Џон Китс (31 октомври 1795 — 23 февруари 1821 година) — англиски романтичарски поет. Заедно со Лорд Бајрон и Перси Бисши Шели, тој бил еден од клучните фигури во втората генерација на романтичарското движење, и покрај тоа што неговите дела биле објавени само четири години пред неговата смрт. Иако неговите поеми не биле општоприфатени од страна на критичатрите во текот на живото, неговата репутација се зголемила по неговата смрт до тој степен што конкрајот на 19 век, тој станал еден од најсаканите англиски поети. Тој имал значително влијание врз поети и писатели од различни домени, како на пример: Хорхе Луис Борхес изјавил дека неговата прва средба со Китс било најзначајното литературно искуство во неговиот живот.

Поезијата на Китс се одликува со сензуална метафоричност, најзабележителна во серија на оди. Денес, неговите поеми и писма се едни од најпознатите и најанализираните во англиската литература.

Биографија — рано детство

уреди

Џон Китс е роден во Мургејт, Лондон на 31 октомври 1795 година, како син на Томас и Франсис Џенингс Китс. Китс и неговото семејство се чини дека го забележале неговиот роденден на 29 октомври, меѓутоа, податоците од крштевањето го даваат 31 како датум на раѓање.[1][2] Тој бил најстариот од четирите деца што преживеале. Џорџ (1797–1841 година), Томас (1799–1818 година) и Франсис Мери - „Фани“ (1803–1889 година).[3] Друг син бил загубен во детството. Татко му прво работел како коњушар[4] во коњушниците споени со гостилниците Сван и Хуп , каде што подоцна семејството се задржало неколку години. Китс верувал дека е роден во гостилницата, скромно место на раѓање, но не постојат докази за да се потврди оваа теорија.[2] Денес, семејството Китс во пабот Глоуб го зазема местото на неколку јарди од современата станица Мургејт.[5] Тој бил крстен во св. Ботолф-без-Бишопсгејт и како дете, бил испратен во месното училиште.[1][6]

Неговите родители сакале да ги испратат своите синови да учат во Итон или Хероу, но не можеле да си ја дозволат школарината.[7][8][9] Така во 1803 година, тој бил испратен во одборот на училиштето на Џон Кларк во Енфилд, во близина на куќата на баба му. Малото училиште имало либерален поглед и прогресивна наставна програма, посовремена од поголемите и попрестижни училишта.[10] Во семејната атмосфера на Кларк, Китс развил интерес за класици и за историја, кои ќе го следат во текот на животот. Синот на директорот, Чарлс Кауден Кларк, имал големо влијание, како ментор и пријател, го вовел Китс во ренесансната литература, вклучувајќи ги Тасо, Спенсер и преводите на Чепмен. Китс е опишуван како променлив карактер, „секогаш во крајности“, оддаден на мрзеливост и тепачки. Меѓутоа, на 13 години, тој започнал да ја насочува својата енергија кон читање и учење, со освојувањето на првата академска награда кон средината на летото во 1809 година.[10]

Во април 1804 година, татко му на Китс починал кога имал осум години, откако си го скршил черепот, паѓајќи од неговиот коњ, кога се враќал од посетата на Џон и неговиот брат Џорџ во училиштето.[11] Томас починал без да остави тестамент. Френсис се премажила по два месеци, но набрзо потоа, го напуштила новиот сопруг, а четирите деца отишле да живеат со баба им, Елис Џенингс во селото Едмонтон.[12]

Во март 1810 година, кога Китс имал 14 години, мајка му починала од туберкулоза оставајќи ги децата под старателство на баба им. Таа назначила двајца старатели да се грижат за нив, Ричард Абеј и Џон Сендел. Есента, Китс го напуштил училиштето на Кларк за да чиракува кај Томас Хемонд, хирург и аптекар, сосед и лекар на семејството Џенингс и се сместил на таванот над ординацијата на седмата Црковна улица сè до 1813 година.[2] Кауден Кларк, кој му останал близок пријател на Китс го опишал ова како „најмирниот“ дел од животот на Китс.[13]

Рани почетоци

уреди

Во 1814 година, Китс имал две наследства оставени за него сè до неговиот 21 роденден, 800 долари од наследени од дедо му Џон Џенингс (околу 34 000 во денешни пари), да бидат еднакво распределени помеѓу нејзините живи деца.[2][14] Изгледа нему не му било кажано за ниедно, откако тој никогаш не се обратил за било кои пари. Историски гледано, честопати вината била префрлана на Абеј како законски старател, но тој можеби и не бил свесен за тоа.[15] Вилијам Волтон, адвокат на мајка му и баба му на Китс, дефинитино знаел и имал должност да му ги пренесе информациите на Китс. Изгледа тој не го направил тоа. Парите секогаш му биле голема грижа и тешкотија, во борбата да не се задолжува и да се пробие самостојно во светот.[2]

Обуката на Китс му одземала голем дел од неговото време за пишување, па така тој почнал да се колеба околу неговата кариера во медицината. Тој се соочил со тежок избор. Првата поема која преживеала била „Имитација на Спенсер“ (An Imitation of Spenser), напишана во 1814 година, кога Китс имал 19 години. Сега, силно воден од амбицијата, инспириран од неговите колеги поети, како што се, Ли Хант и Бајрон и опседнат од семејните финансиски кризи, тој претрпел периоди на депресија. Брат му напишал дека: „Џон се плашеше дека не треба никогаш да стане поет, и ако не стане ќе се уништи самиот себеси“. Во 1816 година, Китс ја добил лиценцата за аптекар, која го окфалификувала за аптекар., физичар и хирург, но пред крајот нагодината, му соопштил на неговиот старател дека се одлучил да стане поет, а не хирург. Иако продолжил со работата и со обуката кај Гај, Китс голем дел од времето посветувал на проучување на литературата, експериментирајќи со формите на стихховите, особено со сонетите од тоа време. Во мај 1816 година, Ли Хант се согласила да го објави сонетот „О, самотијо“ (O Solitude) во неговото списание „Егзаминер“, водечко либерално списание на тоа време. Тоа е прватa објавување на поемите на Китс во печат и Чарлс Каудн Кларк го спомнува како ден за паметење на неговиот пријател, прв доказ за сериозните амбиции на Китс. Тогаш ја започнал Calidore и ја започнал ерата на неговото прекрасно книжевно пишување. Кога се враќал од Лондон, се сместил на ул. Дин бр: 8 во Саутварк и се подготвувал за понатамошно проучување со цел да стане член на Кралското здружение на хирурзи. Во октомври, Кларк го запознал Китс со влијателниот Хант, кој бил близок пријател на Бајрон и Шели. Пет месеци подоцна, следува „Поеми“ (Poems), бил објавен првиот том стихови на Китс, кој ги вклучувал и „Стоев на прсти“ (I stood tiptoe) и „Спиење и поезија“ (Sleep and Poetry), од кои и двете биле под силно влијание на Хант. Тие биле критикувани како неуспех, побудувајќи мал интерес, иако Рејнолдс им дал поволни критики во „Чемпион“, Кларк изјавил дека книгата „можеби излегла во Тимбакту“. Издавачите на Китс, Чарлс и Џејмс Олије, се чувствувале засрамено од книгата. Китс веднаш потоа ги сменил издавачите со Тејлор и Хеси на ул. Флит. За разлика од браќата Олије, новите издавачи на Китс биле вљубеници во неговата работа. По еден месец, од објавата на „Поеми“, тие планирале нов том од Китс и му платиле однапред. Хеси му станал постојан пријател на Китс и ги направил просториите на компанијата достапни за да се среќаваат младите писатели. Нивните издавачки листи ги вклучуваат Колриџ, Хејзлит, Клер, Хог, Карлајл и Лемб. Кај Тејлор и Хеси, Китс се запознал со нивниот адвокат кој студирал на Итон, Ричард Вудхаус. Вудхаус, кој ги советувал издавачите во однос на литератуни, како и правни прашања, бил длабоко импресиониран од „Поеми“. Иако забележал дека Китс ќе биде „своеглав, треперлив и лесно преплашуван “, Вудхаус бил убеден во генијалноста на Китс, поет кој треба да се поддржува, бидејќи станал еден од најголемите писатели во Англија. Набрзо откако се сретнале, двајцата станале блиски пријатели и Вудхаус почнал да ја прибира „Китсијана“ (Keatsiana), документирајќи колку што може повеќе за поезијата на Китс, архива која преживеала како еден од главните извори на информации за целата работа на Китс. Предлогот за Китс му бил отфрлен од страна на Бозвел и Џонсон, непрестајно промовирајќи ги делата на писателот, борејќи се за неговиот агол, мотивирајќи ја неговата поезија да се вивне кон поголеми височини. На крај, Вудхаус ќе биде еден од малкуте кои ќе го придржуваат Китс до Грејвсенд за да го почне последното патување до Рим. Покрај лошите критики на „Поеми“, Хант го објавил есејот „Тројца млади поети“ (Шели, Китс и Рејнолдс) и сонетот „Прва анализа на Чапмановиот Хомер“, тој исто така предвидувал големи нешта за во иднина. Тој го запознал Китс со многу значајни луѓе во неговото опкружување, вклучувајќи го и уредникот на Тајмс, Томас Барнс, писателот Чарлс Лемб, диригентот Винсент Новело и поетот Џон Хамилтон Рејнолдс, кој ќе му стане близок пријател. Тој исто така редовно се среќавал и со Вилијам Хејзлит, моќна личност од книжевноста во тоа време. Тоа била одлучувачка пресвртна точка за Китс, поставувајќи го во очите на јавноста како водечка фигура што Хант го нарекол „нова поетска школа“. Во тој период, Китс му пишувал на неговиот пријател Бејли: „Јас во ништо не сум уверен како во светоста на срцевата наклонетост и реалноста на имагинацијата. Она што имагинацијата го зграпчува како Убавина, мора да биде вистинито.“ На крај, ова ќе се премине во завршните стихови на „Ода за грчка урна“: „Убавината е вистина, убавина на вистината – тоа е се / што знаете на земјата и сè што треба да знаете“. Во почетокот на декември, под опојното влијание на неговите пријатели уметници, Китс му рекол на Абеј дека одлучил да се откаже од медицината во полза на поезијата и за да го разбесни Абеј. Китс потрошил многу повеќе на медицинската обука и земал неколку големи заеми коишто не можел да си ги дозволи. Откако ја напуштил обуката во болницата, претрпел серија настинки и несреќен со животот во влажните соби во Лондон, Китс се вселил кај неговите браќа во Вел Вок бр:1 во селото Хемпстед во април 1817 година. Џон и Џорџ го негувале нивниот брат Том, кој боледувал од туберкулоза. Куќата била во близина на Хант и другите од неговиот круг во Хемпстед, како и на Колриџ, кој бил почитуван како постар од првиот бран на романтичарски поети. Во тој период, тој се запознал со Чарлс Вентворт Дилке, Џејмс Рајс и Бенџамин Бејли. Во јуни 1818 година, Китс започнал тура со пешачење низ Шкотска, Ирска и Лејк Дистрикт со неговиот пријател Чарлс Армитејџ Браун. Братот на Китс, Џорџ и неговата жена Џеорџина ги придржувале сè до Ланкастер и потоа продолжиле до Ливерпул од каде двојката ќе емигрира во Америка. Тие живееле во Охајо и во Луисвил, Кентаки сè до 1841година, кога му пропаднале инвестициите на Џорџ. Како и постариот брат на Китс, тие умреле без скршен денар и измачувани од туберкулоза. Не постоело ефикасен третман на болеста сè до 1921 година. Во јули, додека престојувал на осторвот Мјул, Китс фатил лоша настинка и бил прмногу слаб и во грозница за да продолжи со патувањето.“ По неговото враќање на југот во август, Китс продолжил да го лекува Том, изложувајќи се самиот себеси на инфекција. Некои биографи велат дека, токму тогаш туберкулозата, неговата „семејна болест“ за првпат пуштила корени. Том Китс починал на 1 декември 1818 година.

Вентворт Плејс

уреди

Џон Китс се преселил во новоизградениот Вентворт Плејс, чијшто сопственик бил неговиот пријател Чарлс Армитејџ Браун. Тој бил на крајот од Хемпстед Хит, на десет минути пеш јужно од неговиот стар дом во Вел Вок. Во зимата 1818 – 19 година, иако било тежок период за поетот и го одбележува почетокот на неговата исклучителна година (annus mirabilis) во која ги напишал своите најсозреани дела. Тој бил инспириран од серија на неодамнешни предавања на Хејзлит за англиските поети и поетскиот идентитет и исто така го сретнал Вордсворт. Китс можеби им се чинел на неговите пријатели дека има добри приходи, но, всушност, тој редовно позајмувал од Абеј и неговите пријатели. Тој напишал пет од шесте негови најзначајни оди во Вордсворт Плејс во април и мај, и иако е дискутабилно за тоа по кој редослед се напишани, „Ода за Психа“, ги започнува објавените серии. Според Браун, „Ода за славејот“ била напишана под едно сливово дрво во градината. Браун напишал: „Во пролетта 1819 година, еден славеј си го изградил гнездото во близина на мојата куќа. Китс почувствувал спокој и континуирана среќа во неговата песна, а едно утро, си ја премести столицата од масата за појадок на тревата под сливово дрво, каде што седеше два или три саати. Кога влезе во куќата, забележав дека во раката држеше некои парчиња хартија. По долго барање, ги пронајдов тие парчиња хартија, четири или пет на број, кои ги содржеа неговите поетски чувства за песната на нашиот славеј.“ Дилке, косопственикот на куќата, енергично ја демантираше приказната, отпечатена во биографијата на Милнес од 1848 година за Китс, отфрлајќи го како чиста илузија. „Ода за грчка урна“ и „Ода за меланхолијата“ биле инспирирани од сонетни форми и веројатно биле напишани по „Ода за славејот“. Новите и прогресивни издавачи на Китс, тејлор и Хеси го објавиле „Endymion“, којшто Китс го посветил на Томас Четертон, дело кое го именувал како „Тестирање на моите моќи на имагинацијата“. Тоа било уништено од критичарите, давајќи му повод на Бајрон за саркастичен одговор дека, на крајот на краиштата, Китс го „згаснале“ со една статија, сугерирајќи дека тој никогаш не ја преболел. Еден особено строг осврт на Џон Вилсон Крокер излегол во изданието од април 1818 година на „Куартерли Ривју“. Џон Гибсон Локхарт пишувајќи за Блеквудс Магазин, го опишал „Endymion“ како тресење глупости на смирен начин. Со зајадлив сарказам, Локхарт советувал: „Подобра и попаметна работа е да се биде изгладнет аптекар, отколку изгладнет поет, па врати и се на продавницата г – дине Џон, врати и се на фластерите, на апчињата и на кутиите за помади.“ Токму Локхарт беше тој што го сковал клеветничкиот поим за „Школата Кокни“ во Блеквудс за Хант и неговиот круг, кој го вклучуваше Хејзлит и Китс. Отфрлањето било како политичко, така и литературно, насочено кон новопечените млади писатели кои биле сметани за груби поради недоволното образование, неформално римување и „слаб стил". Тие не оделе во Итон, Хероу или Оксбриџ и не потекнувале од повисоките општествени слоеви. Во 1819 година, Китс ја напишал „Вечерта наспроти св. Агнес“, „Безмилосната Убавицата“, „Hyperion“, „Ламија“ и „Ото“ (кои биле критички осудувани и не биле драматизирани сè до 1950 година). Поемите „Фенси“ и „Поети на страста и смеата“ биле инспирирани од градината во Вентворт Плејс. Во септември, со малку пари и очаен, размислувал да работи како новинар или на место на бродски хирург, тој им се пристапил на издавачите со новата книга со поеми. Тие не биле воодушевени со колекцијата, увтврдувјќи дека приложената верзија на „Ламија“ била збунувачка, а „св. Агнес“ ја опишале со чувство на зајадливо разочарување и на Донжуански стил на мешање на чувства и потсмевања, донесувајќи заклучок дека поемата е „несоодветна“ за дамите. Последниот том кој Китс доживеал да го види, „Ламија“, „Изабела“, „Вечерта наспроти св. Агнес“ и други поеми, конечно биле објавени во јули 1820 година.Тој бил прифатен со поголемо воодушевување, отколку „Endymion“ или „Поеми“, со поволни критики во „Егзаминер“ и „Единбург Ривју“. Ќе го признаат како едно од најзначајните поетски дела некогаш објавени. Музејот на Китс е сместен во Вентворт Плејс. Изабела Џоунс и Фани Броун Китс се спријателил со Изабела Џоунс во мај 1817 година, додека бил на одмор во селото Бо Пип во близина на Хејстингс. Таа била опишувана како убава, талентирана и многу читана, не била меѓу најбогатите во општеството, но сепак, била финансиски обезбедена, загадочна личност која станала дел од кругот на Китс. За време на нивното пријателство, Китс никогаш не се двоумел во нејзината сексуална привлечност, иако се чини дека повеќе уживале да се вртат во круг, отколку да се обврзат. Тој пишува дека ги „посетувал“ нејзините соби во зимата 1818–19 година, а во неговите писма до Џорџ вели дека „се загревал“ со неа и дека ја „бакнувал“. Нејасно е колку биле блиски, но Бејт и Гитингс велат дека љубовните состаноци можеби претставувале почеток на сексуалноста за Китс. Најголемото значење на Џоунс можеби било инспирација и управител во пишувањето на Китс. Темите во „Вечерта наспроти св. Агнес“ и „Вечерта наспроти св. Марко“ можеби исто биле предложени од неа, стихот „Тивко, тивко!“ [„о, драга Изабела“] бил посветен за неа. Во 1821 година, Џоунс била еден од првите во Англија кои биле известени за смртта на Китс. Писма и верзии на поеми упатуваат на тоа дека Китс прво ја запознал Франсис Фани Броун помеѓу септември и ноември 1818 година. Веројатно е дека 18 – годишната Броун го посетила смејството Дилке во Вентворт Плејс пред таа живее таму. Таа е родена во срцето на Вест Енд (денес во округот на Вест Хемпстед), на 9 август 1800 година. Како татко му на Китс и нејзиниот дедо држел гостилница во Лондон и двајцата загубиле неколку членови во семејството од туберкулоза. Таа имала исто име како мајка му и сестра му на Китс, а имала и талент за создавање фустани и за јазици, како и природна дарба за театар. Во текот на ноември 1818 година, таа одржувала интимен однос со Китс, но бил засенет од болеста на Том Китс којшто Џон го негувал во текот на овој период. На 3 април 1819 година, Броун и нејзината мајка вдовица се вселила во другата половина на Вентворт Плејс на Дилке, а Китс и Броун можеле да се гледаат секој ден. Китс почнал да позајмува книги од Броун, како „Пеколот“ на Данте, а и читале заедно. Тој и го дал љубовниот сонет „Светла ѕвезда“ (можеби и го променил за неа) како изјава на љубов. Тоа било работа во тек, која тој ја продолжил сè до последните месеци од неговиот живот, а темата достигнала да биде поврзана со нивната врска. „Сите негови желби беа насочени кон Фани.“ Од оваа точка не постои понатамошно документирано спомнување на Изабела Џоунс. Некаде пред крајот на јуни , тој постигнал одредено разбирање со Броун, далеку од формална обврска, бидејќи тој сè уште имал многу малку да понуди, со никакви надежи и финансиска стега. Китс претрпел голем конфликт знаејќи си ги очекувањата како поет што мака мачи да преживее во сè поголеми тешкотии, ќе го спречи неговиот брак со Броун. Нивната љубов останала неконзумирана, љубомората кон неговата „ѕвезда“ почнала да го имачува. Мрак, болест и депресија го опкружувале, одразени во поемите како „Вечерта наспроти св. Агнес“ и „Безмилосната Убавица“, каде љубовта и смртта скришум се прикраднуваат. „Јас имам две луксузности на кои размислувам додека се шетам“, тој и пишувал на нејзе, „... твојата убавина и часот на мојата смрт“. Во едно од многуте стотици забелешки и писма, Китс и напишал на Броун на 13 октомври 1819 година: „Мојата љубов ме направи себичен. Не можам да постојам без тебе – Заборавам на се, само повторно да те видам – Се чини мојот живот запира овде – Се растопувам – Треба да бидам многу беден без надежта дека повторно ќе те видам... Вчудовиден бев оти луѓето може да умрат како жртви на религијата – Се згрозив од тоа – Не се згрозувам повеќе –Би можеле да ме мачат поради религијата – Љубовта е моја религија – Би можел да умрам за тоа – Би можел да умрам за тебе.“ Туберкулозата почнала да делува и докторите му советувале да се пресели на потопла клима. Во септември 1820 година, Китс заминал за Рим знаејќи дека веројатно никогаш повеќе нема да ја види Броун. Откако заминал, тој не се чувствувал способен да и пишува или да ди чита нејзините писма, но сепак, тој се допишувал со нејзината мајка. Тој починал по пет месеци. Ниедно од писмата на Броун за Китс не преживеало, тој побарал нејзините писма да бидат уништени по неговата смрт. Требало да помине еден месец за веста за неговата смрт да пристигне во Лондон, по која што Браун носела црнина за него шест месеци. Во 1833 година, по повеќе од 12 години по неговата смрт, таа се омажила и имала три деца, надживувајќи го Китс повеќе од 40 години. Филмот „Светла ѕвезда“ од 2009 година во сценарио и режија на Џејн Кампијон се фокусира на врската на Китс со Фани Броун.

Последните месеци во Рим

уреди

Во текот на 1820 година, Китс покажувал сè повеќе сериозни знаци на туберкулоза, кога претрпел две белодробни крварења во првите неколку денови на февруари. Тој загубил големи количини на крв и бил од дежурниот лекар. Хант го негувал во Лондон сè до наредното лето. На напомена од неговите лекари, тој се согласил да се пресели во Италија со неговиот пријател Џозеф Северн. На 13 септември, тие заминале за Грејвсенд и четири дена подоцна се качиле на едрилицата „Марија Краутер“, каде ги направил крајните промени на „Светла ѕвезда“. Патувањето било малку катастрофално, избувнало невреме проследено од целосен мир, кое што го забавило движењето на бродот. Кога конечно впловиле во Неапол, бродот бил ставен во карантин поради сомневање за избувнување на колера во Британија. Китс пристигнал во Рим на 14 ноември, до кога секоја можна надеж за потопла клима по која трагал исчезнала. Китс го напишал последното писмо за Чарлс Армитејџ Браун на 30 ноември 1820 година: „Најтешко ми е да пишувам писмо. Состојбата во мојот стомак продолжува да се влошува, што чувствувам дека е полошо ако отворам некоја книга, сепак се чувствувам многу подобро отколку кога бев во карантин. Потоа стравувам да наидам на нешто добро и лошо по мене во Англија. Имам вообичаено чувство за тоа дека мојот вистински живот поминал и дека имам посмртна егзистенција.“ Тој се преселил во вила на Спениш Степс, денешната спомен – куќа на Китс и Шели. И покрај грижата на Северн и д-р Џејмс Кларк, неговото состојба нагло се влошувала, а медицинската нега што ја добивал можеби ја забрзала неговата смрт. Во ноември 1820 година, Кларк изјавил дека неговата болест потекнувала од „ментален напор“, а изворот бил главно сместен во неговиот стомак. Кларк конечно дијагностицирал скапаност (туберкулоза) и го изгладнувал Китс со инчун и парче леб дневно, со надеж дека ќе се намали протокот на крв во неговиот желудник. Тој го искрварил поетот, стандарден дневен третман, кој веројатно значително придонесувал во ослабнувањето на Китс. Пријателот на Китс Браун пишува: „Тие можеле да употребат опиум во мали дози, и Китс го замолил Северн да купи шишенце опиум кога тргнувале на патувањето. Она што Северн не го сфатил, било тоа дека Китс го видел како можно срдство доколку сака да изврши самоубиство. Тој се обидел да го земе шишенцето од Северн на патувањето, но тој не му го дал. Потоа повторно се обидел во Рим. Северн бил во толкава дилема, не знаел што да прави, па така, на крај, отишол на лекар кој му ја прекинал. Како последица на тоа, Китс поминал низ ужасни болки без ништо што би му ја олеснило болката. На 10 декември, Северн се вратил од рана прошетка и го разбудил Китс. Веднаш потоа, поетот започнал да кашла и да повраќа крв, околу две шолји. Го побарале Кларк и брзо го искрварил. Загубата на крв го онесвестила и го збунила Китс. Кога заминал Кларк, Китс станал од креветот, се тетеравел низ собите и му рекол на Северн: „Ова ќе биде мојот последен ден.“ Северн се стравувал од обид самоубиство и го сокрил секој остар предмет што би можел да го најде, иако и лауданумот којшто му бил препишан од Кларк. Китс бил во делириум во остатокот од денот, сè до обилната загуба на крв и крварењето кои го довеле до смирување. Во текот на наредните девет дена, тој претрпел петкратна обилна загуба на крв и континуирани искрварувања од Кларк. Докторот постојано го посетувал и го ставал на строга диета, главно само на риба. Китс молел за јадење, верувајќи дека го изгладнувале. Кларк немал надеж дека че се опорави и му го признал тоа на Китс. Мислите на поетот повторно се свртиле кон самоубиство и го молел Северн за лауданум, прво апелирајќи на личниот интерес на Северн, но тој го одбил. Китс се налутил, се разбеснил поради тоа што Северн го одржувал во живот против негова волја. Во моментот кога Северн не си верувал на самиот себеси, му го подал шишенцето на Кларк, Китс му се обратил на докторот со прашањето: „Уште колку ќе трае овој мој посмртен живот?“

Смртта

уреди

Почетокот на 1821 година, бил одбележан со бавно и стабилно опаѓање на во последниот стадиум на туберкулозата. Китс искашлувал крв и бил прекриен со пот. Северн го негувал со предаденост и забележал во писмо како Китс понекогаш се будел плачејќи затоа што бил сè уште жив. Северн пишува: „Китс беснее додека јас целосно се тресам нас него... Околу четири часот, смртта се наближуваше. Китс рече: „Северн, јас, подигниме, ќе умрам со лесно, не плаши се, биди цврст, и фала му на Бога дојде.“ Го подигнав во моите раце. Слузата ми се чини му зовриваше во грлото, а стана уште поголема до 11 часот, кога тој сè повеќе тонеше во смртта, толку мирно, што помислив дека спие.“ Џон Китс почина на 23 февруари 1821 година и беше закопан на Протестантските гробишта во Рим. Неговото последно барање било да го закопаат под неименувана надгробна плоча, која ги содржела само зборовите (во пентаметар): „Овде почива оној чиешто име беше испишано во водата.“ Северн и Браун ја подигнале плочата, која со олеснување на лира со скинати жици, го содржи епитафот: „Овој гроб / соджи сè што беш смртно / за еден / млад англиски поет / кој / на смртна постела, во огорченоста на неговото срце / кон злонамерната моќ на неговите непријатели / посакал / овие зборови да бидат врежани на неговата надгробна плоча : / Овде почива оној / чиешто име беше испишано во водата. 24 февруари 1821 година“ Постои несовпаѓање од еден ден помеѓу официјалниот датум на смртта и оној на надгробната плоча. Северн и Бран додале стихови во знак на протест против критичкиот прием на делата на Китс. Хант ја префрлил вината на понижувачкиот напад на „Куартерли Ривју“ за „Endymion“. Како што Бајрон духовито забележал во неговата наративна поема „Дон Жуан“: „Tis strange the mind, that very fiery particle Should let itself be snuffed out by an article.“ (2 канто, 60 строфа) Седум недели по погребот, Шели го споменал Китс во неговата поема „Адонис“ (Adonaïs). Кларк присуствувал на засадувањето на маргаритки на гробот, велејќи дека Китс би го сакал тоа. Во прилог на јавното здравје, италијанските власти за здравство го запалиле мебелот во собата на Китс, ги срушиле ѕидовите, поставиле нови прозорци врати и под. Пепелта на Шели, еден од најревносните шампиони на Китс, е закопана на гробиштата и Џозеф Северн е закопан веднаш до Китс. Опишувајќи го местото денес, Марш пишува: „Во стариот дел на гробиштата, одвај имало место кога го закопале Китс овде, а денес има јапонски зимзелени дрвја, миртови грмушки, трендафили и ќилими од диви трендафили.“

Прием

уреди

Кога Китс починал на 25 – годишна возраст, тој сериозно пишувал поезија само шест години од 1814 година до летото 1820 година, а објавил само колку за четири години.Во текот на неговиот живот, продажбата на трите тома поезија веројатно достигнала само 200 копии. Неговата прва поема, сонетот „О, самотијо“ се појавила во „Егзаминер“ во мај 1816 година, додека неговата колекција „Ламија, Изабела, Вечерта наспроти св. Агнес и други поеми“ (Lamia, Isabella, The Eve of St. Agnes and other poems) била објавена во јули 1820 година, пред неговата последна постеа на Рим. Компресијата на неговото поетско творештво и зрелост за толку краток временски период е само една извонредна страна од работата на Китс. Иако бил продуктивен за време на неговата краткотрајна кариера, а денес е еден од најизучуваните и најобожаваните британски поети, неговата репутација се потпира на мал број на дела кои се фокусираат на оди, а единствено во избликот на креативност во последните години, тој бил способен да ја изрази внатрешната напрегантост за која што бил величен по неговата смрт. Китс бил убеден дека тој не оставил никаква трага со неговиот живот. Свесен дека умирал, тој и пишал на Фани Браунво февруари 1820 година: „Не оставив ниедно бесмртно дело позади мене, ништо на што моите пријатели би биле горди кога ќе ме сетат, но јас го љубев начелото на убавината во сите нешта, а доколку имав време, јас ќе останев запаметен.“ Умешноста и талентот на Китс биле признато од страна на неколкумина влијателни современици, како Шели и Хант. Неговите обожаватели го фалеле поради начинот на размислување "on his pulses", за тоа што развил стил кој бил многу богат со снзуалност, повеличествен со неговите ефекти, посензуален жив од кој било друг поет пред него, „полнејќи го секој процеп со метал.“ Шели често се допишувал со Китс додека престојувал во Рим, а јасно изјавил дека смртта на Китс била потпомогната со лошите критики во „Куартерли Ривју“. Седум недели по погребот, тој ја напишал „Адонис“, елегија за безнадежноста, изјавувајќи дека раната смрт на Китс претставува лична и јавна несреќа: „The loveliest and the last, The bloom, whose petals nipped before they blew Died on the promise of the fruit.“ Иако Китс напишал дека: „Ако поезијата не доаѓа природно како лисјата на дрвјата, подобро да не доаѓа воопшто.“ Поезијата не му одела лесно, неговите дела биле производ на одмерено и долготрајно класично самообразување. Тој можеби поседувал вродено поетско чувство, но неговите први дела очигледно биле такви како на млад човек што си го учи занаетот. Неговите први обиди во стихот биле честопати нејасни, релаксирачки опојни и им недостасувала јасна слика. Неговото поетско чувство се засновало на конвенционалните вкусови на неговиот пријател Чарлс Кауден Кларк, кој прв го вовел во класиците, а произлегувало и од склоноста кон „Егзаминер“ на Хант, што го читал како дете. Хант ја презирал Августинската или т.н. „Француска“ школа, управувана од претходните поети на романтизмот Вордсворт и Колриџ, тогаш во четириесеттите, како несофистицирани, мрачни и вулгарни писатели. Навистина во текот на неколкуте години во кои Китс го објавувале, угледот на постарата романтичарска школа бил волоша состојба. Китс ги повторувал овие чувства во неговите дела, изедначувајќи се себеси некое време со „новата школа“, што доста го оддалечило од Вордсворт, Колриџ и Бајрон и си создал основа од зајадливите напади од „Блеквудс“ и „Куартерли. Додека да почине, Китс поради тоа бил поврзуван со дамки од старата и новата школа: Со мрачноста на првата генерација на романтичари и необразованата извештаченост на „Кокни“ школата на Хант. Посмртниот углед на Китс ја помешал карикатурата на критичарите за површното дрдорење со сликата за пречувствителен гениј убиен од преголеми чувства, коишто Шели подоцна ги опишал. Викторијанското чувство за поезија на делата за исполнување на голем број мечти понудила шема во која Китс посмртно се вклопил. Одбелжан како носител на стандардот за сетилно пишување, неговиот углед постојано и неверојатно растел. Неговите дела имале потполна поддршка од страна на Апостолите од Кембриџ, чиишто членови го вклучиле младиот Тенисон, кој подоцна ќе стане познат поет – лауреат, кој го сметал Китс за најголемиот поет на 19 век. Во 1848 година, 27 години по смртта на Китс, Ричард Монктон Милнес ја напишал првата комплетна биографија, која овозможила да се смести Китс во каникот на Англискта литература. Предрафаелитското братство кое ги вклучувало Мијес и Розети, биле инспирирани од Китс и насликале сцени од неговите поеми „Вечерта наспроти св. Агнес“, „Изабела“ и „Безмилосната Убавица“, богати, привлечни и популарни слики коиостануваат тесно поврзани со на Китс Во 1882 година, Свинберн напишал во Encyclopædia Britannica дека „Ода за славејот“ е едно од последните ремек – дела на човековите дела на сите времиња. Во 20 век, Китс останал инспирација за поетите како Вилфред Овен, којшто го задржал датумот на смртта како ден на жалост , на Јејтс и на Т. С. Елиот. Критичарот Хелен Вендлер изјавила дека: „Одите се група на дела во кои најдобро се претставува англискиот јазик“. Бејт изјавил „За Есента“: „Секоја генерација ја смета за една од речиси најсовршените поеми во Англија“, а М. Р. тврди дека: „Одата е најспокојната беспрекорна поема во нашиот јазик“. Најголемата колекција на писма, ракописи и други хартии на Китс се наоѓа во библиотеката Хјутон на Универзитетот Харвард. Други колекции се архивирани во Британската библиотека во куќата на Китс во Хемпстед, во спомен – куќата на Китс и Шели во Рим и библиотеката Пиерпонт – Морган во Њујорк. Уште од 1998 година, Британското комеморативно здружение за Китс и Шели секоја година ја доделуваат наградата за романтична поезија.

Биогрфска контроверзност

уреди

Ниту една од биографиите на Китс не биле пишувани од луѓе што го познаваат. Набрзо по неговата смрт, издавачите најавиле дека за брзо време ќе ја објават „Мемоарите и останки на Џон Китс“ (The memoirs and remains of John Keats) но неговите пријатели одбиле да соработуваат и се расправале меѓу себе до тој степен што проектот бил запоставен. „Лорд Бајрон и некои негови современици“ (1828 година) на Ли Хант го дава првиот биографски опис, цврсто нагласувјќи го наводното скромно потекло на Китс, погрешна слика која сè уште постои. Со оглед на тоа што тој прераснувал во значајна личност во уметничките кругови, следеле серија на други објавувања, вклучувајќи антологија на многу негови белешки, поглавја и писма. Меѓутоа, раните описи често давале контрадикторни или многу необјективни верзии на настани и често биле предмет на расправа. Неговите пријатели Браун, Северн, Дилке, Шели и неговиот старателРичард Абеј, неговиот издавач Тејлор, Фани Броун и многу други објавиле посмртни коментари за животот на Китс. Овие рани дела влијаеле врз секоја биографија која следела и се вклопиле во тело за легенда за Китс. Шели го промовирал Китс како некој чиешто достигнување не може да се разграничи од агонијата, кој бил „спиритуализиран“ со неговиот пад и премногу дотеран за да ја поднесе суровоста на животот, сликата за туберкулозата и патењето е популарен денес. Првата целосна биографија била објавена во 1848 година од Ричард Монктон Милнес. Значајни биографи на Китс се вбројуваат Сидни Колвин, Робеерт Гитингс, Волтер Џексон Бејт и Ендрју Моушн. Идеалистичката слика на романтичарскиот херој – поет кој се борел со сиромаштијата и починал млад била преувеличена со излегувањето на официјалната биографија и недостатокот на прецизна сличност. Повеќето од портретите на Китс кои преживеале биле насликани по неговата смрт, а оние кои го познавале држеле до тоа дека тие не успеале да го доловат неговиот уникатен квалитет и јачина.

Писма

уреди

Писмата на Китс биле објавени во 1848 и 1878 година. Во текот на 19 век, критичарите ги оцениле како невредни за внимание, пречка во неговата поетска работа. Во текот на 20 век, тие станале исто толку обожавани и проучувани како и неговата поезија и се високо ценети во канонот на Англиската литература. Т. С. Елиот ги опишувал како несомнено „најугледните и најзначајните“ кои некогаш биле напишани од некој англиски поет. Китс поминал многу време размислувајќи за самата поезија, за нејзината градба и влијанија, изразувајќи длабок интерес кој не бил вообичаен во неговата средина која била полесно збунети со метафизика или политика, мода или наука. Елиот пишувал за заклучоците на Китс: „Постои одвај една изјава за поезијата на Китс, која би била точна, а освен тоа, точна за поголемата и позрелата поезија од било што друго што некогаш напишал Китс.“ Некои од писмата на Китс постојат од периодот пред да се приклучи на литературниот круг. Сепак, од пролетта 1817 година, постои боата документација за неговите продуктивни и импресивни вештини како писател на писма. Китс и неговите пријатели, поети, критичари, помансиери и издавачи си пишувале еден на друг секојдневно, а идеите на Китс се поврзани со секојдневието. Тие блескаат со хумор и критичка интелигенција. Со потекло од „струја на свесност за природноста“, тие се импулсивни, полни со свест за неговата сопствена природа и неговите слаби точки. Кога неговиот брат Џорџ заминал за Америка, Китс му пишал со подробни детали, содржината на писмата станала „вистински“ дневник и самооткривањена животот на Китс, како и содржел изложување на неговата филозофија, а првите верзии на поеми кои ги содржеле едно од најдобрите пишани мисли на Китс. Гитингс ги опишува како сродни со „спиритуален дневник“ кој не бил наменет за никој посебно, туку само за синтеза. Китс размислувал и за позадината и составот на неговата поезија, а специфичните писма честопати се совпаѓале или ги предвидувале поемите што ги опишуваат. Од февруари до мај 1819 година, тој ги напишал неговите најдобри писма. Кога му пишувам на неговиот брат Џорџ, Китс ја истражил идејата за светот како „Долина на создавањето на душите“, претскажувајќи ги големите оди кои ќе ги напише неколку месеци подоцна.

Значење и влијание

уреди

Според Јован Дучиќ, заедно со Бајрон и Шели, Китс е најголемиот англиски лирски поет.[16]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Motion, 1997, p. 10.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Kelvin Everest, "Keats, John (1795–1821)", Oxford Dictionary of National Biography, Oxford University Press, 2004 Online (subscription only)
  3. „Literary gossip“. The Week: A Canadian Journal of Politics, Literature, Science and Arts. 1 (4): 61. 27 December 1883. Посетено на 23 April 2013.
  4. Gittings (1968), 11.
  5. „Two become one at The Globe“. Evening Standard. 12 August 2008. Посетено на 17 September 2012.
  6. Gittings (1968), p. 24.
  7. Bate, 2009, p. 5.
  8. Harrow. Motion, 1998, p. 22.
  9. Milnes, 1848.
  10. 10,0 10,1 Gittings (1987), pp. 1–3.
  11. John Keats, Colvin, S, (1917)
  12. Monckton Milnes (1848), p. xiii.
  13. Motion (1999), p. 46.
  14. „See the British National Archives for conversion rates“. Nationalarchives.gov.uk. Посетено на 1 March 2014.
  15. Motion, Andrew (1999). Keats. University of Chicago Press. стр. 43. ISBN 978-0-226-54240-9.
  16. Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 301.