Енциклопедија на мртвите
Енциклопедија на мртвите (српски: Енциклопедија мртвих) - збирка раскази на српскиот писател Данило Киш од 1983 година.
Структура дела
уредиЗбирката се состои од девет раскази:[1] [2]
- „Симон Чудотворецот“ (Симон Чудотворац)
- „Посмртни почести“ (Посмртне почасти)
- „Енциклопедија на мртвите“ (Енциклопедија мртвих)
- „Легенда за спијачите“ (Легенда о спавачима)
- „Огледало на непознатото“ (Огледало непознато)
- „Приказна за мајсторот и ученикот“ (Прича о мајстору и ученик)
- „Славно е да се умре за татковината“ (Славно је за отаџбину мрет)
- „Книга на кралевите и будалите“ (Књига краљева и будала)
- „Црвени марки со ликот на Ленин“ (Црвене марке с ликом Лењина)
Тематика
уредиЗаедничка тема на сите раскази е смртта, која во ова дело е прикажана во различни историским, културни и идеолошки димензии. Секој расказ има свои јунаци кои не се појавуваат во другите раскази, као и различна просторна и временска определеност. Единтсвената заедничка нишка што ги поврзува расказите е смртта као неминовен судбински избор. Одредувањето на тематската суштина на секој расказ е објаснето во додатокот со наслов постскриптум.
Самиот автор за значењето на „Енциклопедијата на мртвите“ вели:[3] Тоа е книга за љубовта и смртта, и би се осудил да кажам дека со повнимателно читање може да се открие дека ерос и танатос, како теми што се провлекуваат низ сите мои книги, овде доаѓаат до поцелосен израз. Мислам дека тоа е основното нешто што би можел да го кажам за значењето на Енциклопедијата. Слично на тоа, во пост-скриптумот кон збирката, Киш пишува: Сите раскази во оваа книга во поголема или во помала мера се во знакот на една тема што би ја нарекол метафизичка; од епот Гилгамеш, прашањето на смртта е една од опсесивните теми во литературата. Притоа тој вели дека збирката би можела да носи поднаслов Западно-источен диван, со јасен ироничен и пародиски контекст.[4]
Наводи
уреди- ↑ Danilo Kiš, Enciklopedija mrtvih. Beograd: BIGZ, 1994.
- ↑ Danilo Kiš, Enciklopedija mrtvih. Beograd: Arhipelag, 2015.
- ↑ www.artnit.net, Enciklopedija mrtvih
- ↑ „Post scriptum“ во: Danilo Kiš, Enciklopedija mrtvih. Beograd: Arhipelag, 2015, стр. 163.