaj o kugi. Beograd: Laguna, 2020.