Опис на смртта
Опис на смртта (српски: Опис смрти) - збирка раскази на српскиот писател Давид Албахари од 1982 година. Збирката е добитник на Андриќевата награда.
Содржина
уредиЗбирката се состои од три циклуси раскази: „Прво лице“, „Трето лице“ и „Без лица“.[1]
- „Прво лице“ (1974)
- „Евангелие по мојот татко“
- „Мама“
- „Прошетки крај реката“
- „Есеи“
- „Големиот бунт во нацистичкиот логор во Штулн“
- „Влага“
- „Тигарот кому на грбот глобот“
- „Недовршен ракопис“
- Град“
- „Кино“
- „Човекот кој го уби Либерти Валанс“
- „Антонио кој носи смрт“
- Годзила, морското чудовиште
- Обид за опис на смртта на Рубен Рубеновиќ, поранешен трговец со штофови
- „Трето лице“ (1978)
- „Некои работи нема никогаш да ги дознаеме“
- „Без лица“ (1982)
- „Филм на телевизија“
- „Гарсоњера“
- „Зборовите се нешто друго“
- „Ѕид“
- „He Ain't Heavy, He's My Brother“
Осврт кон делото
уредиОсврнувајќи се на збирката во 2004 година, самиот автор вели дека граматиката во неа е уредна, времеснката рамнина е прецизно одредена, дејството се одвива само во минато време или само во сегашно време, а наспроти привидната разбрануваност, расказите се многу спокојни. Притоа, привидната разбрануваност потекнува од растргнатата форма и од непрекинатите промени низ кои поминуваат расказите во збирката, кои се одликуваат со т.н. формално жонглирање. Во збирката, самата форма ја претставува приказната во која фрагментот е поцелосен од целината, додека тишината и празнините во текстот зборуваат попрецизно од употребените зборови. Со други зборови, збирката може да се опише како поетика на играта и фрагментарноста.[2]