Безмијалем султан
Безмијалем султан (1807 - 2 мај 1853) — сопруга на османлискиот султан Махмуд II и валиде султан на нејзиниот син Абдул Меџит I.
Безмијалем султан | |
---|---|
Гробот на Безмијалем султан | |
Роден(а) | Suzi 1807 Кавказ, Отоманско Царство |
Починал(а) | 2 мај, 1853 (на 45–46 г.) Долмабахче, Цариград |
Почивалиште | Гробот на Махмуд II |
Живеалиште | Долмабахче |
Народност | Грузија |
Познат(а) по | Валиде султан |
Вера | јудаизам, подоцна ислам |
Сопружник | Махмуд II |
Деца | Абдул Меџит I |
Родители | Леон[1] |
Според некои извори таа имала руско потекло и била Евреинка, роденото име и било Сузи, а нејзниот татко се викал Леон.[1]. Според други пак таа имала грузиско потекло[2][3][4].
Во времето кога нејзиниот син станал султан таа ја зазела позицијата валиде султан и тоа во периодот од 1839 до 1851 година. Во текот на нејзиното владеење таа имала политичко влијание и често нејзиниот син и неговите министри ја консултирале за државните работи.
Таа е позната по своето покровителство и изградба на неколку објекти како на пример летната палата во Јилдиз и џамијата Долмабахче.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Ali Kemal Meram, "Padişah anaları", 1977 p. 399 (турски)
- ↑ „Bezmi Alem Valide Sultan, Gürcistan Dostluk Derneği“. Архивирано од изворникот на 2013-11-02. Посетено на 2013-02-09.
- ↑ „Bezmiâlem Valide Sultan, Bezmiâlem Vakıf Üniversitesi Tıp Fakültesi Hastanesi“. Архивирано од изворникот на 2012-06-06. Посетено на 2013-02-09.
- ↑ The Private World of Ottoman Women by Godfrey Goodwin, 2007, стр .157