Киевски универзитет

Киевскиот универзитет (украински: Київський національний університет імені Тараса Шевченка) — државен универзитет кој се наоѓа во престолнината на Украина, Киев.

Киевски национален универзитет „Тарас Шевченко“
Київський національний університет імені Тараса Шевченка
латински: Universitas Kioviensis
Гесло"Utilitas honor et gloria" (латински)
На македонски
Utility Honor and Glory
Виддржавен
Основан1834
РекторЛеонид Губерски
Административен кадар
3420 [1]
Студенти20,000
МестоУкраина Киев, Украина
Кампусградско подрачје
Боицрвена и црна         
ПрипадностIAU
www.univ.kiev.ua/

Официјалното име на универзитетот гласи: Киевски национален универзитет „Тарас Шевченко“, а до Октомвриската револуција во 1917 година, Киевски императорски универзитет „Свети Владимир“.

Во 2009 година, универзитетот бил избран за најдобар во земјата.

Историја

уреди

Универзитетот бил создаден со указ на рускиот император Николај I на 8 ноември 1833 година. Овој универзитет е вториот најстар во Украина, по оној во Харков кој бил создаден во 1806 година. Во почетокот, универзитетот имал за задача да ја стопира полонизацијата на украинската интелигенција и затоа бил наименуван според кнезот Владимир Велики, кој ја покрстил на Киевска Рус, како главна улога за источното христијанство во целата империја.

Голем дел од средствата на универзитетот во Вилнус биле донесени овде, по неговото затворање од последиците на востанието од 1931 година. Првите 62 студенти своите студии во универзитетот ги започнале во 1834 година, во Филозофскиот факултет кој се состоел од две одделенија: Одделение за историја и филозофија како и одделение за физика и математика. Во текот на 1835 година биле отворени нови катедри како правен факултет, медицина, филологија, природни науки итн.

Со доаѓањето на советската власт, името на универзитетот било преименувано во Тарас Шевченко, и самиот универзитет претставувал еден од трите најголеми во земјата по Московскиот и Санктпетербургскиот државен универзитет.

На овој универзитет учеле Михајло Драгоманов, Михајло Хрушевски, Николај Бердаев, Михаил Булгаков и многу други.

Денеска, на овој универзитет студираат повеќе од 20.000 студенти.

Наводи

уреди
  1. УХВАЛА Вченої ради "Про кадрову політику Київського національного університету імені Тараса Шевченка"“ (украински). 2009-11-02. Надворешна врска во |title= (help); |access-date= бара |url= (help)