Континентална кора
Континентална кора — слој од магматски, седиментни и метаморфни картпи кој ги сочинува геолошките континенти и подрачјата на плитко морско дно близу бреговите, наречени континентални прагови. Овој слој понекогаш се нарекува сиал бидејќи изобилува со алуминиумски силикати (Al-Si) и има помала густина во споредба со океанската кора наречена сима бидејќи побогата со магнезиумски силикати (Mg-Si). Брзинските промени на сеизмичките бранови покажале дека на извесна длабочина (Конрадовиот дисконтинуитет) се јавува прилично реска разлика помеѓу пофелзичната горна и долната континентална кора, која има помафичен карактер.[1]
Кората се состои од разни слоеви, чија маса има претежно преоден состав (SiO2 теж% = 60,6[2]). Просечната густина на континенталната кора изнесува околу 2,83 г/см3,[3] помала од онаа на ултрамафичниот материјал кој го сочинува плаштот, чија густина е околу 3,3 г/см3. Конеиненталната кора е помалку густа од океанската, чија густина изнесува 2,9 г/см3. Со дебелина од 25-70 км, континенталната кора е значително подебела од океанската, чија просечна густина се движи од 7 до 10 км. Околу 40 % од површината на Земјата[4] и 70 % од зафатнината на Земјината кора отпаѓа на континенталната кора.[5]
Најголемиот дел од континенталната кора е суво копно над морското ниво. Значаен исклучок е кората на подрачјето на Зеландија, која е 6 % копнена (претежно територијата на Нов Зеланд), а дури 94 % се потопени под Тихиот Океан.[6]
Важност
уредиБидејќи површиниа на континенталната кора главно се наоѓа над морето, нејзиното постоење овозможило разој на копнени животни кои еволуирале од морски. На неа се должи и постоењето на пространите плитки водни површини наречени еперични (копнени) мориња и континенталните прагови каде имало поволни услови за развојот на сложени организми за време на раниот палеозоик — камбриумската екплозија.[7]
Потекло
уредиЦелата континентална кора води потекло од стопен материјал од плаштот (претежно базалт) по пат на фракционално издвојување (со кристализација) на стопениот балазт и претопување на постоечка кора. Уделот на секој од овие два процеса е спорен, но се смета дека главната улога ја играло фракционалното издвојување.[8] Овие процеси се јавуваат главно кај магматските лакови поврзани со подвлекувањето.
Нема докази за постоењето на континентална кора постара од 3,5 милијарди години.[9] Околу 20 % од денешната зафатнина на континенталната кора се образувале пред 3,0 милијарди години.[10] Релативно брз развој доживеале штитните подрачја сочинети од континентална кора помеѓу 3,0 и 2,5 милијарди години во минатото.[9] Во овој временски интервал се создадени околу 60 % од нејзината денешна зафатнина.[10] Останатите 20 % се образувани во изминатите 2,5 милијарди години.
Застапниците на хипотезата на мирување велат дека зафатнината на континенталната кора останала иста по првичното брзо планетарно раслојување на Земјата, и дека денес забележаната старосна распределба произлегува чисто од процесите кои воделе до образувањето на кратони (деловите од кората згуснати во кратони потешко се преработуваат од тектонските сили).[11] Меѓутоа, ова гледиште не е нашироко прифатено.[12]
Делувачки сили
уредиЗа разлика од постојаноста континенталната кора, големината, обликот и бројот на континентите постојано се менува со текот на времето. Различни предели се раседуваат, судираат и преспојуваат во рамките на големиот суперконтинентален сицклус.[13]
Денешната континентална кора зафаќа 7 милијарди км3, но оваа количина не останува иста во подолги временски размери, зависно од тоа какви сили делуваат врз неа. Релативната постојаност на континенталната кора се разликува од кратковечноста на океанската. Бидеќи континенталната е помалку густа од океанската, кога нивните активни граници ќе се сретнат во зони на подвлекување, океанската обично се подвлекува назад во плаштот. Континенталната ретко се подвлекува (ова се случува кога два блока од континентлна кора ќе се судрат и прекумерно задебелат, предизвикувајќи длабоко топење под планинските појаси како Хималаите или Алпите). Од оваа причина најстарите карпи на земјата се во кратоните или јадрата на континентите, а не го постојано рециклираната океанска кора; најстариот остаток од неизменета кора е акастанскиот гнајс (4,01 милијарди годни), а најголемата океанска кора (на Тихоокеанската Плоча кај полуостровот Камчатка) е од јурата (≈180 милиони години), иако може да постојат постари мали остатоци во Средоземното Море од пред 340 милиони години.[14] Континенталната кора и карпестите слоеви кои се сместени на или во неа служат како најдобриот архив на историјата на Земјата.[4][15]
Висината на планинските венци обично е поврзана со дебелината на кората. Ова доаѓа од изостазијата поврзана со орогенезата (планиниобразбата). Кората се задебелува поради натисните сили од подвлекување или континентален судир. Пловноста на кората ја тера да оди нагоре, а силите на сударното напрегање се урамнотежуваат од гравитацијата и ерозијата. Ова образува кобилица или планински корен под венецот, каде се наоѓа најдебелата кора.[16] Најтенката континентална кора се среќава во раседните зони, каде кората се тенчи со отцепното раседнување и на крајот се отцепува, па бива заменета со океанска кора. Рабовите на вака настанатите континентални откршоци (на пр. обете страни на Атлактскио Океан) се нарекуваат пасивни граници.
Високата температура и големиот притосок во длабочините, заедно со долгата историја на сложенио изобличување, предизвикуваат метаморфност кај долната континентална кора. Значаен исклучок се интрузиите наречени плутони, кои се многу понови. Магматската карпа може да се прилепи оздола на кората и со тоа да ја задебели.
Континенталната кора се создава и (многу поретко) уништува претежно по пат на тектонските процеси, особено на приближувачки граници на плочите. Покрај тоа, корниот материјал преминува во океанската кора со нанесување (седиментација). Новиот материјал може да дојде со делумно топење на океанската кора во зоните на подвлекување, предизвикувајќи го полесниот материјал да се искачи како магма, и така да создаде вулкан. Материјалот може да се лачи и хоризонтално кога вулканските островски лакови, подводните планини и слични структури ќе се судрат со страната на континентот при тектонските движења. Континенталната кора се губи со ерозија и таложно подвлекување, тектонска ерозија на предлачни басени, деламинација и длабока подвлекување на кората во судирни подрачја.[17] Многу од теориите за зголемување на кората се спорни. Под расправа се теми како стапката на нејзиниот раст и рециклажа, дали долната се рециклира различно од горната кора, и колкав дел од историјата на Земјата е тектонска, а со тоа дали тектониката е главен начин на образување и уништување на континенталната кора.[11]
Спорно е дали континенталната кора со текот на времето се зголемува, намалува или останува иста. Еден модел укажува на тоа дека до пред 3,7 милијарди години континенталната кора имала зафатнина само 10 % од денешната.[18] Пред 3,0 милијарди години таа нараснала на 25 %, а потоа пред 2,6 милијарди години следел брз раст до 60 % од денешната количина.[19] Растот се чини дека се одвивал во изблици на зголемена активност, што одговара на петте епизоди на зоглемена корообразба низ геолошката историја.[20]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ McGuire, Thomas (2005). „Earthquakes and Earth's Interior“. Earth Science: The Physical Setting. AMSCO School Publications Inc. стр. 182–184. ISBN 978-0-87720-196-0.
- ↑ Rudnick, R.L.; Gao, S. (1 јануари 2014). „Composition of the Continental Crust“. Treatise on Geochemistry (англиски). стр. 1–51. doi:10.1016/B978-0-08-095975-7.00301-6. ISBN 9780080983004.
- ↑ Christensen, Nikolas I.; Mooney, Walter D. (1995). „Seismic velocity structure and composition of the continental crust: A global view“. Journal of Geophysical Research: Solid Earth (англиски). 100 (B6): 9761–9788. Bibcode:1995JGR...100.9761C. doi:10.1029/95JB00259. ISSN 2156-2202.
- ↑ 4,0 4,1 Cogley 1984.
- ↑ Hawkesworth и др. 2010.
- ↑ Mortimer, Nick; Campbell, Hamish J. (2017). „Zealandia: Earth's Hidden Continent“. GSA Today. 27: 27–35. doi:10.1130/GSATG321A.1. Архивирано од изворникот 17 февруари 2017.
- ↑ Waggoner, Ben; Collins, Allen. „The Cambrian Period“. University of California Museum of Paleontology. Посетено на 30 ноември 2013.
- ↑ Klein, Benjamin; Jagoutz, Oliver (1 јануари 2018). „On the importance of crystallization-differentiation for the generation of SiO2-rich melts and the compositional build-up of arc (and continental) crust“. American Journal of Science (англиски). 318 (1): 29–63. Bibcode:2018AmJS..318...29J. doi:10.2475/01.2018.03. ISSN 1945-452X. S2CID 134674805.
- ↑ 9,0 9,1 Hart, P. J. (1969). Earth's Crust and Upper Mantle. American Geophysical Union. стр. 13–15. ISBN 978-0-87590-013-1.
- ↑ 10,0 10,1 McCann, T. (2008). The Geology of Central Europe: Volume 1: Precambrian and Palaeozoic. London: The Geological Society. стр. 22. ISBN 978-1-86239-245-8.
- ↑ 11,0 11,1 Armstrong 1991.
- ↑ Taylor & McLennan 2009.
- ↑ Condie 2002.
- ↑ „World's oldest ocean crust dates back to ancient supercontinent“.
- ↑ Bowring & Williams 1999.
- ↑ Saal и др. 1998.
- ↑ Clift & Vannuchi 2004.
- ↑ von Huene & Scholl 1991.
- ↑ Taylor & McLennan 1995.
- ↑ Butler 2011.
Надворешни врски
уреди- Просечен состав на континенталната кора (англиски)
- Кора 5.1 (англиски)
- Развој на континенталната кора (англиски)
- Светска карта на континенталната кора[мртва врска] (англиски)