Полупречник

сегмент во круг или сфера од неговата средина до неговиот периметар или површина и неговата должина
(Пренасочено од Радиус)

Полупречник[1][2] или радиус[3][4] на еден круг, кружница или сфераотсечка која се протега од нејзиниот центар до нејзиниот раб. Полупречникот на една кружница или сфера е должината на таа отсечка. Тој претставува половина пречник.[5][6]

  • Еден круг (кружница, сфера) има безброј многу отсечки-полупречници, но сите ја имаат истата должина!
  • Таа должина исто така се вика полупречник. (По дефиниција, кружница е множеството на сите точки кои се со истото растојание R од една точка, т.е. центарот.)
  • Физичка величина за полупречник е должина.
  • За означување на полупречникот на една кружница или сфера се користи буквата R или r или самото растојание.
Кружница со
  пречник D
  полупречник R
  центар на почеток O
Разни означувањa на полупречник на кружницата со соодветен периметар

Соодносот помеѓу полупречникот R и пречникот D на една кружница е

    или    

Соодносот помеѓу полупречникот R и периметарот L на една кружница е

  или   

Соодносот помеѓу полупречникот R и плоштината P на една кружница е

  или  

Обопштување

уреди

Повоопштено, во геометријата, инженерството, теоријата на графови и многу други случаи, полупречникот на нешто (на пр. цилиндар, многуаголник, граф или пак механички дел) е растојанието од неговиот центар или оска на симетрија до неговиот раб. Во овој случај, радиусот може да изнесува повеќе од половина пречник.

Други формули со полупречник

уреди
  • За прeсметување на полупречникот на една кружница која поминува низ три точки  , може да се примени следнава формула:
    каде       е аголот       и       e должината на тетивата AC.

Наводи

уреди
  1. „полупречник“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „полупречник“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. „радиус“Дигитален речник на македонскиот јазик
  4. „радиус“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  5. San Diego State University (2004). „Curves, Polygons and Circles“ (PDF). Oxford University Press. Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-11-18. Посетено на 2014-07-12. (англиски)
  6. Math Open Reference. „Radius of a Circle“. (англиски) интерактивен

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди