Клад' (од грч. κλάδος = „гранка“)[1] — група составена од вид (изумрен или денешен) и сите негови потомци. Во однос на биолошката систематика, кладот е еден „огранок“ од лозата на речена „дрво на животот“.[2] Здружувањето на организми во „природна група“ со извесно таксономско име игра клучна улога во биолошката класификација. Во кладистиката (наречена по овој поим), кладовите се единствените прифатливи единици.

Кладограм (семејна лоза) на биолошка група. Црвените и сините квадрати претставуваат кладови (т.е. целосни гранки). Зелениот квадрат не е клад, туку претставува еволутивен степен (што е нецелосна група), бидејќи синиот клад потекнува од него, но е исклучен.

Поимот е измислен во 1958 од англскиот биолог Џулијан Хаксли.[2]

Дефиниции

уреди
 
Кладограм на крокодилите - визуелна претстава на нивното сродство

Клад и предок

уреди

Кладот е монофилетски бидејќи содржи еден предок (што може да биде организам, популација или вид) и сите негови потомци. Поимот клад се однесува на групирањето на предокот заедно со неговите живи и/или изумрени потомци. Потомокот може да е теоретски (претпоставен) вид или фактички вид за кој се знае дека постоел.

Начини на определба

уреди

Постојат три начини на определување на кладовите во филогенетската номенклатура: по глуждови, по стебла и по апоморфија:

  • Определба по глуждови: тука кладот A e најмалку опфатниот што содржи таксони (или примероци) X, Y итн. и нивниот заеднички предок. Предокот е местото на разгранување наречено „глужд“.
  • Определба по стебла, А refers to the најопфатниот клад што ги содржи X, Y итн. и нивниот заеднички предок, сè до онаму каде Z се раздвојува во гранка под A. Таксоните помеѓу глуждот на A, па сè до (но без) местото на разгранување на Z, т.е. „стеблото“ на A.
  • Определба по апоморфија: A е кладот утврден по апоморфија (особина) пристуна во X, Y итн и нивниот заеднички предок.

Во Линеевата таксономија, кладот го определува збир особини (апоморфии) што ѝ е својствен само на таа група. Овој систем во основа е сличен на апоморфниот кај филогенетската номенклатура. Разликата е во тоа што филогенетската систематика се води по потомок со извесна особина, додека Линеевата таксономија ги определува групите по самите особини.

Кладовите како концепции

уреди

Во кладистиката, кладот е хипотетичка концепција создадена врз основа на податоци добиени од опити. Кладовите се утврдуваат со статистичка анализа на повеќе (напати стотици) особини кај ред видови (или примероци), со што се добива најверојатната филогенетска лоза на таа група.[3] Иако има сличности со биолошката класификација на видовите, овој метод е статистички и затоа е непосредно отворен за проверки и претолкувања. Менувајќи ја филогенетската анализа се менува и фактичката содржина на секој утврден клад.[4] Иако во таксономијата кладовите можат да послужат како помошна алатка (кајшто е изводливо), таксономското „дрво на животот“ не е исто што и кладистика. Традиционалните родови, фамилии и сл. не мора да бидат кладови, иако често се.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. κλάδος Архивирано на 17 декември 2013 г. - грчко-македонски речник на он.нет
  2. 2,0 2,1 Dupuis, Claude (1984). „Willi Hennig's impact on taxonomic thought“. Annual Review of Ecology and Systematics. 15: 1–24. ISSN 0066-4162.
  3. Hyvönen, Jaako (2005). „Monophyly, consensus, compromise“ (pdf). University of Helsinki. Посетено на 15 јануари 2010.
  4. Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)

Надворешни врски

уреди