Јанина (округ)

округ во Грција
(Пренасочено од Јанинско)

Јанина (грчки: Περιφερειακή ενότητα Ιωαννίνων) — округ во областа Епир, Грција. Главен град на округот е Јанина. Ова е најголемиот округ во Епир е меѓу најголемите во државата.

Јанина
Περιφερειακή ενότητα Ιωαννίνων
округ
Општини во Јанина
Општини во Јанина
Округот Јанина во Грција
Округот Јанина во Грција
Координати: 39°45′N 20°50′E / 39.750° СГШ; 20.833° ИГД / 39.750; 20.833
ЗемјаГрција
ОбластЕпир
Адм. центарЈанина
Површина
 • Вкупна4.990 км2 (1,930 ми2)
Население (2011)
 • Вкупно167.901
 • Густина34/км2 (87/ми2)
Пошт. бр.44x xx, 45x xx
Повик. бр.265x0
ISO 3166GR-33
Рег. таб.IN
Мреж. местоnomioan.gr

Географија

уреди

Округот Јанина се граничи со Албанија на север, окрузите Костур на североисток, Гребен и Трикала на исток, Арта на југоисток, Превеза на југ и Теспротија на југозапад и запад.

Јанина е планински округ во кој доминира венецот Пинд на источниот дел. Помали вериги во состав на Пинд, од север кон југ, се следниве: Грамошта, Смолика (2.637 м, највиска во Пинд), Тимфи, Лигос, Пелистер (Лакмос) и Џумерка (Атаманика). Меѓу пониските планини, Ксеровуни е на југ, а Томар на југозапад.

Јанинското Езеро е најголемо езеро во Епир. Во округот извираат неколку поважни реки, меѓу кои Војуша, Арахтос и Ахерон.

Подрачјето на денешниот округ е припоено кон Грција во 1913 г. по Првата балканска војна, остварувајќи ги намерите на „Големата идеја“ (Мегали-идеја).

Општини

уреди

Јанинскиот округ е поделен на 8 општини. These are (прикажани со нивните броеви на картата во инфокутијата):[1]

Сообраќај

уреди
  • EO5/E55 Ј, Цен.
  • EO6, З, Цен., И
  • EO17, Ј, ЈЗ
  • EO20/E55, Цен., СЗ, С
  • EO26, СЗ
  • Егнатија/E90, СЗ, Цен., СИ
  • Јанински аеродром

Туризам

уреди

Како и највеќето од копнена Грција, Јанина не е популарна меѓу туристите колку островите. Сепак, ова подрачје има низа природни и историски знаменитости. Покрај градот Јанина, тие се:

  • Црковишта (Додони) — археолошко наоѓалиште со пророчиште и амфитеатар.
  • Национален парк Вик-Војуша — ја опфаќа клисурата Вик низ која тече реката Водоматица.
  • селата во областа Загори, делумно во Националниот парк Вик-Војуша.
  • загорското село Папинго — скијчако одморалиште и почетно место за планинарство и високогорство.
  • планината Смолика (2.637 м) — втора по височина во Грција.
  • Мечово — скијачки центар
  • пештерите во Перама, неколку километри североисточно од Јанина.
  • споменикот во Залонго во чест на жените од с. Сули.
  • Воениот музеј во с. Калпаки.
  • Бурзанскиот мост кај Мелисоптера.
  • Музеј на грчката историја „Павлос Врелис“ — најпознатиот музеј на восочни фигури во Грција.

Спорт

уреди

Најголемиот фудбалски клуб во округот е „ПАС Јанина“. Помали клубови во округот се:

  • „Авероф“
  • „Велисарио“
  • „Дафнула“
  • „Елеуса“
  • „Кефаловриси“
  • „Мечово“
  • „Мусјотица“

Литература

уреди

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди