Новозеландски Подантарктички Острови
Новозеландски Подантарктички Острови (англиски: New Zealand Subantarctic Islands) — петте најјужни групи на оддалечените острови на Нов Зеланд, заштитени како светско наследство на УНЕСКО.[1] Расположени се по јужниот раб на стариот потопен континент Зеландија, раседен од Австралија пред 60–85 и од Антарктикот пред 130-85 милиони години.
Сè до 1995 г. во метеоролошката станица на Кемпбеловиот Остров трајно престојуваленаучни истражувачи, но оттогаш островите ги посетуваат само повремени научни екипи и туристи. Островите се следниве:
- Антиподски Острови: главниот остров и островот Болонс, Приветрените Острови, Орд Лис, Заветрен Остров, Саут Ајлет, како и помали карпи
- Оклендски Острови: Окленд, Адамсов Остров, Дисапојнтмент, Ендерби, Јуинг и Роуз и помали карпи
- Баунти: две мали групи островчиња, Западната и Источната, како и помали карпи
- Кемпбелови Острови: Кемпбеловиот Остров како главен, мали карпи и островчиња околу него, вклучувајќи ја најјужната точка на Нов Зеланд, островот Жакмар.
- Снерс: Североисточен Остров, Висок Остров, Бротон, Алерт Стак, Тахи, Руа, Тору, Фа и Рима, како и помали карпи
Делат извесни особености со австралискиот остров Маквори на запад.
Нов Зеланд воено се повикува, over several на неколку острови недалеку од антарктичкото копно, чија сопственост е во задршка согласно Антарктичкиот договор:
- Росов Остров и остатокот од Росовиот Архипелаг
- Балени: Јанг, Бакл и Стерџ и неколку помали островчиња
- Рузвелтов Остров
- Скот и Хагитс Пилар
Од сите нив, само Росовиот Остров има научен кадар распореден во неколку истражувачки станици, од кои попознати се Макмердовиот Теснец и базата „Скот“.
Заштитата на резерватот е зајакната во 2014 г. со што островите станале најголемото природно прибежиште во земјата.[2]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ New Zealand Sub-Antarctic Islands - UNESCO World Heritage Centre
- ↑ „New Subantarctic marine reserves established“. Television New Zealand. 2 March 2014.
Надворешни врски
уреди„Новозеландски Подантарктички Острови“ на Ризницата ? |