Лигос
Лигос или Лингос (грчки: Λύγκος, Лингос) — планина во состав на венецот Пинд, на границата меѓу Гребенско во Егејска Македонија и Јанинско во Епир, Грција. Највисокиот врв е Авго, кој се издига на 2.177 м надморска височина.[1]
Лигос | |
---|---|
Λύγκος | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 2.177[1] м |
Координати | 39°55′30″N 21°05′45″E / 39.9251° СГШ; 21.0957° ИГД |
Географија | |
Место | Гребенско, Егејска Македонија и Јанинско, Епир |
Матичен венец | Пинд |
Планината ја заградува долината Валја Калда, која е дел од Националниот парк „Пинд“.[2]
Географија
уредиПланината е изолирана, сместена на самата граница меѓу Егејска Македонија и Епир. Во непосредна близина на највисокиот врв Авго се наоѓа ледничко езеро. Друг значителен врв на планината е Пиростија (1.967 м).
Бидејќи планината Лигос нема точна локација, разни извори погрешно ја сметаат како дел од околните планини. Во XIX-XX век, нејзината местоположба било јужно од древната област Линкестида, на место на планините Смолика и Тимфи.[3]
Најблиски околни планини се Василица на север, Хасија на исток, Пелистер на југ и Тимфи на запад. Најблиското гратче е Мечово, сместено на 15 км јужно од планината. Други населени места на планината се Војуша на западниот и Периволи на северниот дел. Планината се одводнува од реката Венетик, притока на Бистрица.
Планината Лигос е обрасната со густа шума, со планински пасишта на повисоките височини. Таа претставува едно од највлажните и најстудени подрачја во Грција.[4]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Oreivatein.com“. Архивирано од изворникот на 2021-10-23. Посетено на 2024-01-12.
- ↑ „Официјална страница на Националниот парк Пинд“. Архивирано од изворникот на 2011-04-03. Посетено на 2023-01-13.
- ↑ Νέζης, Νίκος (2010). Τα ελληνικά βουνά : γεωγραφική εγκυκλοπαίδεια. Τόμος 2. Ηπειρωτική Ελλάδα. Πελοπόννησος - Στερεά Ελλάδα - Θεσσαλία - Ήπειρος - Μακεδονία - Θράκη. Αθήνα: Ελληνική Ομοσπονδία Ορειβασίας Αναρρίχησης : Κληροδότημα Αθ. Λευκαδίτη. стр. 416. ISBN 978-960-86676-6-2.
- ↑ Заштитени подрачја во Јанинско (грчки)