Ларс Јаспер Бломквист (5 февруари 1974) е поранешен шведски фудбалер кој играл на позицијата лев играч од средниот ред или лево крило.

Јаспер Бломквист во декември 2005

Тој бил помошник тренер на тимот на Хамарби од Суперетан лигата од декември 2009 до ноември 2010 година. Играл во ИФК Гетеборг, каде што освоил четири последователни титули во Алсвенскан лигата помеѓу 1993 и 1996 година. Играл и во Манчестер Јунајтед, каде бил дел од тимот што ја освоил тројната круна во 1999 година, составена од Премиер лигата, ФА Купот и Лигата на шампионите на УЕФА. Тој се вратил во шведскиот фудбал во 2003 година во тимот на Ѓургарден, каде ја освоил својата последна титула во Алсвенскан лигата пред првично да се повлече од професионалниот фудбал во 2005 година. Кризата со неговите повреди предизвикало враќање на тимот по понизок ранг Еншепинг лигата во 2008 година.

Бломквист настапил на 30 меѓународни натпревари за Шведска во кои на дел од нив помогнал да стигне до третото место на Светското првенство во фудбал во 1994 година во САД.

Клупска кариера

уреди

Шведски фудбал

уреди
 
Слика што го опишува голот на Бломквист против Хелсингборг ИФ во 1995 година

По првичните настапи за тимот на Тавелсјо ИК, Бломквист потпишал за тогаш штотуку формираниот клубна Умео ФК во 1992 година. Во пролетниот дел од неговата прва сезона за клубот, со своите игри помогнал да ја освојат титулата во Дивизија 2 Нора Норланд, промовирајќи го клубот во Дивизија 1 Нора лигата.[1] Во тоа време таа лига била втора по ранг во шведскиот фудбал.[2] Подоцна, потпишал за тимот ИФК Гетеборг и тоа на 11 септември 1993 година. Бломквист дал голем придонес за шампионската титула на клубот во Алсвенскан лигата таа година. Бломквист постигнал осум голови на 24 лигашки настапи на патот до титулата во шведската лига во 1994 година.[3] Подоцна одиграл главна улога во напредувањето на Шведска до полуфиналето на Светското првенство, но и постигнал гол во победата на својот клуб од 3:1 над Манчестер Јунајтед во Лигата на шампионите, исфрлајќи го од натпреварувањето.[4] Овој настап го привлекол вниманието на тренерот на Јунајтед, Алекс Фергусон. Следувало уште една титула со тимот во 1995 година, токму со голот на Бломквист против тимот на Хелсингборгс IF, кога се спровела акција со двојно подавање или со варијантата на кружниот потег со соиграчот Пеле. Овој гол бил избран за гол на годината во шведското првенство.[5] Во неговата последна сезона за Гетеборг, тој играл против поранешниот клуб Умео, кој во таа сезона стигнал до Алсвенскан лигата и тоа прв пат во нивната историја. Во 1996 година, Бломквист бил избран за играч на годината од страна на навивачите и за најдобар играч од средниот ред.[5] На крајот на сезоната 1996, тој потпишал за новокрунисаниот шампион во Серија А, Милан.

Серија А

уреди

Во својата прва сезона во италијанскиот фудбал, Бломквист заедно со екипата на Милан не успеал да освои трофеј. Поголемиот дел од сезоната бил на клупата за резервни играчи. Тој не сакал да замине на Олд Трафорд, бидејќи не сакал да му се повтори претходната сезона.[6] Бранителот на титулата Милан имал подеднакво разочарувачка сезона и завршил на 11то место во Серија А и не успеал да се пласира во европските фудбалски купови. Бломквист подоцна преминал во второпласираната екипа на Парма. Тоа се случило во летото 1997 година. Бломквист уживал во својата игра, иако клубот на Парма завршил на 6то место во лигата и пропуштил да се квалификува во фазата на Лигата на шампионите. Единствениот првенствен гол на швеѓанецот за клубот бил постигнат во победата од 4:0 над тимот Наполи на стадионот Сан Паоло.[7]

Премиер лига

уреди

Манчестер Јунајтед го купил Бломквист како резервен играч на Рајан Гигс во раната фаза на сезоната 1998-1999 година за сума од 4,4 милиони фунти, три години откако менаџерот Алекс Фергусон за првпат се обидел да го ангажира за тимот Јунајтед од тимот ИФ Гетеборг.[8] Бломквист одиграл доволно натпревари за да освои медал за победници во Премиер лигата. Тоа се случило во сезоната 1999 година, кога го постигнал својот единствен гол за клубот во победата од 4:1 на гости против тимот на Евертон.[9] Бломквист освоил медал за победник во ФА Купот и покрај тоа што бил на клупата за резервни играчи на натпреварот од финалето. Сепак, тој на наредниот натпревар започнал да игра против тимот на Баерн Минхен во финалето на Лигата на шампионите. Бломквист бил многу блиску до постигнување на гол, но пред крајот на натпреварот бил заменет од соиграчот Теди Шерингем, кој подоцна постигнал израмнувачки гол по раното водство на тимот на Баерн. Јунајтед на крајот го добил натпреварот со резултат од 2:1.[10]

Поради тешката повреда на коленото добиена во финалето на Лигата на шампионите, Бломквист не играл фудбал во следните две сезони, што резултирало со тоа Манчестер Јунајтед да одлучи да не го продолжи договорот. Тој останал со договор во Јунајтед од седмица до седмица на Олд Трафорд пред конечно да замине кога Алекс Фергусон го убедил тренерот на Евертон, Валтер Смит да му понуди на шведскиот репрезентативец краткорочен договор на Гудисон Парк, од месец ноември 2001 година до крајот на сезоната.[11] Бломквист играл на крилната позиција наспроти својот сонародник Никлас Александерсон. Тој го постигнал својот прв гол за Евертон против тимот на Сандерленд во јануари 2002 година.[12] Сепак, проблемите со повредите кај него продолжиле, а новиот менаџер Дејвид Мојс му дозволил да го напушти клубот во јуни 2002 година. Тој имал пробен период во Мидлсброу, но не бил задоволен од ситуацијата во клубот, велејќи дека односот бил непрофисионален.[13] Наместо тоа, тој потпишал за тимот на Чарлтон Атлетик со тренерот Алан Кербишли како слободен играч. Неговата кариера во новиот клуб во Долината била уште пократка, и таму имал само три првенствени настапи за тимот од јужен Лондон пред да дојде перидот од 5 години исполнет со многу повреди.

Враќање во Шведска

уреди

Мачејќи се со нови повреди, Бломквист се вратил во својата родна Шведска по само четири натпревари со тимот на Чарлтон. Потпишал краткорочен договор со тимот Ѓургарден ИФ.[14] Ова било многу лошо прифатено од навивачите на Гетеборг кои го нарекле Бломквист „јуда“(предавник). Навивачите на Гетеборг ја сметале неговата одлука за предавство и мислеле дека тој требало да дојде и да игра за нивниот клуб.[15] Бломквист одиграл на високо ниво, а тимот станал шведски шампион во таа година. Меѓутоа, проблемите со повредите го ограничиле на само девет првенствени настапи. За време пред престојот во Манчестер Јунајтед, тој останал во клубот на Ѓургарден само две сезони, пред конечно да одлучи да се пензионира поради тешка повреда во 2005 година.[9]

Бломквист му се приклучил на Еншепинг СК како тренер во 2008 година. Недостигот на играчи во клубот поради повреди го принудило Бломквист да се врати на терен и да игра. Недостигот на играчи било уште по истакнато кога Бломквист бил исклучен со црвен картон во неговиот втор натпревар за клубот. Ова резултирало со суспензија за Бломквист, а тимот на Еншепинг имал на располагање само петнаесет играчи за следниот натпревар.[16] На 15 септември 2008 година, тој го постигнал својот прв професионален гол по пауза од цели пет години во победата со 1:0 против тимот на ИК Сириус.[17] Вкупно, тој забележал 10 настапи во Суперетан лигата, но не можел да го спаси Еншепинг од испаѓање во Дивизија 1 во сезоната 2009. Го напуштил Еншепинг до крајот на сезоната и подоцна потпишал договор тимот на Хамарби ИФ на позицијата како помошник тренер на Мајкл Боргквист.[18]

Во 2010 година, Бломквист повторно играл, влегувајќи како замена во 85 минута за тимот Хамарби против екипата на Трелеборг ФФ во Купот на Шведска, што бил еден од ретките тренери кои всушност во тој момент бил и тренер и играч.[19] По тешкиот период во клубот, тој решил да го напушти Хамарби со заедничка согласност од двете страни, во ноември 2010 година.[20]

Во 2012 година, Бломквист практично се пензионирал како фудбалер, фокусирајќи се на неговата приватна кариера. Тој го направил тоа со започнување на студии за трговија.[21]

Меѓународна кариера

уреди

Бломквист бил дел од шведската државна репрезентација кој го освоил бронзениот медал на Светскиот куп на ФИФА 1994 година. Својот прв репрезентативен натпревар го имал против тимот на Колумбија во 1994 година.[22] Неговиот единствен натпревар на Светското првенство во стартните единаесетмина го имал против екипата на Камерун. Во вториот натпревар влегол од клупата кога го заменил Хенрик Ларсон во второто полувреме во натпреварот против подоцнежниот шампион Бразил.[23] Секој член на шведскиот тим бил награден со златен медал Свенска Дагбладет како признание за нивното трето место на турнирот и освоениот бронзен медал. Бломквист се сметал за главен дел од тимот на Светското првенство на ФИФА 2002 година.[24] во Јужна Кореја и Јапонија. Тој за својата заемја имал вкупно 30 настапи во кои нема постигнато гол.

Приватен живот живот

уреди

Бломквист е роден и израснат во Тавелсјо, во општината Умео во Шведска. Тој моментално живее во Шведска, иако има купено имот и во Хрватска.[25] По официјалното пензионирање во 2005 година, станал стручњак (фудбалски експерт) за шведската телевизија ТВ4. Бломквист бил жртва на напад за време на посетата на неговиот роден град Умео во септември 2006 година, кога бил удрен двапати по лицето. Неговиот напаѓач е кривично гонет за сторениот инцидент.[26]

Бломквист има син по име Каспер.[27]

Статистика во кариерата

уреди

Клупска статистика

уреди
Вкупно одиграни натпревари, клупови, постигнати голови по сезони[3][28][29][30][31][32]
Клуб Сезона Лига, настапи и постигнати голови Куп Лига куп Европски

натпревари

Други Вкупно
Лига Настапи Голови Настапи Голови Настапи Голови Настапи Голови Настапи Голови Настапи Голови
Умео 1992 Дивизија 2 Нора Норланд Хоштетан Нора 27 6 27 6
1993 Дивизија 1 Нора 11 2 11 2
Вкупно 38 8 38 8
ИФК Гетеборг 1993 Алсвенскан прва шведска лига 6 1 0 0 0 0 6 1
1994 Алсвенскан прва шведска лига 24 8 1 0 9 3 34 11
1995 Алсвенскан прва шведска лига 18 3 3 1 2 1 23 5
1996 Алсвенскан прва шведска лига 25 6 5 0 7 2 37 8
Вкупно 73 18 9 1 18 6 100 24
Милан 1996–97 Серија А 19 1 0 0 19 1
1997–98 Серија А 1 0 1 0 2 0
Вкупно 20 1 1 0 21 1
Парма 1997–98 Серија А 28 1 3 0 31 1
Манчестер Јунајтед 1998–99 Премиер лига 25 1 5 0 1 0 7 0 38 1
1999–2000 Премиер лига
2000–01 Премиер лига
Вкупно 25 1 5 0 1 0 7 0 38 1
Евертон 2001–02 Премиер лига 15 1 3 0 0 0 0 0 0 0 18 1
Чарлтон Атлетик 2002–03 Премиер лига 3 0 1 0 0 0 0 0 0 0 4 0
Ѓургарден 2003 Алсвенскан прва шведска лига 9 1 0 0 1 0 10 1
2004 Алсвенскан прва шведска лига 0 0 0 0 0 0 0 0
2005 Алсвенскан прва шведска лига 0 0 0 0 0 0 0 0
Вкупно 9 1 0 0 1 0 0 0 10 1
Еншепинг 2008 Суперетан

втора шведска лига

10 1 10 1
Хамарби 2010 Суперетан

втора шведска лига

6 0 1 0 7 0
Вкупно во кариера 227 32 23 1 1 0 26 6 0 0 257 39

Меѓународна статистика

уреди
Настапи и голови во репрезентација по година [33]
Репрезентација Година Натпревари Голови
Шведска 1994 година 12 0
1995 година 2 0
1996 година 4 0
1997 година 6 0
1998 година 3 0
1999 година 2 0
2000 година 0 0
2001 година 0 0
2002 година 1 0
Вкупно 30 0

Наводи

уреди
  1. „Division 2 (3rd level) 1992“. Clas Glenning, RSSSF. Архивирано од изворникот на 24 October 2009. Посетено на 16 August 2008.
  2. „Umeå FC“ (шведски). Umeå FC. Архивирано од изворникот на 22 June 2008. Посетено на 15 August 2008.
  3. 3,0 3,1 „Jesper Blomqvist-Manchester United FC“. www.sporting-heroes.net. Посетено на 15 August 2008.
  4. „UEFA Champions League“. UEFA. Посетено на 15 August 2008.
  5. 5,0 5,1 „Swedish player awards“ (шведски). Swedish FA. Архивирано од изворникот на 2 December 2008. Посетено на 27 August 2008.
  6. „Blomqvist unhappy at sub's role“. The London Independent. Newspaper Publishing PLC. 18 July 1998. Архивирано од изворникот на 16 March 2009. Посетено на 15 August 2008.
  7. „Italy Championship 1997/98“. Maurizio Mariani. RSSSF. Посетено на 15 August 2008.
  8. „Soccernet England: Jesper Blomqvist“. Soccernet. Архивирано од изворникот на 10 December 2008. Посетено на 15 August 2008.
  9. 9,0 9,1 „Jesper Blomqvist player profile“. Архивирано од изворникот на 17 June 2008. Посетено на 15 August 2008.
  10. „United crowned kings of Europe“. BBC. 26 May 1999. Посетено на 15 August 2008.
  11. „Smith confirms Blomqvist deal“. Phil McNulty. BBC. 7 November 2001. Посетено на 15 August 2008.
  12. „Everton see off Sunderland“. BBC Sport (British Broadcasting Corporation). 12 January 2002. Посетено на 27 November 2009.
  13. „Winger Blomqvist snubs "unprofessional" Boro“. The Northern Echo. 1 September 2002. Посетено на 15 August 2008.
  14. „Sweden's Djurgarde sign Blomqvist“. ESPNsoccernet. 11 July 2003. Архивирано од изворникот на 9 December 2008. Посетено на 15 August 2008.
  15. „Blomqvist ska sänka sin gamla klubb“. Carl Göransson (шведски). unt.se. 27 August 2008. Архивирано од изворникот на 2 December 2008. Посетено на 14 September 2008.
  16. „Match information: Mjallby AIF 3:0 Enkoping“ (шведски). Swedish FA. Архивирано од изворникот на 17 March 2009. Посетено на 15 August 2008.
  17. „Match information: Enkoping 1:0 Sirius“ (шведски). Swedish FA. Архивирано од изворникот на 17 March 2009. Посетено на 17 September 2008.
  18. Urban Rybrink (8 December 2009). „Jesper Blomqvist: Bajen ledande på talangområdet“. hammarbyfotboll.se (шведски). Hammarby IF. Архивирано од изворникот на 15 January 2010. Посетено на 9 December 2009.
  19. „Stående ovationer för Blomqvist i comebacken“ (шведски). Aftonbladet. Посетено на 12 November 2011.
  20. „Ingen fortsättning för Jesper Blomqvist nästa år“ (шведски). Hammarby IF. Архивирано од изворникот на 17 June 2011. Посетено на 12 November 2011.
  21. „Det gör 94-laget i dag - så gick det sen, del två“. Expressen (шведски). 3 July 2012. Посетено на 18 July 2013.
  22. „Eight players who can illuminate this weeks quarter final“. The Independent London. 26 February 1995. Архивирано од изворникот на 16 March 2009. Посетено на 15 August 2008.
  23. „Brazil - Sweden“. FIFA. Архивирано од изворникот на 1 August 2008. Посетено на 15 August 2008.
  24. „Blomqvist in world cup frame“. BBC. 14 January 2002. Посетено на 15 August 2008.
  25. „Jesper eyes Swedish return“. Sky Sports. Архивирано од изворникот на 16 July 2011. Посетено на 9 September 2008.
  26. „Blomqvist attacker prosecuted“ (шведски). TV4. Архивирано од изворникот на 2 December 2008. Посетено на 9 September 2008.
  27. „Jesper Blomqvist nya kärlek – berättar om Erica“. femina.se (шведски). 8 January 2021. Посетено на 8 January 2021.
  28. „League appearance and goal statistics as of 2004“. Посетено на 9 September 2008.
  29. „Blomqvist Career“. footballdatabase.com. Посетено на 15 August 2008.
  30. „Jesper Blomqvist Swedish career statistics“ (шведски). Swedish FA. Архивирано од изворникот на 2009-03-17. Посетено на 13 September 2008.
  31. Endlar, Andrew. „Jesper Blomqvist“. StretfordEnd.co.uk. Посетено на 6 January 2009.
  32. „Jesper Blomqvist“. Acmilan.pl. Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на 21 May 2011.
  33. „Jesper Blomqvist – National Football Teams“. National Football Teams. Посетено на 18 January 2013.

 Надворешни врски

уреди
  • Јаспер Бломквист на СвФФ (на Шведски) (archive)