Апел до Македонците во Бугарија (1944)

Апел до Македонците во Бугарија[1] — организиран во 1944 година од 29 познати македонски активисти од Бугарија, од кои голем дел од членовите биле поранешни дејци на ВМРО (Обединета). Голем број од Македонците во Пиринска Македонија биле против строгото владеење на Фашистичката Бугарска држава, поради што активистите организирале апел.[2] Главната задача на апелот била придобивка за помош од македонскиот народ за народното ослободување и обединување на Пиринска Македонија кон новоформираната СР Македонија.[3] Во апелот била изразена и желба за помагање на НОБ во Вардарска Македонија.[4] Апелот станал многу познат меѓу македонското малцинство во Бугарија. ОМО Илинден Пирин, позната македонска организација во Бугарија во 1990-те направила своја верзија на апелот. Целиот апел е зачуван во македонските архиви.[5] Апелот го користел познатото мото „Македонија на Македонците“, редовно користен помеѓу Македонските организации во Софија и Пиринска Македонија.[6] Апелот бил пишан и за прв пат објавен во градот Софија.

Апел до Македонците во Бугарија
Слика од апелот пишан во постар правопис
АвторПоранешни Македонски револуционери од ВМРО (Обединета)
ИздавачВМРО (Обединета)
Издадена
Септември 28, 1944
WebsiteЦелиот апел во Викикниги

Новата влада на Бугарија, со почеток од 9 септември 1944 г. набрзо почнала да организира или укинува различни македонски патриотиски организации во Бугарија. Меѓу нив биле Сојузот на македонските емигрантски организации, Илинденската организација, Македонскиот женски сојуз и Сојузот на македонските младински организации. Судбината на 29 активисти кои што го организирале апелот е разновидна. Некои имале висока политичка сила после војната во Бугарија и во Македонија, додека некои биле затворени, изолирани или убиени. Апелот бил разбирливо неуспешен, неговата главна улога била обединувањето на Пиринска Македонија од Бугарија.

Ѓорѓи Димитров, првиот претседател на Социјалистичка Бугарија со Македонски корени, намеравал со Бледскиот договор да даде независност на Пиринска Македонија, но по неговото починување новиот претседател бил против идеата.

Структура

уреди

Апелот започнува со насловот и реченицата "Драги сонародници",[7][8] а потоа започнува да ја објаснува долгата историја на македонскиот народ под Османлиите и храброста на сите учесници во Илинденското востание. Потоа, именувани се низа познати македонски револуционери, а помеѓу сите нив се и Даме Груев, Гоце Делчев, Димо Хаџи Димов, Ѓорче Петров. Апелот го споменува и македонското прашање каде што ја истакнува разликата помеѓу македонскиот народ и другите народи на Балканот.[9][10]

Апелот декларативно завршува со барањето за сојуз со СР Македонија и разделувањето на Пиринска Македонија од Бугарија. Се истакнува и почитта кон Југословенските партизани и Црвената армија. Во апелот се посакува крај на Фашистичката Бугарска окупација врз Македонија. 29 активисти се потпишале на апелот, сите од нив Македонци:

Број Име
1 Павел Шатев
2 Божин Димитров
3 Иван Поп Јорданов
4 Љубен Манолов
5 Христо Калајџиев
6 Георги Саракинов
7 Александар Мартулков
8 Лазар Поповски
9 Христо Далкалчев
10 Христо Тенчев
11 Петар Шанданов
12 Пецо Трајков
13 Лазар Ашлаков
14 Туше Делииванов
15 Георги Динишев
16 Георги Деспотов
17 Ангел Динев
18 Крсте Гермов
19 Филип Поп Тодоров
20 Димитар Халватџиев
21 Иван Палејков
22 Никола Константинов
23 Лазар Божинов
24 Гоце Грков
25 Васил Христов
26 Борис Михов
27 Туше Влахов
28 Стефан Нанов
29 Михаил Герџиков

Наводи

уреди
  1. Пишан во постар правопис како "Апелъ къмъ Македонцитѣ въ България"
  2. John S. Micgiel (1996). State and Nation Building in East Central Europe, Contemporary Perspectives. Institute on East Central Europe, Columbia University. стр. 301. ISBN 9780965452007.
  3. Robert Ray King (1971). Yugoslav Communism and the Macedonian Question. Archon Books. стр. 92. ISBN 9780208008213.
  4. Институт за национална историја (Skopje, Macedonia) (1984). Гласник на Институтот за национална историја. Institut. стр. 18.
  5. Istorija: spisanie na Sojuzot na društvata na istoričarite na SR Makedonija. Sojuz na društvata na istoričarite na SR Makedonija. 1982. стр. 296.
  6. Cvetkovska, N. (1990). Političkata aktivnost na makedonskata emigracija vo Bugarija od 1918 do 1929 godina. Македонија: Institut za nacionalna istorija. p.39
  7. Апел до Македонците во Бугарија - 1944
  8. Hristo Adonov-Poljansk (1985). Documents on the Struggle of the Macedonian People for Independence and a Nation-state: From the end of World War One to the creation of a nation-state. Kultura. стр. 679.
  9. Macedonian Review, Томови 14 - 15 (1984) од Културен Живот, страна 314
  10. LX, Memoirs of a Jugoslav (1977) од Ване Ивановиќ, страна 315 (издавачка куќа - Harcourt Brace Jovanovich)