Национална музичка академија на Украина

Националната музичка академија на Украина или Киевската конзерваторија (украински: Національна музична академія України) е украинска државна институција за високо музичко образование. Нејзините курсеви вклучуваат постдипломско образование.

Национална музичка академија на Украина
Національна музична академія України
Поглед кон објектот
ВидДржавен
Основан1913
РекторВладимир Рожок
Студенти36.700
МестоКиев, Украина
http://knmau.com.ua

Оваа академско училиште се наоѓа во Киев, престолнината на Украина и го носи името на Петар Илич Чајковски. Таа била основана во 1913 година како Киевски колеџ на музиката во рамките на руското музичко општество. Организацијата на конзерваториумот била предводена од Сергеј Василевич Рахманинов, Александар Глазунов и Петар Илич Чајковски. Први директори биле Б. Пукалски (1913) и Рејнхолд Глиер (1914-1920).

Во 1938 година, конзерваториумот добил Орден на Ленинска награда. Во 1940 година, конзерваториумот го добил името по Петар Чајковски. Во 1995 година, претседателот на Украина со посебен декрет го преименувал името на академијата во Национална музичка академија на Украина - Петар Илич Чајковски.

Конзерваториумот се наоѓа во објект кој бил изграден во 1890-тите. Објектот бил уништен во Втората светска војна, но бил повторно изграден во 1955 година.