Дончо Мирчев
Дончо Мирчев, познат и како Дончо Мирчевски (1889, Велес, Османлиска Империја — 1985, Титов Велес, СР Македонија) — македонски политичар и револуционерен деец,[1] бил еден од делегатите на основачката конференција на ВМРО (Обединета) во градот Велес.[2] Служел како еден од главните членови на иницијативниот комитет на ВМРО (Обединета).[3] Бил близок соработник со Панко Брашнаров.[4] Помогал на НОВМ при НОБ.[5] Тој е најпознат како првиот градоначалник на градот Велес после ослободувањето на градот во време на втората светска војна, неговиот термин траеше од 1944 до 1946.[1] Но пред тоа служел како градоначалник на Велес помеѓу 1920 до 1921.[1] После неговиот втор мандат заради тензиите помеѓу Јосиф Сталин и Јосип Броз Тито со Информбирото тој бил уапсен и пратен во Голи Оток каде што бил во затвор за три години. После тоа во 1953 се врати во Велес, каде што се исклучил од политика и пензионирал. Во 1985 година со 96 години тој починал.[1]
Дончо Мирчев | ||
Роден | 1889 Велес, Османлиска Империја | |
---|---|---|
Починал | 1985 (на 95–96 г.) Титов Велес, СР Македонија, СФРЈ | |
Народност | Македонец |
Биографија
уредиРани години
уредиРоден е во 1889 година во градот Велес како Дончо Иванов Мирчев,[6] тогаш во Отоманска Македонија, во семејството на Јован Мирчев и Марија Мирчева. Заврушува основношколско образование во најстарото велешко основно школо, завршува средношколско образование во велешката гимназија. против своја волја учествувал како војник во бугарската армија во време на балканските војни и Првата светска војна.[1]
Политичка ориентација
уредиПосле војните Мирчев продолжува да живее во Кралството на СХС. После првата светска војна околу 1919 почнувал да се ориентира кон социјалистички и комунистички организации, околу овој период станува член на комунистичката партија на Југославија. Заедно со Панко Брашнаров отвора на главната улица во Велес кафаната „1 мај“, кафеаната се претвори во главно и централно место за комунистичкото движење во Велес, но после тоа бил затворено од страна на Кралството на СХС и строго казнет.[7] Тој после тоа отворил втора кафеана со името „Централ“ каде што и Кочо Рацин бил редовен член.[8] Во март 1920 во Велес биле воведувани демократски избори за кој би бил следниот градоначалник на градот, во изборите биле четири главни кандитати кој што биле: Јовче Џипунов,[9] поранешен учител во велешката гимназија и член во КПЈ од 1912,[10] Никола Цураков, мајстор кој што во иднината станал градоначалник на Велес помеѓу 1924 до 1932,[11] Јанко Шоптројанов, деец на КПЈ и Дончо Мирчев, според извори Дончо Мирчев победил.[1][2] Неговиот мандат траеше помалку од една година.
Помеѓу двете светски војни
уредиПричината за брзиот крај на неговиот мандат било заради тоа што во 29 декември 1920 година владата на СХС најавила одлуката „Обзнана“, со којашто владата забранува дејноста на комунистичката партија. Неколку месеци подоцна во 1921 година е воведувана и Законот за заштита на државата и владата на Мирчев прекинала. Мирчев изјавувал, дека ќе предаде власта само на тој, којшто му ја дал - народот. После 1925 година е подложен на прогон од властите поради нелегална комунистичка дејност и во 1929 година е осуден на 3 години затвор за отпечатване на налегален материјал.[1] После излегувањето од затвор почнал да работи различни работи за да не станал сиромашен, тој бил преработвач и продавач на брашно, чемки и други житни култури во Велес. Купил куќа во селото Милино и во неа отвора дуќан, којшто во време на Втората светска војна е база на комунистичките партизани. Во јули 1944 година Мирчев и Брашнаров формират Нелегален ослободителен комитет, каде што Мирчев станувал негов претседател.[12]
Во Социјалистичка Македонија
уредиПосле ослободувањето на Велес од македонските партизани и заробување на бугарските војски и формирање на нова комунистичка власт во Велес, на 9 ноември 1944 година Дончо Мирчев станал прв претседател на Народноослободителниот комитет на градови (градоначалник) и остава на должност до 1946 година и првиот градоначалник на градот Велес.[1] При неговата мандата тој почнал да воведува новиот кодифициран македонски јазик во школата на Велес и почнал процесот на проширување на градот.[13] Заради прекинувањето на дипломатска соработката меѓу Тито и Сталин и водачот на Резолуцијата на Информбирото за КПЈ во јуни 1948 година, заради тоа во 1950 година Мирчев е уапсен и пратен во камповите на Голи Оток, каде што лежи до 1953 година.[1] После тоа тој се изолирал од политиката на НРМ и повеќе се насочил кон неговиот приватен живот, тој имал жена со 7 деца и неколку внуци. Умира во Велес во 1985 година.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 1,8 Андреевски, Стоилко (2017 г). „Дончо Мирчев е првиот градоначалник на Велес“. Дума.мк. Посетено на 2021 г. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help) - ↑ 2,0 2,1 Најдовска, Јасминка (2006). ИСТОРИЈА HA СЕКОЈДНЕВНИОТ ЖИВОТ ВО ВЕЛЕС МЕЃУ ДВЕТЕ СВЕТСКИ ВОЈНИ. МАГИСТЕРСКИ ТРУД. стр. 66.
- ↑ Дечо Добринов (1993). ВМРО (Обединена). Унив. изд-во "Св. Климент Охридски". стр. 90. ISBN 9789540702292.
- ↑ Komunistička partija Jugoslavije i Vnatresna makedonska revolucionerna organizacija (Obedinata) vo Vardarska Makedonija vo periodot 1920-1930 (1974) od Todor G. Zografski, Dimće A. Zografski (издадена од Institut za nacionalna istorija, страна 136)
- ↑ Апостолски, Михајло (1983). Извори за ослободителната војна и револуција во Македонија 1941-1945: Документи на Комунистичката партија на Југославија и Комунистичката партија на Македонија 1941-1945. Institut za nacionalna istorija. стр. 316.
- ↑ Влахов, Димитар (1945). „Предателите на македонското дело“. Македонска мисъл. София: месечно списание, орган на Македонския Научен Институт, Печатница „Художник“. 1 (3–4): 107.
- ↑ Весковиќ, Вера (2003). Записник од сослушувањето на окривениот Панко Тодоров Брашнаров од УДБа (PDF). Досие Брашнаров. стр. 119.
- ↑ Леов, Јордан (1968). Антологија на болката, романизирана биографија на Кочо Рацин. Мисла. стр. 136.
- ↑ Во српски извори при изборот бил пишан како Јован Џипуновиќ заради српската пропаганда во Македонија, за повеќе информации видете Значајни години во историјата на град Велес (2019) од Љупчо Данов
- ↑ Dimće A. Zografski (1974). Komunistička partija Jugoslavije i Vnatresna makedonska revolucionerna organizacija (Obedinata) vo Vardarska Makedonija vo periodot 1920-1930. Institut za nacionalna istorija. стр. 16.
- ↑ Терзиите кои ги „облекувале“ граѓаните на Велес (2018) од Стоилко Андреевски
- ↑ Значајни години во историјата на град Велес (2019) од Љупче Данов
- ↑ II светска војна и по неа (Архива Велес)