Вида Огњеновиќ, српски драматург, раскажувач и романописател, работела како дипломатски претставник на својата земја. Автор е на престижни ТВ новели и драмски извеби.[1]

Вида Огњеновиќ

Животопис

уреди

Родена е во Дубочке (Бањани) во близина на Никшиќ 14 август 1941. година. Детството и младоста ги поминала и образованието го стекнала во Србија. Основното училиште го завршила во Врбас, а гимназија во Сремски Карловци. Дипломирала на Катедра за општа књижевност на Филолошки факултет во Белград во 1963. и на Одсек за режија на белградската Академије за театар, филм и телевизију 1965. Постдипломските студии ги започна во Париз на Сорбона, а магистерски труд од теорија и пракса го бранеше Универзитет во Минесота, САД 1972. година.

Од 1974. до 1979. работела како асистент на ФДУ во Белград. За директор на Драмата на Народниот театар во Белград била избрана 1977. година, а по истек на четвиригодишњен мандат, останала со ангажман како редител. Како професор по занимање таа предавала на универзитети во Лос Анѓелесна (УСЛА), Чикаго (УИЦ) од 1981-1982, а во рамки на предавачки турнеи, во неколку периоди боравела, како гост преведувач, на речи си сите универзитетеи во САД (1985, 1991, 1997 и 1999). Редовен е професор на Академија на уметности во Нови Сад. Њејзиниот редителски опус чинат речиси стотинак театарски претстави, но и голем број телевизијски и радио режии, голем дел од нив се работени по нејзините текстови. Автор е на голем број драми, кои биле поставени во театрите и имале голем број изведби, а објавени се во ралични изданија. Како редител таа гостувала во многу театри на територија на поранешна Југославија (Црна Гора, Словенија, Хрватска), а работела и надвор од земјата.

Автор е на четри книги проза: збирка раскази „Отровното млеко на глуварче“ (Отровно млеко маслачка), (Просвета, Београд, 1994.) и „Стариот сат“ (Стари сат) (Просвета, Београд, 1996.), „Најубавите раскази на Вида Огњеновиќ“ (Најлепше приче Виде Огњеновић) (Просвета, Београд, 2001.), роман Куќа на мртвите мириси“ (Кућа мртвих мириса) (Просвета, Београд, 1995.) и седум книги на драма: „Меланхолични драми“ (Меланхоличне драме) (СКЗ, Београд, 1991.), „Девојки со модра коса“ (Девојка модре косе) (Арс драматика, Београд, 1994.), „Тажни комедии“ (Сетне комедије) (СКЗ, Београд, 1994.), Милева Ајнштајн, како и сабран драми во три книги „Драми“ (Драме) I, II, III (Стубови културе, 2000., 2001., 2002.). Романот „Куќа на мртвите мириси“ е преведена на македонски, превод на Гордана Јовиќ-Стојковска и Фросина Стојковска во издание на (ИЦ Три, Скопје, 1998)

Вида Огњеновиќ е претседател на Српскиот ПЕН-а, а од септември 2012. почасен потпретседател на Меѓународен ПЕН конгрес.[2]

Наводи

уреди
  1. Потекло на зборот - Антологија на српскиот расказ I, Слово љубве - Буквибукс, Скопје, 2016, стр. 159.
  2. Вида Огњеновић потпредседница ПЕН-а (Б92, 14. септембар 2012)