Сундско-сулавески јазици

Сундско-сулавеските јазици (наречени и внатрешни хесперонезиски јазици) се претпоставена гранка на австронезиското јазично семејство според австралиските лигвисти Ф. Воук и М. Рос.[1] Во гранката влегува најголемиот дел од јазиците на островот Сулавеси и Големите Сундски Острови, како и неколку географски поооддалечени јазици како чаморскиот и палауанскиот јазик.

Сундско-сулавески
Внатрешни хесперонезиски
Западни малајско-полинезиски
Географска
распространетост:
јужен Тајланд, јужни Филипини, Брунеј, Малезија, Индонезија и Микронезија
Класификација:австронезиски
Гранки:
15 гранки (провиз.)

Сундско-сулавеските јазици (црвено). Не е прикажан чаморскиот. Јазиците во Камбоџа, Виетнам и Хајнан се чамски јазици, а оние на крајбрежна Бурма и Тајланд се мокленски. Во неприкажаните подрачја на Малаја се говорат аслиски јазици, а оние на Борнео и Сулавеси се борнејско-филипински.

Според овој предлог, претходно претпоставениот клад на западни малајско-полинезиски (ЗМП), нарчени и хесперонезиски, е разделен на „внатрешен“ клад (сундско-сулавески) и „надворешен“ клад (борнејско-филипински), додека поимот западни малајско-полинезиски е чисто географска претстава.

Најголема јазична разнообразност се среќава на Сулавеси, веројатната прататковина на јадрените малајско-полинезиски јазици. Меѓутоа, историските јазичари не ги обработуваат како група, а можно е самата сундско-сулавеска група да не претставува генеалошки клад, туку парафилетски јазици што припаѓаат на јадрените МП вон централно-источните малајско-полинезиски јазици (од претпоставка дека ова е исправна група, што не е утврдено).

Не сите јазици на Сулавеси припаѓаат на сундско-сулавеските (внатрешни хесперонезиски) јазици. Дваесетте јазици на северниот полуостров на Сулавеси и околните острови на север се членови на борнејско-филипинскиот клад (надворешни хесперонезиски).

Класификација

уреди

Постои низа мали групи на јазици од сундско-сулавеската целина чие сродство сè уште не е доразјаснето. Групурајќи ги географски, тие се:

(Среден и јужен Сулавеси)

(Големи Сундски Острови)

(Тихоокеански острови)

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Fay Wouk and Malcolm Ross (ed.), The history and typology of western Austronesian voice systems. Australian National University, 2002
  • K. Alexander Adelaar and Nikolaus Himmelmann, The Austronesian languages of Asia and Madagascar. Routledge, 2005.