Тајната на црвениот замок
„Тајната на црвениот замок“ (српски: Тајна црвеног замка) — збирка раскази на српскиот писател Вуле Журиќ од 2014 година. Во 2015 година, збирката била наградена со Андриќевата награда.[1]
Содржина
уредиЗбирката се состои од 15 раскази:[2]
- Момче на Тасос
- Пелно ме сам
- Тајната на црвениот замок
- Падот на Колумбија
- Аграмерски домино
- Блуз за рикверц
- Параноја во Лас Митровица
- Последниот човек
- Заминување во Киленц
- Елегија за филџан и далечински управувач
- Ѓиласовиот број
- Гавриловиот принцип
- Алфа и Ромео
- Среќна нова ’41
- Ќенгината смрт
Осврт кон делото
уредиЗбирката ја потврдува способноста на Журиќ на мал простор да изгради убедливи книжевни светови, изѕидани врз урнатините на српското блиско минато. Кажано со спортски јазик, авторот ја составил најдобрата репрезентација од книжевни ликови кои благодарение на фатназијата на писателот даваат сè од себе во исполнувањето на сопствените судбини. На тој начин, многу познати личности од српската историја на 20 век се претвораат во доверливи сведоци на необичната творечка енергија на Журиќ и ја потврдуваат посебноста на неговиот авторски глас и приредуваат врвна книжевна претстава за публиката.[3]
Наводи
уреди- ↑ Андрићева награда (пристапено на 12.11.2019)
- ↑ Vule Žurić, Tajna crvenog zamka. Beograd: Laguna, 2015.
- ↑ Vule Žurić, Tajna crvenog zamka. Laguna, Beograd, 2015.