Административни поделби на Југославија
Југославија била административно поделена за време на кралството на покраини, области и бановини, а за време нафедерацијата на републики. Пониски управно-територијални единици биле окрузи (жупании), срезови (котари) и општини.
1918-1922
уредиДо април 1922 година, во кралството постоеле 7 привремени покраини:
- Србија
- Црна Гора
- Босна и Херцеговина
- Далмација
- Хрватска и Славонија (Хрватска, Славонија, Меѓимурје, островот Крк со општината Кастав)
- Словенија (Словенија со Прекмурје)
- Банат, Бачка и Барања
1922-1929
уредиВидовденскиот устава од 1921 година го воспоставил Кралството СХС како унитарна држава, и, од 26 април 1922 година, со 33 нови административни области се управувало од градот околу кој биле основани.. Нова поделба немала врска со претходната. Територијата била поделена на области:
1929-1941
уредиОд 1929 година, по прогласувањето на Кралството Југославије, административно се дели на бановини:
- Дравска Бановина, седиште Љубљана (1929—1941)
- Бановина Хрватска, седиште Загреб (1939—1941)
- Савска Бановина, седиште Загреб (1929—1939)
- Приморска Бановина, седиште Сплит (1929—1939)
- Врбаска Бановина, седиште Бања Лука (1929—1941)
- Дринска Бановина, седиште Сарајево (1929—1941)
- Зетска Бановина, седиште Цетиње (1929—1941)
- Дунавска Бановина, седиште Нови Сад (1929—1941)
- Моравска Бановина, седиште Ниш (1929—1941)
- Вардарска Бановина, седиште Скопје (1929—1941)
- Град Белград, со Земун и Панчево формирале засебна административна единица.
Бановина Хрватска настанала во 1939 година со спојување на Приморска и Савска Бановина, со поедини делови пд Врбаската, Дринската, Зетската и Дунавската Бановина.
1941–1944
уредиВо Втората светска војна, Кралството Југославија било окупирано и поделено меѓу силите на оската. Биле формирани 3 марионетски држави:
- Независна Држава Хрватска
- Италијански протекторат на Црна Горан (подоцна германско окупирана територија Црна Гора)
- Воена управа на Србија (вклучувајќи го независниот германско управуваниот Банат)
Другите делови на Кралството Југославија биле окупирани од германски, италијански, унгарски, бугарски и албански трупи на Оската.
1945-1992
уредиСоцијалистички републики и автономни покраини
уредиСФРЈ била поделена на шест социјалистички републики и на две социјалистички автономни покраини кои биле дел од СР Србија. Главен град бил Белград. СФРЈ ја сочинувале следните републики и покраини:
Територијална организација на републиките
уредиИако уставот на ФНРЈ од 1946 година изречно предвидувал окрузи, нивното постоење било доведено во прашање веќе со првиот Општ закон за народни одбори од 21 мај 1946 година, со тоа што членот 9 на тој закон утврдувал дека помалите републики не морале да имаат окрузи. Потоа сите четири републики кои имале окрузи одлучиле да ги укината со свои закони во текот на 1947 година. Но штом биле укинати окрузите, се осетил нивниот недостаток. Затоа Президиумот на Народното собрание не ФНРЈ на 24 март 1949 година пропишал основање на области во сите републики освен во Црна Гора, како и тоа дека автономните единици Војводина и Косови и Метохија нема да се делат на области. Меѓутоа, и областите биле со краток век, бидејќи биле укинати веќе во 1951 година.[1]
Пред 1955 година постоел дури 338 срезови (вклучени и градови), по што со републички прописи нивниот број бил смален на 107 срезови. Бројот и понатаму им се смалувал, па така на крајот на 1958 година имало 91 срез. На 1 јануари 1960 година имало 75 среза. Во 1957 година во НР Црна Гора биле укинати сите срезови (котари), а потоа, на 31 декември 1959 година, и во Автономната Косовско-метохиска Област. Во Автономната Покраина Војводина во исто време биле задржани само шест среза (котари). Остатокот срезови постепено престанал да постои од 1963 до 1967 година.
- Во Македонија, Словенија и Војводина - 1965.
- Во Босна и Херцеговина - 1966.
- во Хрватска и Србија - 1967.
Срезовите набрзо, во 1974 година, биле заменети со заедници на општини односно меѓуопштински регионални заедници.
-
Поделба на НР Србија на области 1949-1951.
-
Срезови и општини на НР БиХ состојба 12 јули 1955.
-
Меѓуопштински регионални заедници во Социјалистичка Република Србија (1974-1975)
-
Меѓуопштински регионални заедници во Социјалистичка Република Србија (1975-1990)
-
Заедници на општини во Социјалистичка Република Хрватска (1974-1986)
-
Заедници на општини во Социјалистичка Република Хрватска (1987-1990)
Наводи
уреди- ↑ Проф. др Богољуб Милосављевић: ДВА ВЕКА ЛОКАЛНЕ САМОУПРАВЕ У СРБИЈИ: РАЗВОЈ ЗАКОНОДАВСТВА 1804–2014 Архивирано на 25 март 2017 г., Београд, 2015
Литература
уреди- Димић, Љубодраг (2001). Историја српске државности. 3. Нови Сад: Огранак САНУ.
- Radojević, Mira (1991). „Demokratska stranka o državnom preuređenju Kraljevine Jugoslavije (1935-1939)“ (PDF). Istorija 20. veka: Časopis Instituta za savremenu istoriju. 9 (1–2): 37–63.
- Radojević, Mira (1992). „Sporazum Cvetković-Maček i pitanje razgraničenja u Sremu“ (PDF). Istorija 20. veka: Časopis Instituta za savremenu istoriju. 10 (1–2): 61–72.
- Radojević, Mira (1994). „Bosna i Hercegovina u raspravama o državnom uređenju Kraljevine (SHS) Jugoslavije 1918-1941. godine“ (PDF). Istorija 20. veka: Časopis Instituta za savremenu istoriju. 12 (1): 7–41.
- Радојевић, Мира (1995). „Споразум Цветковић-Мачек и Босна и Херцеговина“. Босна и Херцеговина од средњег века до новијег времена. Београд: Историјски институт САНУ. стр. 123–133.
- Radojević, Mira (1996). „Srpsko-hrvatski spor oko Vojvodine 1918-1941“ (PDF). Istorija 20. veka: Časopis Instituta za savremenu istoriju. 14 (2): 39–73.
- Radojević, Mira (2000). „Srpsko-hrvatski spor oko Bosne i Hercegovine i Vojvodine u periodu Kraljevine Srba, Hrvata i Slovenaca“. Dijalog povjesničara-istoričara. 2. стр. 325–339.
- Смодлака, Јосип (1920). Нацрт југословенског устава (PDF). Загреб: Хрватски штампарски завод. Архивирано од изворникот (PDF) на 4 јануари 2019. Посетено на 3 јануари 2019.