Џон Драјден

(Пренасочено од Џон драјден)

Џон Драјден (9 август 16311 мај 1700) — влијателен англиски поет, литературен критичар, преведувач и драмски писател кај кого доминира литературниот живот на обновената Англија до таа мера што периодот стана познат во литературните кругови како Време на Драјден.Валтер Скот го именува него како „Славниот Џон“. Toj беше поет лауреат во 1688 година.

Џон Драјден
Занимањепоет, литературен критичар , драматург
Значајни делаАвесалом и Ахитофел, МакФлекној
Џон Драјден,1675 година

Раниот живот

уреди

Драјден е роден во селото Алдвинкол во близина на Трапстон во Нортемптоншир, каде што неговиот дедо (по мајка) бил парох на црквата „Сите свети“. Тој бил најстариот од четиринаесетте деца на Ерасмус Драјден и неговата сопруга Мери Пикеринг. Тој бил внук на Сер Ерасмус Драјден I Баронет (дедо од страна на татко му) (1553-1632) и неговата сопруга Френсис Вилкс, пуритански земјопоседник кој ја поддржувал пуританската кауза и Парламентот. Тој исто така бил втор братучед на Џонатан Свифт. Како момче, Драјден живел во селото во близина на Тичмарш, Нортемптоншир каде најверојатно го стекнал своето прво образование. Во 1644 бил испратен во училиштето Вестминстер како кралски ученик, каде управник бил д-р Ричард Базби, шармантен но и способен учител и строг воспитувач. Повторно основан од Елизабета I, за ова време Вестминстер опфаќал многу различен религиозен и политички дух охрабрувајќи го ројализмот и високото англиканство. Каков и да бил одговорот на Драјдeн на ова, тој го почитувал управникот и подоцна ги испрати своите двајца синови да се школуваат во Вестминстер. Многу подоцна, по неговата смрт, куќата во Вестминстер била основана во негово име.

Како хуманистичко граматичко училиште, Вестминстер работело по програма која ги обучува учениците во уметноста на реториката и презентација од две странци на дадено прашање за дебатирање . Ова е вештина која ја стекнал Драјден и ќе има влијание на неговото пишување и размислување подоцна, кога ги изложува овие дијалектни шеми. Програмата на Вестминстер, исто така, вклучувала неделни преводи и задачи кои го развиле капацитетот на Драјден за асимилација. Ова исто така било изложено во неговите подоцнежни дела. Неговите години во Вестминстер не биле досадни и неговата прва објавена поема, елегија со силно ројалистичко чувство за смртта на неговиот школски пријател Хенри Лорд Хејстингз, кој починал од сипаници, алудира на погубувањето на Кралот Чарлс I, на 30 јануари 1649 година.

Во 1650, Драјден се запишува на Колеџот Тринити, Кембриџ. Тука ќе го искуси враќањето на религиозните и политичките обичаи од неговото детство: деканот на Тринити бил пуритански проповедник по име Томас Хил, кој бил парох во селото на Драјден. Иако има малку карактеристични информации за годините пред да дипломира, тој сигурно ја следел стандардната програма на класици, реторика и математика. Во 1654 тој дипломирал помеѓу најдобрите таа година во Тринити. Во јуни истата година татко му на Драјден му остава малку земја за преработување за скромен приход, но не доволно за живеење.

Пристигнувајќи во Лондон за време на Протекторатот, Драјден добил работа со државниот секретар на Кромвел, Џон Трули. Оваа работа можеби била резултат на влијанието во негова полза од Лордот Чејмберлин, Сер Гилберт Пикеринг, братучед на Драјден. Драјден бил присутен на погребот на Кромвел на 23 ноември 1658, каде што беа пуританските поети Џон Милтон и Ендру Марвел. По некое време тој ја објави неговата прва поема, Херојски строфи (1658), слава за смртта на Кромвел која е претпазлива и внимателна во изложувањето на емоциите. Во 1660 Драјден ја славеше реставрацијата на монархијата и враќањето на Чарлс II со Астраеа Редукс, со автентично ројалистичко воздигнување. Во ова дело, паузата е илустрирана како време на анархија и Чарлс е оној што го реставрира мирот и редот.

Подоцнежен живот и кариера

уреди

По Реставрацијата, Драјден набрзо се докажа себеси како водечки поет и литературен критичар во негово време и ги пренасочи неговите вредности до новата влада. Покрај Астраеа Редукс, Драјден му посака добредојде на новиот режим со уште две воспевања: На неговото свето височество: Воспевање на неговото крунисување (1662), и На мојот господар Канцелар (1662). Овие поеми сугерираат дека Драјден се додворувал, но тој тврдел дека заработува со пишување, не за аристократијата, туку само за издавачите. Овие и други негови не-драмски поеми, се наменски, т.е. тие слават државни настани. Тие се повеќе напишани за нацијата отколку за себе и поетот лауреат (како што ќе биде подоцна) има обврска да напише неколку годишно. Во ноември 1662 Драјден бил предложен за членство во Ројалистичкото општество и бил избран за ран член. Драјден не бил неактивен во општествени збиднувања и во 1666 бил избркан за неподмирување на неговите долгови.

На 1 декември 1663 Драјден се оженил за ројалистка, сестра на Сер Роберт Хауард – Лејди Елизабет. Делата на Драјден повремено содржат експлозија и изливи против бракот, но исто така содржат и негово славење. Но, малку се знае за интимната страна од неговиот брак. Лејди Елизабет му роди три сина и го надживеа.

Со повторно отворање на театрите по пуританската забрана, Драјден бил зафатен со пишување драми. Неговата прва драма, „Дивиот галант“ се појавила во 1663 и не била успешна, но имала повеќе успех, и во 1668 тој потпишал договор за поставување на три претстави годишно за Кралската компанија, каде што исто така требало да стане акционер. Во текот на 1660-те и 70-те, пишувањето за театарот беше негов главен извор на приход. Тој го водеше патот до комедијата на реставрација, неговото најдобро дело е „Бракот а ла Мод„ (1672) како и херојската трагедија и обична трагедија, каде што негов најголем успех е „Се за љубов“ (1678). Драјден никогаш не бил задоволен со неговото пишување за театарот и често предлагал дека неговиот талент бил попусто потрошен на безвредна публика. Сепак, тој добивал поетска слава надвор од сцената. Во 1667, истото време кога неговата драмска кариера започна, тој ја објави „Анус Мирабилис“, долга историска поема која ги опишува настаните од 1666, англиската победа над холандската морска флота и големиот пожар во Лондон. Современата модерна поема во пет стиха во четири строфи, го прослави како истакнат поет на неговата генерација и таа е клучна за неговото стекнување на позицијата поет Лауреат (1668) и кралски историограф (1670).

Кога се затворија театрите во 1665 поради Големата Чума во Лондон, Драјден се повлекол во Вилтшајер каде што ја напишал Драматична поезија (1668), дискутабилно најдобрата од неговите несистематични воведи и есеи. Драјден константно ја бранеше својата практика во литературата и Драматична поезија, најдолгото од неговите критички дела, е во облик на дијалог каде што четирите ликови, секој заснован на значаен современик, со Драјден како "Неандер" – ги дебатира заслугите на француската и англиската класична драма. Поголем дел од неговите критички дела воведуваат проблеми кои е желен да ги дискутира и да покаже работата на писател со независно мислење, кој се залага силно за своите идеи, идеи кои ја демонстрираат неверојатната ширина на неговото читање. Чувставата негови беа големи за односот на поетот со традицијата и креативниот процес и негова најдобра херојска драма Aureng – zebe (1675) има вовед кој ја најавува употребата на рима во сериозна драма. Неговата драма „Се за љубов“ (1678) е напишана во слободен стих, и следува веднаш по Aureg – Zebе.Во 1679 тој бил нападнат во алејата во близина на неговиот дом во Ковент Гарден од силеџии од страна на Џон Вилмот со кого тој имал долгогодишен конфликт.

Најголемите успеси на Драјден беа во сатирски стих: херојско – комичен „Mac Flecknoe“, уште поголем личен производ од неговите години на Лауреат, бил ракопис пуштен да кружи како напад на драмскиот писател Томас Шедвел. Главната цел на Драјден во делата е да го "сатиризира Шедвел" за неговите прекршоци против литературата, но веднаш можеме да претпоставиме за неговата навика на негово вознемирување во театарот и во печатот.’ Не е тоа омаловажувачка форма на сатира, но повеќе форма која го прави неговиот предмет поголем на неочекуван начин, префрлајќи го потсмевот во поезијата. Оваа практика на сатира продолжи со Абсалом и Архитофал (1681) и Медалот (1682). Неговите други поголеми дела од овој период се религиозните поеми Религио Лаичи (1682), напишана од позицијата член на Англиската Црква, неговото издание од 1683 на Животот на Плутарх преведен од грчки од неколкумина каде го претстави зборот биографија до англиските читатели, Кошута и пантер (1687) дело кое го слави неговото преминување во римокатолицизам.

Кога во 1688 Џејмс ја изгуби позицијата, одбивањето на Драјден да земе заклетва за верност во неговата нова влада го остави надвор од милоста на судот. Томас Шадел го замени како поет Лауреат, а Драјден бил присилен да ги напушти неговите јавни должности и да заработува со пишување. Драјден преведувал дела од Хорас, Јувенал, Овидиј,Лукрециј и Теокрит, задача која му била правела повеќе задоволство отколку да пишува за театарот. Во 1694 започнал да работи на неговото најамбициозно и дело кое ќе ја дефинира неговата кариера како преведувач, Делата на Вергилиј (1697) кое било објавено со прилог. Објавувањето на преводот на Вергилиј бил национален настан и му донело на Драјден сума од 1.400 фунти. Неговите последни преводи се појавиле во книгата Антички и модерни басни (1700) серија епизоди од Хомер, Овидиј и Бокачо, како и современи адаптации од Џефри Чосер испреплетени со поемите на Драјден. Предговорот за Басни се смета како големо дело на критиката и еден од најфините есеи на англиски јазик. Како критичар и преведувач тој бил важен и потребен правејќи ги достапни книжевните дела на класичните јазици пред англиската јавност.

Драјден починал во 1700 и е закопан во манастирот Вестминстер. Тој бил предмет на разновидни поетски пофалби како што се Луктус Британичи: Солзите на Британските музи; За смртта на Џон Драјден (Лондон, 1700) и Деветте музи.

Репутација и влијание

уреди

Драјден беше доминантна и влијателна литературна фигура во негово време. Тој го основа херојскиот двостих како стандардна форма на англиската поезија пишувајќи успешни сатири, религиозни дела, приказни, епиграми, комплиментни воведи и драми а, исто така, ги вовел александринецот и триплетот како форми. Во неговите поеми, преводи и критики, тој воспостави дикција соодветна на херојскиот двостихОден го сметаше за "мајсторот на средниот стил" – кој беше модел за неговите современици и за повеќето од 18 век. Значителната загуба од неговата смрт што ја почувствува англиската литературна заедница беше очигледна од елегиите кои ги инспирира. Херојскиот двостих на Драјден стана доминантна поетска форма во 18 век. Највлијателниот поет во 18 век, Александар Поуп, бил под големо влијание на Драјден и често позајмувал од него, а други писатели подеднакво биле под влијание на Драјден и Поуп. Поуп јавно го пофали стихотворството на Драјден во неговата имитација на Epistla II.i на Хорас: "Драјден ги учеше да ги сврзат/разновидната пауза, полниот величествен стих, / долгиот величествен марш, и енергетската совршеност." Семјул Џонсон го сумира основниот став со неговиот коментар дека "почитта со кое неговото име е изговорено од секој создавач на англиската литература, нему му е наменето бидејќи го усоврши јазикот ги подобри чувствата и ги наштима броевите на англиската поезија". Неговите поеми биле многу читани и често се наведени, на пример, во Том Џонс и есеите на Џонсон. Џонсон, исто така, забележува дека "Тој е, со целата негова разновидност на извонредност, не често патетичен и има толку малку сензибилност за сила на чисто природните возбуди, што тој не ги цени кај други. Едноставноста не му даваше задоволство". Во првата половина од 18 век ова не му пречеше многу, но во подоцните генерации, ова се сметаше како грешка.

Еден од првите напади на репутацијата на Драјден доаѓа од Вордсворт, кој истакнува дека описот на природни предмети кај Драјден во неговите преводи од Вергилиј се многу инфериорни во однос на оригиналните. Сепак, неколку современици на Вордсворт како што се Џорџ Креб, Лорд Бајрон и Волтер Скот (кој ги уредуваше делата на Драјден), сè уште беа љубители на Драјден. Сепак, Вордсворт се восхитува на многу поеми од Драјден, и неговиот позната ода Интимност на бесмртноста му ја должи на стилот од „Празникот на Александар“ од Драјден. На Џон Китс му се допаднаа Fables и ги имитира во неговата поема Ламија. Подоцнежните писатели од 19 век имале мала корист од сатира во стих, било од Поуп или Драјден. Метју Арнолд славно ги отстрани како "класици на нашата проза". Тој имал обожавател, Џорџ Сејнтсбури, кој бил важна фигура во книги на цитати како на Бартлет, но следниот поет кој бил заинтересиран за Драјден бил Т.С. Елиот, кој напиша дека овој бил "предводник на скоро сè што е најдобро во поезијата од осумнаесеттиот век" и дека не можеме целосно да уживаме или точно да ги процениме цтоте година на англиската поезија освен доколку потполно не уживаме во Драјден. Но, во истиот есеј, Елиот го обвинува Драјден за тоа што имал "површен ум". Критичкиот интерес за Драјден се зголеми, но како што истакнува релативно искрениот писател Вилијам Емпсон, друг современ обожавател на Драјден, кој ја спореди неговата "јасна" употреба на јазикот со интересот на Дан во одекнувања и вдлабнатини на зборови делата на Драјден не даваат повод за толку интерес како оние на Ендрју Марвел или Џон Дан или на Поуп. Се претпоставува дека Драјден бил првиот човек кој предложил англиските реченици да не завршуваат со предлози затоа што било против правилата на латинската граматика.

Поетски стил

уреди

Тоа што го постигна Драјден во неговата поезија не е емоционалната возбуда што ја наоѓаме кај поетите во Романтизмот во раниот XIX век, ниту интелектуалните комплексности на метафизичките поети. Неговиот предмет на обработка е фактички и има цел да ги изрази своите мисли на најпрецизен најсконцентриран начин. Иако употребува формални поетски структури како што се херојски строфи и херојски двостих, тој се обиде да го постигне ритамот на говорот. Тој, сепак, знаел дека различни предмети имаат потреба од различни стихови и во неговиот вовед на Религио Лаичи напишал: "…изразот во поецна што е напишана само за поучување треба да биде едноставен и природен, но сепак величествен".

Библиографија

уреди
Едиции
  • The Works of John Dryden, 20 vols., ed. H. T. Swedenberg Jr. et al., (Berkeley and Los Angeles: University of California Press, 1956–2002)
  • John Dryden The Major Works, ed. by Keith Walker, (Oxford: Oxford University Press, 1987)
  • The Works of John Dryden, ed. by David Marriott, (Hertfordshire: Wordsworth Editions, 1995)
  • John Dryden Selected Poems, ed by David Hopkins, (London: Everyman Paperbacks, 1998)
Биографија
  • Winn, James Anderson. John Dryden and His World, (New Haven: Yale University Press, 1987)
Современа критика
  • Eliot, T. S., ‘John Dryden’, in Selected Essays, (London: Faber and Faber, 1932)
  • Hopkins, David, John Dryden, ed. by Isobel Armstrong, (Tavistock: Northcote House Publishers, 2004)
  • Oden, Richard, L. Dryden and Shadwell, The Literary Controversy and 'Mac Flecknoe (1668–1679), (Scholars' Facsmilies and Reprints, Inc., Delmar, New York, 1977)

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди
 
Викицитат има збирка цитати поврзани со:
Дворски функции
Претходник
Вилијам Давенант
Поет-лауреат на Англија
1668–1689
Наследник
Томас Шадвел
Претходник
Џејмс Хауел
Кралски историограф на Англија
1670–1689
Наследник
Томас Шадвел