Кале (Алдинци)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Кале

Карта

Местоположба 41°46′29″N 21°25′18″E / 41.77472° СГШ; 21.42167° ИГД / 41.77472; 21.42167Координати: 41°46′29″N 21°25′18″E / 41.77472° СГШ; 21.42167° ИГД / 41.77472; 21.42167
Основни податоци
Место Алдинци
Општина Студеничани
Тип

 градиште  опидум


Период доцноантичко време
Портал „Археологија“

Калеархеолошко наоѓалиште кај скопското село Алдинци, Општина Студеничани. Претставува градиште (опидум) од доцната антика.

На 2 км јужно од Планинарскиот дом „Караџица“, на рид со височина од 165 м над утоката на Аљагица (Ејлагица, Алгица) во Кадина Река, на зарамнето плато со површина од 4 хектари се гледаат остатоци од одбранбен ѕид. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, тегули и цевки за довод на вода.

Северно од градиштето, преку реката се наоѓа подградието на чија површина од околу 3 хектари се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди.[1]

Поврзано уреди

  • Муџица — градиште од доцноантичко време

Наводи уреди

  1. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 363. ISBN 9989-649-28-6.