Ирина Монфератска

Ирина Монфератска (италијански: Violante degli Aleramici, Jolanda di Monferrato, Irene di Bisanzio; 1273/1274 во Казале Монферато, † 1317 во Драма, блиску до Солун[1][2])) била германска принцеза и византиска царица, втора сопруга на цар Андроник II Палеолог.

Ирина Монфератска
Византиска царица
Печат на Ирина Монфератска
Роден(а)ок. 1274
Починал(а)1317 (на 42–43 г.)
Цариград
СопружникАндроник II Палеолог
ДинастијаПалеолози
ТаткоВилхелм VII
МајкаБеатриче Кастилска

Ирина е родена со името Јоланда во 1274 во Казале Монферато, денешна Италија. Таа била ќерка на Вилхелм VII (1240-1292) и а втората сопруга Беатрис Кастилска (1254-1286). Ирина била внука по мајчина линија на Виоланта Арагонска и кралот Алфонсо X од Кастиља.

Во 1284 година Јоланда била мажена за византискиот цар, Андроник II. За целта го прифатила православието и името Ирина.

Ирина му родила на Андроник II Палеолог четири деца:

Благодарение на овој брак Андроник II подоцна ги добил и правата врз Солунско Кралство, кое веќе половина век било во рацете на Ромејците, но по традиција титулата Крал на Солун продолжувала да ја имаат Монферат, од чиј род во 1204 година биле избрани првите кралеви на Солун. Во 1305 година починал Јован I, брат на Ирина и последен машки претставник на династијата на Монфератите. По неговата смрт за негов наследник бил прогласен синот на Ирина Монфератска, Теодор.

Михаил IX Палеолог, заварениот син на Ирина, станал соцар на Андроник II Палеолог, а синот на Михаил IX, Андроник бил прогласен за наследник на престолот. Оваа ситуација сепак не одговарала на Ирина Монфератска, која се стремила да обезбеди власт за сопствените деца. Во 1303 таа го напуштила Цариград и се населила во Солун. Таму царицата создала сопствен двор, започнувајќи да ги контролира финансиите на градот и во текот на 14 години водела сопствена надворешна политика како самостоен владетел. Никифор Григор ја опишува царицата како амбициозна и арогантна жена.

Ирина Монфератска починала во 1317 година во Драма и била погребана во манастирот Пантократор во Цариград.

Наводи

уреди
  1. YOLANDA di Monferrato, fmg.ac
  2. Violante/Eirene, genealogy.euweb.cz

Надворешни врски

уреди
  • Marek, Miroslav. „A pedigree of the Montferrat family“. Genealogy.EU. Надворешна врска во |publisher= (help)
Ирина Монфератска
Роден(а): ок. 1274 Починал(а): 1317

Предлошка:S-roy

Претходник
Теодора Дукина Ватацина
Византиска царица
1284–1317
со Рита Ерменска (1294–1317)
Наследник
Рита Ерменска