Прогон на Кримските Татари
Прогон на Кримските Татари (кримскотатарски: Sürgünlik) — организирано насилно иселување на Кримските Татари од страна на државата во 1944 г. советските власти организирано ги раселувале Кримските Татари во Узбекистан и останатите делови на државата. Симбол на оваа депортација е парна машина.
Обиди да иселување на Кримските Татари од Крим се појавиле на неколку наврати, дури и пред Крим да биде анектиран од Русија во 1783 година, но сепак тие обиди не биле успешни.[1] Во 1944 година со лажен текст каде се тврдело дека масовно Кримските Татари соработувале со нацистите, советските власти одлучиле да ги иселат Кримските Татари од Крим по наредба на Јосиф Сталин и Лаврентиј Берија.
Депортацијата започнала на 18 мај 1944 година во сите населени места на Крим.[2] Повеќе од 32.000 трупи на Народниот комесаријат за внатрешни работи на СССР учествувале во акцијата. На Татарите им давале само по 30 минути за да ги приберат своите лични работи, а по тој временски рок биле товарени и депортирани од Крим.[3]. 193,865 Кримски Татари биле депортирани, од кои 151,136 во Узбекистан 8,597 во Мариј Ел, 4,286 во Казахстан, и 29,846 во различни области низ Русија. Меѓувреме, поголем број на Кримските Татари кои служеле во Црвената Армија биле демоболизирани и испратени во кампови во Сибир и Урал[3].
Депортацијата била слабо планирана и извршена, каде локалните власти каде биле доселувани Кримски Татари не биле соодветно информирани за процесот и не добиле доволно ресурси за доселениците. Несоодветното сместување, недостатокот на храна, неможноста да се прилагодат кон новата клима и појавата на болести имале голем демографски удел за време на петгодишната депортација[3]. Кримските активисти се борат да се признае овој прогон како геноцид врз Татарите.[4]
Наводи
уреди- ↑ Subtelny, Orest (2000). Ukraine: A History. University of Toronto Press. стр. 78. ISBN 0-8020-8390-0.
- ↑ „Ukraine to Investigate Crimean Tatar Deportation“. Voice of America. May 18, 2009. Посетено на 17 May 2011.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 http://www.massviolence.org/Surgun-The-Crimean-Tatars-deportation-and-exile?artpage=1#outil_sommaire_0
- ↑ Crimean Tatars Call On Kyiv To Restore Their Rights, Radio Free Europe, 12 декември 2005
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- surgun.org (турски)
- 60 годишнина од сургунот
- Депортацијата и прогонот на Кримските Татари Encyclopedia of Mass Violence (2008-07-12)
Оваа статија поврзана со Украина е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |