Џамала
Сузана Алимивна Џамаладинова (кримскотатарски: Susana Alim qızı Camaladinova; украински: Суса́на Алі́мівна Джамаладі́нова; руски: Суса́на Али́мовна Джамалади́нова, родена на 27 август 1983 година), подобро позната под името Џамала (кримскотатарски: Camala, украински: Джама́ла; руски: Джама́ла) — украинска пејачка и глумица. Таа ја претставувала Украина и победила за време на Евровизија 2016 со песната "1944".
Џамала | |
---|---|
Џамала за време на Евровизија 2016 | |
Основни податоци | |
Родено име | Сузана Алимивна Џамаладинова |
Потекло | Украина |
Жанр(ови) | |
Занимање/ња |
|
Години на активност | 2001–денес |
Продукциска куќа/ќи |
Ран живот
уредиСузана Џамаладинова е родена во Ош, Киргиска Советска Социјалистичка Република, на кримскотатарски татко и ерменска мајка.[1][2][3][4][5][6] Нејзините кримскотатарски предци биле насилно раселени од Крим во централната азиска република по наредба на Јосиф Сталин за време на Втората светска војна, иако нејзините роднини се бореле на советската страна.[7] Во 1989 година нејзиното семејство се врати во Крим.[8] Нејзините предци од мајчината страна биле Ерменци од Нагорно-Карабах.[9] Тие биле кулаци сè додека земјиштето на нејзиниот прадедо не беше запленето и тој беше протеран во Ош каде што тој го променил своето ерменско име за да звучи руско.[8]
Џамала го зборува рускиот јазик како мајчин и таа исто така има одлично познавање на англискиот јазик кој го научила како адолесцент. Иако таа напишала неколку песни на кримскотатарски, таа нема одлично познавање на јазикот.[10]
Нејзините родители биле разведени околу четири години за нејзината мајка да може да купе куќа во Крим за семејство под нејзиното моминско име.[8] За време на овој период, советските власти не дозволувале етнички Кримски Татари, како нејзиниот татко, да купуваат имот во Крим.[8]
Кариера
уреди2010-15: Рано творештво
уредиЏамала била љубител на музиката од нејзиното рано детство. Таа за првпат професионално снимала музика на возраст од девет, пеејќи 12 народни и детски кримскотатарски песни. Таа студирала на музичкиот колеџ Симферпол[11] и подоцна дипломирала од Националната музичка академија на Украина како оперски пејач, но претпочитала кариера во поп-музиката.[12]
На 14 февруари 2010 година, таа го објави нејзиниот прв сингл "You Are Made of Love" од нејзиниот деби студиски албум For Every Heart. Таа го објави "It's Me, Jamala" како втор сингл на 18 октомври 2010 година. На 23 ноември 2010 година, таа го објави синглот "Насмевка" како трет сингл од албумот. На почетокот од 2011 година, таа зема учество во Евровизија со песната "Насмевка". Песната беше омилена на публиката и Џамала успеа да добие место во финалето на натпреварот. Сепак, таа подоцна одлучи да се повлече од натпреварот. На 12 април 2011 година, таа го објави нејзиниот деби студиски албум For Every Heart преку Moon Records Ukraine. На 8 ноември 2012 година, таа го објави "Јас те сакам тебе" (руски: «Я Люблю́ Тебя́») како водечки сингл од нејзиниот втор студиски албум All or Nothing.
Таа го објави "Hurt" како втор сингл, а "Кактус" (украински: «Ка́ктус») беше објавен на 6 март 2013 година како трет и последен сингл од албумот. Таа го објави All or Nothing на 19 март 2013 преку Moon Records Ukraine. На 25 септември 2014 година таа го објави синглот "Збунета" (украински: «Заплу́талась») како водечки сингл од нејзиниот деби EP Thank You кој беше објавен на 1 октомври 2014 година преку Enjoy Records. На 26 март 2015 година, "Очима" беше објавен како водечки сингл од нејзиниот трет студиски албум. "Патот до дома" (украински: «Шлях додо́му») беше објавен како втор сингл на 18 мај 2015 година. На 15 јуни 2015 година, "Здив" (украински: «По́дих»), беше објавен како трет сингл. Таа го објави нејзиниот албум Здив на 12 октомври 2015 година преку Enjoy Records.
2016 година: Пробив
уредиЏамала успешно ја претстави Украина за време на Евровизија 2016 година со песната "1944".[13] Во песната таа пее за присилната депортација на кримските татари во 1944 година и особено за нејзината прабаба, која ја загубила својата ќерка додека била депортирана до Средна Азија.[11][14][15] Џамала ја напишала песната во 2014 година.[12] Во второто полуфинале од натпреварот, Џамала заврши на 14-то место и беше една од десетте учесници кои биле квалификувани за големото финале. Беше објавено подоцна дека таа заврши на второ место, добивајќи 287 бода и дополнително освојувајќи 152 бода.[16] На 14 мај 2016 година, Џамала победи на натпреварот со 534 бода.[17] Песната на Џамала била сметана од страна на руските медиуми и пратеници за критика на руската анексија на Крим во 2014 година и "постојаната војна меѓу Русија и Украина" во Донбас.[18][19] Поради оваа причина беше најавено дека никои други знамиња освен официјалното знаме на земјата-учесник нема да бидат дозволени во арената за време на Евровизија. Ова вклучувало забрана за знамиња како кримскотатарското знаме да бидат во публиката и само украински знамиња биле дозволени за нејзините кримскотатарски поддржувачи.
По нејзината победа на Евровизија, таа беше наградена со титулата Народен уметник на Украина од страна на украинскиот претседател Петро Порошенко.[20]
На 17 мај 2016 година, Порошенко објави дека украинското министерство за надворешни работи ќе ја номинира Џамала за амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ.[21]
Личен живот
уредиНа 26 април 2017 година, Џамала стапила во брак со Бекир Сулејманов.[22][23] Нивната врска стана позната во септември 2016 година, кога таа се појави со него на Менхетенскиот филмски фестивал.[22] Двојката се венча во Исламскиот културен центар на Киев користејќи ја традиционални свадбена церемонија Никах.[22] Сулејманов неодамна дипломирал од одделот за физика и математика на Киевскиот универзитет и е активист за муслиманската[24] кримска татарска заедница.[22]
Во ноември 2017, Џамала објави дека таа и Сулејманов го очекуваат нивното прво дете заедно.[25] На 27 март 2018 година беше роден нивниот син Емир-Рахман Сејт-Бекир огли Сулејманов.[26]
Дискографија
уредиСтудиски албуми
уредиИме | Детали |
---|---|
For Every Heart |
|
All or Nothing |
|
Подих (Здив) |
|
1944 |
|
EP-и
уредиTitle | Details |
---|---|
Thank You |
|
Концертни албуми
уредиИме | Детали | Забелешки |
---|---|---|
Live at Arena Concert Plaza |
|
|
Синглови
уредиИме | Година | Највисока позиција | Албум | ||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
UKR [27] |
AUT [28] |
BEL (Fl) [29] |
FIN [30] |
FRA [31] |
HUN [32] |
RUS [33] |
SPA [34] |
SWE [35] |
SWI [36] |
UK [37] | |||||||
"You Are Made of Love" | 2010 | — | — | — | — | — | — | 239 | — | — | — | — | For Every Heart | ||||
"It's Me, Jamala" | 35 | — | — | — | — | — | 298 | — | — | — | — | ||||||
"Smile" | — | — | — | — | — | — | 198 | — | — | — | — | ||||||
"Я люблю тебя" ("I Love You") | 2012 | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | All or Nothing | ||||
"Hurt" | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | ||||||
"Кактус" ("Cactus") | 2013 | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | |||||
"Заплуталась" ("Confused") | 2014 | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | Thank You | ||||
"Злива" ("Shower") (with Andrii Khlyvniuk and Dmytro Shurov) |
— | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | Синглови кои не биле на албум | |||||
"Чому?" ("Why?") | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | ||||||
"Очима" ("With My Eyes") | 2015 | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | Подих | ||||
"Шлях додому" ("Way To Home") | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | ||||||
"Подих" ("Breath") | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | ||||||
"1944" | 2016 | 2 | 54 | 13 | 64 | 49 | 40 | 129 | 32 | 46 | 73 | 289 | 1944 | ||||
"Заманили" ("Lured") (with DakhaBrakha) |
17 | — | — | — | — | — | 199 | — | — | — | — | TBA | |||||
"I Believe in U" | 2017 | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | |||||
"Сумую" ("I miss") | 29 | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | ||||||
"Крила" ("Wings") | 2018 | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | |||||
"—" означува сингл кој не бил објавен на таа територија. |
Филмографија
уредиГодина | Песна | Директор |
---|---|---|
2009 | History Repeating | Алан Бадолев |
2010 | You're Made of Love + (на руски) | Катерина Царик |
It's Me, Jamala + (на украински) | Чарли Стредлер | |
2011 | Smile | Максим Ксиода |
Find me | John X Carey | |
2012 | Я люблю тебя (на руски) | Сехии Сараканов |
2013 | Кактус (на руски) | Денис Закаров |
All These Simple Things | Олександар Милов | |
Depends On You + (на руски) | Виктор Вилкс | |
2014 | Чому? (на украински) | Денис Закаров, Олес Санин |
2015 | Я заплуталась (на украински) | Анатолиј Сачивко |
Иные (на руски) | Микаил Јемелјанов | |
2016 | Шлях додому (на украински) | Хана Копилова |
1944 | Анатолиј Сачивко | |
"Обещание" (на руски) | Денис Закаров, Олена Дамјаненко | |
2017 | I Believe in U | Игор Стеколенко |
"Сумую" (на украински) |
Година | Име | Улога |
---|---|---|
2014 | The Guide | Олга Левитска |
2017 | Jamala.UA | Камео |
Polina | Дворска дама | |
2018 | Sky |
Година | Име | Улога |
---|---|---|
2010 | The True Story about Scarlet Sails | Кубанска пејачка |
Anatomy of voice. Jamala | Камео | |
2013 | Trading Lives | Камео |
2014 | Alice's Adventures in Wonderland | Гасеница |
2016 | Özüñe baq! | Камео |
2017 | Jamalas kamp | Камео |
Наводи
уреди- ↑ „Welcome to Ukraine“. Посетено на 15 May 2016.
- ↑ Editor. „Ukraine's Crimean Tatar singer Jamala promises to embarrass Putin and bring Stalin's crimes to Eurovision Song Contest“. Архивирано од изворникот на 2018-12-25. Посетено на 15 May 2016.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
- ↑ „Журнал: день с певицей Джамалой“. Vogue UA. 2015-12-17. Посетено на 15 May 2016.
- ↑ Ruban, Mariya. "Джамала: "Хочу пишне кримсько-татарське весілля" Архивирано на 21 февруари 2016 г.". Cегодня.UA. 10 February 2015. Retrieved 20 April 2015. (украински)
- ↑ "Джамала: Моя мама христианка-армянка, папа крымский татарин-мусульманин Архивирано на 24 февруари 2016 г.". UA-Report. 25 February 2011. Retrieved 20 April 2015. (руски)
- ↑ "http://thenordar.com/jamala-interview-public-talk/ Интервью с Джамалой на Public Talk". Арт-журнал Thenordar. 27 August 2014. Retrieved 20 April 2015. (руски)
- ↑ Colin Freeman (14 May 2016). „'They kill you all': why Ukrainian Eurovision winner, Jamala, angered Russia with her 1944 song“. The Telegraph. Посетено на 15 May 2016.
- ↑ 8,0 8,1 8,2 8,3 "'Stalin forced my parents to DIVORCE': Eurovision winner reveals how Soviet dictator tortured her great-grandmother, killing baby daughter and leaving legacy of family trauma" by Will Stewart. Daily Mail. 16 May 2016. Retrieved 18 May 2016.
- ↑ (руски) Сусанна Джамаладинова (Джамала): История моих армянских корней начинается с Карабаха | Центр поддержки русско-армянских стратегических и общественных инициатив. Russia-armenia.info (15 May 2016). Посетено на 2017-12-21.
- ↑ Худенко, Кристина (18 March 2016). „Джамала: "Не могу петь в России, пока в Крыму пропадают татары"“ (руски). delfi.lv. Посетено на 17 May 2016.
- ↑ 11,0 11,1 Veselova, Viktoria; Melnykova, Oleksandra (11 February 2016). „Crimean singer in line to represent Ukraine at Eurovision“. The Guardian. Посетено на 11 February 2016.
- ↑ 12,0 12,1 "When strangers are coming into your home (Russian), by Alexander Zaitsev, lenta.ru
- ↑ Veselova, Viktoria; Melnykova, Oleksandra (2016-02-11). „Crimean singer in line to represent Ukraine at Eurovision“. the Guardian. Посетено на 15 May 2016.
- ↑ „Jamala entered Eurovision-2016 national selection“. QHA.com.ua. 26 January 2016. Архивирано од изворникот на 3 March 2016. Посетено на 23 February 2016.
- ↑ Eurovision: Ukraine's entry aimed at Russia, BBC News (22 February 2016)
- ↑ „Eurovision Song Contest 2016 Second Semi-Final“. Eurovision Song Contest. Посетено на 15 May 2016.
- ↑ „Ukraine's Jamala wins Eurovision 2016“. BBC News. 2016-05-14. Посетено на 15 May 2016.
- ↑ Telegraph Reporters (15 May 2016). „Eurovision 2016: Furious Russia demands boycott of Ukraine over Jamala's 'anti-Kremlin' song“. The Telegraph. Посетено на 15 May 2016.
- ↑ Heidi Stephens (2016-05-15). „Eurovision 2016: Ukraine's Jamala wins with politically charged 1944“. the Guardian. Посетено на 15 May 2016.
- ↑ Granger, Anthony (16 May 2016). „Ukraine: Jamala Awarded Title "People's Artist of Ukraine"“. Eurovoix.
- ↑ „Ukraine's Foreign Ministry to nominate Jamala for UNICEF Goodwill Ambassador“. Vector.news. 16 May 2016. Архивирано од изворникот на 2018-12-25. Посетено на 2018-04-25.
- ↑ 22,0 22,1 22,2 22,3 Jamala married Seit-Bekir Suleymanov Архивирано на 22 јуни 2018 г., QHA (26 April 2017)
- ↑ Джамала вийшла заміж (ФОТО) – Львівська газета Архивирано на 15 ноември 2018 г.. Gazeta.lviv.ua (26 April 2017). Посетено на 2017-12-21.
- ↑ „Eurovision winning entry: 1944, a harrowing family tale about Stalin's deportation of Muslim Tatars“. The National. 15 May 2016. Посетено на 15 May 2017.
- ↑ Knoops, Roy (30 November 2017). „Ukraine: Jamala is expecting her first baby“. ESCToday.
- ↑ Ukraine's Jamala gives birth to a baby boy, UNIAN (29 March 2018)
- ↑ Peak positions for singles on the Ukrainian Airplay Chart:
- For "It's Me, Jamala": FDR Ukraine Airplay Chart: 13 декември 2010
- For "1944": FDR Ukraine Airplay Chart: 14 март 2016
- For "Заманили": FDR Ukraine Airplay Chart: 20 декември 2016
- ↑ „Discographie Jamala“. Austrian Charts Portal. Hung Medien. Посетено на 10 May 2017.
- ↑ „1944“. Ultratop.
- ↑ „1944“. Suomen virallinen lista. Архивирано од изворникот на 2018-03-13. Посетено на 2018-04-25.
- ↑ „Discographie Jamala“. French Charts Portal. Hung Medien. Архивирано од изворникот на 24 June 2016. Посетено на 10 May 2017.
- ↑ „1944“. Mahasz.
- ↑ Исполнитель – Jamala[мртва врска]. Lk.tophit.ru. Посетено на 21 December 2017.
- ↑ „Discography Jamala: Songs“. Spanish Charts Portal. Hung Medien. Посетено на 10 May 2017.
- ↑ „Discography Jamala“. Swedish Charts Portal. Hung Medien. Посетено на 10 May 2017.
- ↑ „Discography Jamala“. Swiss Charts Portal. Hung Medien. Посетено на 10 May 2017.
- ↑ Forums, BuzzJack Entertainment. „Sales, W/E 26/05/2016“. www.buzzjack.com. Посетено на 19 May 2016.
Надворешни врски
уреди- Џамала на Ризницата
- Матична страница (украински) (руски)
- Jamala на Facebook
- Канал на Џамала на YouTube
Награди и достигнувања | ||
---|---|---|
Претходник Марија Јаремчук со "Tick-Tock" |
Украина на Евровизискиот натпревар 2016 |
Наследник O.Torvald со "Time" |
Претходник Монс Селмерлев со "Heroes" |
Победник на Евровизискиот натпревар 2016 |
Наследник Салвадор Собрал со "Amar pelos dois" |