Муџица (Алдинци)
археолошко наоѓалиште во Македонија
Муџица — градиште од доцноантичкото време. На 2,2 километри југоисточно од селото Алдинци и на 1,7 километри југоисточно од планинарскиот дом „Караџица“, на највисоката кота од високиот рид обрасната со шума има зарамнета површина, која е оградена со ѕид граден од камења, без малтер, чии димензии се 60 × 220 метри. По површината се среќаваат фрагменти од ќерамички садови, питоси, тегули и други градежни материјали.[1]
Наводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069