Врховизмот и борбата на Внатрешната револуционерна организација против него
Врховизмот и борбата на Внатрешната револуционерна организација против него — брошура напишана од истакнатиот македонски социјалист и политичар од Велес Александар Ончев Мартулков. Делото е издадено од Институтот за национална историја во 1946 година во градот Скопје. Брошурата е повеќе познато по тоа што е најстарото дело во новосоздадената социјалистичка Македонија кое дискутира за темата на Врховизмот и нејзините следбеници.
Автор | Алексо Мартулков |
---|---|
Земја | НР Македонија |
Јазик | Македонски |
Предмет(и) | Врховизам Македонската револуционерна организација |
Жанрови | Автобиографија и брошура |
Објавена | Скопје |
Издавач | Институт за национална историја |
Издадена | 1946 |
Информации
уредиВраќањето на Мартулков во Македонија
уредиСе состанавме со нашата емиграција во Софија (Перо Шанданов, Пецо Трајков, Туше Делииванов, Мартулков, Шакир Војвода и др.). Сите тие плачеа од радост и единствената желба им беше што побрзо да се вратат во Македонија. Радосно беше да се гледаат тие наши стари борци кои како деца плачат и се радуваат што го гледаат остварен вековниот сон
За време на Второто заседание на АСНОМ, задржано меѓу 28 и 30 декември 1944 година, еден од истакнатите делегати кој биле поканети е Алексо Мартулков заедно со некои од неговите блиски социјалистички соработници како Ризо Ризов, Димитар Влахов и Крсте Гермов - Шакир. Со поканата од комитетот за свикување на АСНОМ Мартулков конечно имал можност да се врати во Македонија, нешто што неможел да исполни откако ја отпушил земјата во 1920-тите. Тој, заедно со другите македонски активисти во Софија, биле возбудени поради неодамнешниот развој на народната ослободителна борба. Светозар Вукмановиќ како дел од договорот меѓу Илинденската организација во Софија помогнал со финансирањето на патувањата на старите македонски револуционери.
За време на второто заседание на АСНОМ Мартулков ретко зборувал, според повеќето архивирани документи единственото барање што тој го упати до Президиумот на АСНОМ е да го приклучиле Густав Влахов, синот на Димитар Влахов во новата македонска комунистичка влада. Поради големиот почит на Президиумот на АСНОМ кон Мартулков, тие го исполниле неговото барање.[2] За време на второто заседание на АСНОМ Презиумот одлучил да го приклучиле Мартулков во новата владата како пратеник во тогашниот парламент. Според Михаило Лалиќ во статијата „Скопске слике и Контрасти“ кога го прашал Мартулков како се чувствувал кога влегол за прв пат после 30 години во Скопје, Мартулков истакнал:
Кога се вратив во 1945 година и го погледнав Скопје — за мене тоа беше нов град кој на незамислив начин толку брзо се надуе.
— Алексо Мартулков, [3]
Делото
уредиОткако се вратил во Скопје, Мартулков почнал да пишува повеќе брошури за неговиот живот и дејства за време на македонското револуционерно движење. „Врховизмот и борбата на Внатрешната револуционерна организација против него“ не му било неговото единствено дело објавено во 1946 година, во исто период тој го објави и брошурата „Развитокот на социјалистичката мисла пред Илинденското востание“.[4] Повеќето од неговите дела не добија големо внимание и како резултат на тоа се слабо архивирани и не се знае многу за нив освен насловот. Во „Врховизмот и борбата на Внатрешната револуционерна организација против него“ најмногу дискутира за судирите помеѓу Македонската револуционерна организација и Врховистите. Други дискутирани теми се како Јане Сандански ги критикувал за време на Рилскиот конрес и како групата се поделила поради нивното негативно влијание врз револуционерната организација организацијата. Брошурата е повеќе познато по тоа што е најстарото дело во новосоздадената социјалистичка Македонија кое дискутира за темата на Врховизмот и нејзините следбеници.[5]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Писмо од Темпо до ЦК на КПМ (4 декември 2013) од Македонска Нација
- ↑ Александар Христов, Миле Тодоровски и Новица Вељановска (1984). Документи, Том 1, Книга 6. Архив на Македонија. стр. 131–132.
- ↑ Скопске слике и Контрасти (1951) дел од весникот „Борба“ број 250
- ↑ Лапе, Љубен (1953). Илинденски зборник, 1903-1953. Институт за национална историја. стр. 302.
- ↑ Пандевски, Манол (1983). Vnatrešnata makedonska revolucionerna organizacija i neovrhovizmot, 1904-1908. Култура. стр. 22.