Австралиска Плоча
Австралиска Плоча — голема тектонска плоча на источната и, во голема мера, јужната полутопка. Австралија првобитно била дел од древниот континент Гондвана, и останала поврзана со Индиската и Антарктичката сè до пред 100 милиони години кога Индија се отцепила и почнала да се движи на север. Австралија и Антарктикот почнале да се раседуваат пред 96 милиони години[1] и потоа целосно се одвоиле, пред 60 милиони години[2], а можеби и пред 45.[3]
Австралиска Плоча | |
---|---|
Вид | голема |
Површина | 47.000.000 км2 |
Движење1 | североисточно |
Брзина1 | 62–70 мм годишно |
Опфаќа | Австралија, Нова Гвинеја, Нов Зеланд, Индиски Океан |
1Во однос на Африканската Плоча |
Плочата подоцна се соединила со соседната Индиска Плоча под Индискиот Океан, образувајќи една Индоавстралиска Плоча. Меѓутоа, поновите изучувања покажуваат дека двете плочи повторно се одвоиле пред околу 3 милиони години или порано.[4] Австралиската Плоча го опфаќа континентот Австралија (заедно со Тасманија), како и делови од Нова Гвинеја, Нов Зеланд и Индискиот Океан.
Австралиската Плоча, на која лежи Австралија, се движи побргу од другите плочи. Движењето изнесува 6,9 см годишно во северозападен правец и мало свртување вдесно. Стручњаците го прилагодуваат глобалниот положбен систем (ГПС) поради ова движење, кое е побрзо на извесни места.[5][6] Гледајќи ги Индија и Австралија во нивните средишта, Австралија моментално се движи 3 см годишно кон Индија,[7] што одговара на подрачјето на изобличување помеѓу двете плочи.[8]
Опфат
уредиКонтиненталната кора на плочата ја опфаќа цела Австралија, Карпентарискиот Залив, јужна Нова Гвинеја, Арафурско Море и Коралното Море. Ги опфаќа и северозападен Нов Зеланд, Нова Каледонија и Фиџи. Океанската кора го зафаќа југоисточниот дел на Индискиот Океан, Тасмановото Море и Тиморското Море. Австралиската Плоча се граничи (од лево надесно) со Евроазиската, Филипинската, Тихоокеанската, Антарктичката, Африканската о Индиската Плоча. Меѓутоа, познато е дека оваа дефиниција на Австралиската Плоча е за 20 % помалку точна од дефиницијата која ги претполага независно движечките микроплочи Јарчева и Маквориска.[9]
Географија
уредиСевероисточната страна е сложена но начелно приближувачка граница со Тихоокеанската Плоча. Тихоокеанската се подвлекува под Австралиската Плоча, со што се образувани Тонганскиот и Кермадечкиот Ров, како и напоредните островски лакови Тонга и Кермадек. Одговорна е и за издигањето на источните делови на Северниот Остров на Нов Зеланд.
Континентот Зеландија се одвоил од Австралија пред 85 милиони години и се протега од Нова Каледонија на север до Новозеландските Подантарктички Острови на југ, сега е во фаза на расцепување по трансформната граница во Алпскиот Расед.
Јужно од Нов Зеланд границата добива преоден трансформно-приближувачки карактер и наречена е „Маквориско Раседно Подрачје“, каде Австралиската Плоча почнува да се подвлекува под Тихоокеанската долж Пијсегирскиот Ров. На југозапад од овој ров се протега Макворискиот Гребен.
Јужната страна е раздвојувачка граница со Антарктичката Плоча наречена Југоисточноиндиски Гребен.
Подвлечувачката граница низ Индонезија не е напоредна на биогеографската Волесова линија која ги двои домородните животни на Азија од оние на Австралазија. Источните острови на Индонезија лежат претежно на Евроазиската Плоча, но имаат животни и растенија од австралазиски тип. На југоисток се наоѓа Сундската Плоча.
Источно од Индонезија под Индискиот Океан има подрачје на изобличување помеѓу Индиската и Австралиската Плоча, и познато е дека Индија и Австралија не се движат во ист правец на север и почнале повторно да се двојат.[4][7][8][10] Ова подрачје лежи долж северниот Деведесетстепенски Гребен,[7] што значи дека ова подрачје денес е тектонски послабо од местото кајшто Индиската и Австралиската Плоча првично се споиле, подалеку на северозапад.[8] Постои и озибличување во област 1200 км северно од Југоисточноиндискиот Гребен помеѓу Австралиската Плоча и предложената Јарчева Плоча.[9]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ McLoughlin, S. (2001). „The breakup history of Gondwana and its impact on pre-Cenozoic floristic provincialism“. Australian Journal of Botany. 49 (3): 271–300. doi:10.1071/BT00023. Посетено на 21 мај 2023.
- ↑ „ODSN Plate Tectonic Reconstruction Service“. Посетено на 24 мај 2023.
- ↑ „New Look at Gondwana's Breakup“. Livescience.com. 6 јули 2013. Посетено на 25 декември 2015.
- ↑ 4,0 4,1 Stein, Seth; Sella, Giovanni; Okai, Emile A. (2002). „The January 26, 2001 Bhuj Earthquake and the Diffuse Western Boundary of the Indian Plate“ (PDF). Plate Boundary Zones. Geodynamics Series. American Geophysical Union. стр. 243–254. doi:10.1029/GD030p0243. ISBN 9781118670446. Посетено на 26 декември 2015.
- ↑ Howard, Brian Clark (23 септември 2016). „Australia Is Drifting So Fast GPS Can't Keep Up“. National Geographic. Архивирано од изворникот 27 февруари 2021.
- ↑ "Australia Is Not as Down Under as Everyone Thinks It Is" by Michelle Innis, September 23, 2016, NY Times.
- ↑ 7,0 7,1 7,2 Delescluse, Matthias; Chamot-Rooke, Nicolas (2007). „Instantaneous deformation and kinematics of the India–Australia Plate“. Geophysical Journal International. 168 (2): 818–842. Bibcode:2007GeoJI.168..818D. doi:10.1111/j.1365-246X.2006.03181.x. S2CID 52998637.
- ↑ 8,0 8,1 8,2 Delescluse, Matthias; Chamot-Rooke, Nicolas; Cattin, Rodolphe; Fleitout, Luce; Trubienko, Olga; Vigny, Christophe (26 септември 2012). „April 2012 intra-oceanic seismicity off Sumatra boosted by the Banda-Aceh megathrust“. Nature. 490 (7419): 240–4. Bibcode:2012Natur.490..240D. doi:10.1038/nature11520. PMID 23023134. S2CID 205230868.
- ↑ 9,0 9,1 DeMets, C; Gordon, RG; Argus, DF (2010). „Geologically current plate motions“. Geophysical Journal International. 181 (1): 1–80. Bibcode:2010GeoJI.181....1D. doi:10.1111/j.1365-246X.2009.04491.x.
- ↑ Yue, H.; Lay, T.; Koper, K. (2012). „En échelon and orthogonal fault ruptures of the 11 April 2012 great intraplate earthquakes“. Nature. 490 (7419): 245–249. Bibcode:2012Natur.490..245Y. doi:10.1038/nature11492. PMID 23023129. S2CID 4375902.