Пелистер (Грција)
Пелистер или Лакмос (грчки: Περιστέρι, Λάκμος) — планина венецот Пинд, сместена во источна Јанина во Епир и западна Трикала во Тесалија. Нејзиниот највискиот врв, исто така Пелистер, се издига на 2 295 метри надморска височина.[1] Се протега во должина од 20 км, од селата Големо и Мало Готишта на запад, па речиси до Мечово на исток. Најблиски околни планини се Џумерка (Атаманика, Ѕумерка) на југ, Лигос на север и Мечкели на запад. Планината се одводнува од реката Мечовица и нејзините притоки на север, запад и југ, како и Ахелој на исток. Мечовица потоа тече на југ и откако ќе прими извесни притоки ја образува Арахтос.
Пелистер | |
---|---|
Περιστέρι / Λάκμος | |
Пелистер | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 2 295 м [1] |
Координати | 39°41′02″N 21°07′23″E / 39.684° СГШ; 21.123° ИГД |
Географија | |
Најблиското гратче е Мечово, сместено на североисточниот крај. Други населени места на планината се Лепеница (Антуса) во југоисточниот, Дервендишта (Антохори) во северниот, Големо Готишта (Мегали Готиста) во западниот и Провала (Ватипедо) во југозападниот дел. Автопатот „Егнатија“ (А2) (Игуменица - Јанина - Кожани - Солун - Дедеагач) поминува северно од планините.
Поврзано
уреди- Пинд
- Јанина
- Пелистер — највисокиот врв на Баба Планина во Македонија
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Пелистер Архивирано на 17 мај 2008 г. на порталот Планинска флора на Грција (англиски)
- Пелистер (Лакмос) — GTP (англиски)
- Пелистер (Лакмос) Архивирано на 29 октомври 2013 г. — Грчка туристичка организација (грчки)