Раздвојувачка граница

Раздвојувачка граница (разидувачка, дивергентна или конструктивна граница) — граница помеѓу две тектонски плочи кои се оддалечуваат една од друга. Раздвојувачките граници на континентите првично предизвикуваат раседи, кои потоа стануваат раседни долини. Најактивните раздвојувачки плочни граници се јавуваат помеѓу океански плочи и постојат како средноокеански гребени.[1][2]

Континентално-континентална раздвојувачка граница.
Океанска раздвојувачка граница: средноокеански гребен (пресек)

Денешните истражувања покажуваат дека дека сложеното струење во Земјиниот плашт му овозможува на материјалот да се искачи до основата на литосферата под секоја раздвојувачка плочна граница.[3] Ова носи огромни колучества на топлина и намалување на притисокот, поради што доаѓа до топење на карпата од астеносферата (или горниот плашт) под раседното подрачје, образувајќи големи базалтни прекривки или лавини текови. Секој избув се случува само во еден дел на плочната граница, но кога ќе се случи, тој ја полни отворената празнина создадена од меѓусебното оддалечување на двете противположни плочи.

Со текот на милиони години тектонските плочи може да се оддалечат стотици километри од обете страни на раздвојувачка плочна граница. Поради ова, карпите најблиску до границата се помлади од оние подалеку од неа на истата плоча.

Опис

уреди
 
Мост преку раседната долина Аулвагјау во југозападен Исланд, која е дел од границата помеѓу Евроазиската и Северноамериканската Плоча.

Во раздвојувачките граници двете плочи се меѓусебно се оддалечуваат и просторот што го отвораат се полни со нов корен материјал добиен од стопената магма што се создава долу. Потеклото на новите раздвојувачки граници во тројни точки понекогаш се смета за поврзан со појавата наречена врели точки. Тука мошне големи врзивни ќелии носат многу големи количества на врел астеноферски материјал близу површината, а присутната кинетичка енергија се смета за доволна да ја расцепи литосферата.

Во океанската литосфера раздвојувачките граници се одликуваат со раседи во океанските гребени како Средноатлантскиот и Источнотихоокеанскиот Гребен, а во континенталната литосфера со раседни долини како познатата Голема Раседна Долина во Источна Африка. Раздвојувачките граници можат да создадат огромни раседни подрачја во системот на океански гребени. Ширењето не е рамномерно, па така кога ширењето е различно во соседни гребенски блокови доаѓа до создавање на трансформи раседи. Ова се преломни подрачја кои се главен причинител на подводни земјореси. На карта на морското дно тие се гледаат како необични шари од квадратести структури одделени од линеарни обележја нормални на гребеновата оска. Морското дно помеѓу преломните подрачја може да се замисли како подвижни ленти кои го носат гребенот на секоја страна од раседот, оддалечувајќи го од центарот на ширење. Сртовите на старите гребени напоредни на тековно ширечкиот центар се постари и подлабоки (од топлинско собирање и тонење на земјиштето).

Клучниот доказ за ширењето на морското дно се средноокеанските гребени. Геомагнетните извидувања од воздух покажале чудна шара од симетрични магнетни превртувања на спротивните страни на гребенските средишта. Оваа шара е премногу закономерна за да биде случајна, со блиско совпаѓање на ширините на противположните појаси. Научниците ги проучувале поларните превртувања и оваа врска ја направиле Лоренс В. Морли, Фредерик Џон Вајн и Драмонд Х. Метјус во т.н. Вајн-Метјус-Морлиева хипотеза. Магнетните ленти непосредно се совпаѓаат со поларните превртувања на Земјата. Ова е потврдено со мерење на староста на карпите во секој појас. Појасењето ни дава временско-просторна карта на стапката на ширење и поларните превртувања.

Примери

уреди
 
Карта на поважните плочи на Земјата (раздвојувачките граници се покажани со црвени и розови линии).

Други видови на плочни граници

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Langmuir, Charles H.; Klein, Emily M.; Plank, Terry (2013). „Petrological Systematics of Mid-Ocean Ridge Basalts: Constraints on Melt Generation Beneath Ocean Ridges“. Mantle Flow and Melt Generation at Mid-Ocean Ridges. Geophysical Monograph Series. стр. 183–280. doi:10.1029/GM071p0183. hdl:10161/8316. ISBN 9781118663875.
  2. Sinton, John M.; Detrick, Robert S. (1992). „Mid-ocean ridge magma chambers“. Journal of Geophysical Research. 97 (B1): 197. Bibcode:1992JGR....97..197S. doi:10.1029/91JB02508.
  3. Toshiro Tanimoto; Thorne Lay (7 ноември 2000). „Mantle dynamics and seismic tomography“. Proc. Natl. Acad. Sci. U.S.A. 97 (23): 12409–10. Bibcode:2000PNAS...9712409T. doi:10.1073/pnas.210382197. PMC 34063. PMID 11035784.