Аделхајд фон Брауншвајг
Аделхајд фон Брауншвајг, позната и како Ирина (германски: Adelheid-Irene von Braunschweig-Grubenhagen, 1293 — 16/17 август 1324) — германска принцеза и византиска царица (1321-1324), прва жена на царот Андроник III Палеолог.
Аделхајд фон Брауншвајг | |
---|---|
Роден(а) | 1293 |
Починал(а) | 16/17 август 1324 Родос |
Благородно семејство | Брауншвајг-Љунебург |
Сопружник(ци) | Андроник III Палеолог |
Татко | Хајнрих I |
Мајка | Агнес фон Мајсен |
Аделхајд била ќерка на Хајнрих I, војводата од Брауншвајг-Љунебург, од родот Велфи и на Агнес фон Мајсен од родот Ветил.
Во март 1318 година Аделхајд била пмажена за Андроник Палеолог (1296 — 1341), најстариот син на византискиот соцар Михаил IX Палеолог и Рита Ерменска. За да се омажи за Андроник, Аделхајд го прифатила православието и името Ирина. Двајцата со Андроник имале еден син (јуни 1320-февруари 1322), кој починал на околу две години.
Во 1321 година избувнала граѓанска војна меѓу Андроник III Палеолог неговиот дедо Андроник II Палеолог. Сопругот на Аделхајд се прогласил за цар на Византија, а Аделхајд била прогласена за негова царица. Таа сепак починала во Родос на 16 или на 17 август 1324 година пред крајот на граѓанската војна. По нејзината смрт Андроник III се оженил повторно за Ана Савојска.
Литература
уреди- Adelheid, "Medieval lands" by Charles Cawley.
- Georgius Phrantzes Liber I, 8, p. 39.
- Ioannes Kantakuzenos Vol. I, I, 10, p. 50.
Аделхајд фон Брауншвајг Роден(а): 1293 Починал(а): 1324
| ||
Претходник Рита Ерменска |
Византиска царица 1321–1324 |
Наследник Ана Савојска |