Раци

(Пренасочено од Агапи)

Раци (грчки: Αγάπη, до 1927 година Ράτσι, Раци[2]) — село во Гребенско, Егејска Македонија, денес Грција. Според пописот од 2011 година селото брои 26 жители.

Раци
Αγάπη
Раци is located in Грција
Раци
Раци
Координати: 40°04′N 21°34′E / 40.067° СГШ; 21.567° ИГД / 40.067; 21.567
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругГребен
ОпштинаГребен
Најм. вис.&10000000000000500000000500 м
Население (2011)[1]
 • Општ. един.26
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.51100
Повик. бр.24620

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа на околу 20 километри источно од градот Гребен, од левата страна на реката Бистрица, близу до местото каде реката Венетик се влева во неа. Од Калоки е оддалечено 4 километри.

Историја

уреди

За време на Османлиското Царство

уреди

Се претпоставува дека селото било дел од големиот чифлиг Венци.

Во Грција

уреди

За време на Првата балканска војна во 1912 година во селото влегуваат грчки трупи и за време на Втората балканска војна во 1913 година Насинокос станува дел на Кралството Грција.

Во средината на 1920-те години согласно Лозанскиот договор е формирано селото Раци од доселени понтиски Грци бегалци од Турција. Со пописот од 1928 година селото е попишано како целосно бегалско со 7 семејства и 25 жители.[3]

Во 1927 година името на селото е сменето во Агапи (во превод Љубов).

Демографија

уреди

Пописи

уреди

Селото е обновено во 1923 година со населување на бегалски семејства од Турција со вкупно 43 жители, колку што селото броело на пописот во 1928 година.[4]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 91 96 129 119 103 61 58 26
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

уреди

Населението во селото претежно се занимавало со сточарство и сточарски производи.

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ράτσι -- Αγάπη
  3. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  4. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија. 1. Скопје. стр. 128.

Надворешни врски

уреди