Ахерон
Ахерон (грчки: Αχέρων; албански: Lumi i Gliqisë - Гличка Река) — река во областа Епир во северозападна Грција. Изворот е блиску до селото Селои, во југозападниот дел од Јанина. Се влева во Јонското Море блиску до Парга.
Митологија
уредиАхерон е „река на болката“ во подземниот свет Ад преку која Харон во својот чамец ги превезувал душите на умрените.[1][2]
Ахерон бил исто така бог во старогрчката митологија, кој ја чувал реката Ахерон, река во подземниот свет Ад. Неговата доилка била аветот Мормолика.
За Ахерон
уреди- Платон во своето дело Федон ја опишал Ахерон као втора најголема рекау на свиетот. По Платон најголема река е Океан. Тој тврдел дека реката Ахерон течела под земја и пустина, и тоа во спротивна насока од Океан.
- Данте во Божествената комедија во делот за Пеколот, опишува дека Ахерон е река која е на граница помеѓу пеколот и предпеколот.
- Во шестата книга на Енеида, Вергилиј ја споменува реката Ахерон, заедно со описите на сите останати реки.
Поимот Ахерон често се користел како синоним за подземниот свет Ад.
Надворешни врски
уредиНаводи
уреди- ↑ Homer, The Odyssey x. 513
- ↑ Pausanias, Description of Greece i. 17, § 5