Bring Me to Life

(Пренасочено од Wake Me Up Inside)

„Bring Me to Life“ е песна од американската рок група Evanescence. Издадена е на 22 април 2003 и е прв сингл од нивниот прв албум Fallen. Таа е една од песните во филмот Daredevil.[1] Во настапите во живо наместо Паул Мекој следечки вокал на Ејми Ли е Џон Лекомп. Песната е напишана од Ејми и Бен Муди. Оваа песна е најуспешниот хит на бендот. Се има искачено на 15 интернационални листи, и има освоено Греми Награди за Најдобра Хард Рок Изведба и на 46 Греми награди.

„Bring Me to Life“
Сингл од Evanescence
од албумот Fallen
Страна Б „Farther Away“, „Missing“
Издаден 22 април 2003
Формат ЦД сингл, ДВД сингл, дигитален доунлоуд
Снимен 2004
Жанр Алтернативен рок
Должина 3:58
Издавачка куќа Wind-up
Композитор Ејми Ли, Бен Муди и Дејвид Хоџес
Продуцент Дејв Фортман
Хронологија на синглови на Evanescence
Bring Me to Life
(2003)
Going Under
(2003)

Издавање

уреди

Песната е издадена на 22 април 2003 како прв сингл од нивниот прв албум Fallen. Отпрвин песната „Going Under“ требало да биде прв сингл, но бидејќи „Bring Me to Life“ требало да се појави во филмот Daredevil, „Going Under“ станал втор сингл на бендот. Б-страна на песната „Bring Me to Life“ е песната „Farther Away“ (верзијата од албумот Fallen, за која немало место да се појави во првиот албум, па била префрлена во албумот во живо Anywhere but Home).

Порани верзии од „Bring Me to Life“ биле снимани во демо албумите на бендот, пред да се издаде нивниот прв студиски албум, и сите верзии имале поразлични звуци отколку денешната верзија. Акустичната верзија е снимена на Bring Me To Life ДВД. И пораните верзии на песната се издадени како ремикс и акустична верзија. Верзијата во живо на песната се наоѓа во албумот во живо Anywhere but Home, каде Ејми Ли на почетокот свири на пијано и пее, а наместо Паул Мекој, следечки вокал е Џон Лекомп.

„Bring Me to Life“ се искачил на #73 место на Billboard табелата за 'Најдобри Рок Песни во 2000-те' и е единствен случај каде бенд на чело со женски вокал се има искачено.[2]

Појава на песната

уреди

Ејми Ли изјавила дека песната има повеќе значења.„Јас бев инспирирана да ја напишам песната кога еден човек ми рече нешто — Јас не го познавав па помислив дека е можеби, видовит," кажала Ејми за време на пауза од турнејата во Тулса за The Boston Phoenix. "Јас бев во врска и бев многу несреќна. Но го криев тоа. Бев малтретирана, но го криев тоа; Не сакав дури ни да си го признаам тоа на самата себеси. Па позборував можеби 10 или 15 зборови со тој човек, кој беше пријател на еден мој пријател. Ние ги чекавме другите да дојдат, влеговме во ресторан и седнавме на маса. Тој ме погледна и ми рече, ‘Дали си среќна?’ Јас почувствував дека срцето ми чука брзо, и помислив дека тој знае што мислам јас. И го излажав, му реков дека сум добра. Тој не е видовит.“[3] Другото значење е за „будењето од сите нешта кои ги пропуштате одамна“.[4]

Подоцна таа во интервју наречено „Amy Lee: Back In Black“ изјавила дека песната била посветена на тогашниот пријател, а денешен сопруг Џош Хартзлер.[5]

Музичко видео

уреди

За песната набрзо е снимено и музичко видео кое стана хит на MTV каде што се прикажуваше. Во ова видео е прикажана Ејми како спие на врвот на висока зграда. Истовремено остатокот на бендот свири во соседната зграда. Ејми сонува како паѓа од зградата, но ќе се разбуди кога ќе почне рефренот на песната. Таа ќе се искачува низ зградата додека не стигне до прозорецот на зградата каде што свири бендот. Паул Мекој тогаш ќе го отвори прозорецот и таа ќе почне да паѓа, но паѓајќи ќе се фати за работ на прозорецот. Следи делот каде Ејми и Паул пејат заедно, но Ејми нема да се спаси и ќе падне од зградата. На крајот од спотот таа ќе се разбуди; сето тоа било кошмар.

Други верзии

уреди

Џош Теш издал инструментална верзија на песната на албумот од 2007, A Passionate Life.[6] Класичната пејачка од Велс, Кетрин Џенкинс, ја препеала песната на нејзиниот албум Believe. Германскиот бенд Gregorian издале друга верзија на песната на нивниот албум од 2010, Dark Side of the Chant.

Список на песни

уреди

Сите песи се напишани од Бен Муди, Ејми Ли, и Дејвид Хоџес, освен ако нема забелешка.

Австалиски сингл
Бр. Наслов Траење
1. „Bring Me to Life“ (Албум верзија) 3:56
2. „Bring Me to Life“ (Bliss Микс) 3:59
3. „Farther Away“ (Албум верзија) 3:58
4. „Missing“ (Албум верзија) 4:15
Подоцен сингл
Бр. Наслов Траење
1. „Bring Me to Life“ (Албум верзија) 3:56
2. „Bring Me to Life“ (Bliss Микс) 3:59
3. „Farther Away“ (Албум верзија) 3:58
4. „Bring Me to Life“ (Музичко видео) 4:14
ДВД
  1. Bring Me To Life - Видео
  2. Bring Me To Life - Албум верзија
  3. Bring Me To Life - Аксутична верзија во живо
  4. My Immortal - Аксутична верзија во живо
  5. Интервју

Табели

уреди

„Bring Me to Life“ се искачил во топ 10 во повеќе од 15 држави ширум светот и во топ 20 во неколку други земји со што тој станал најуспешниот сингл на бендот до денеска. Добил Платина во 2003, со повеќе од 1 милион продадени копии во САД. Си искачил во првите песни на табелата Билборд Алтернативни Песни и на Поп 100 каде останал неколку недели, а се искачил и на #5 на Билборд Хот 100.[7] Исто така се искачил на #4 на табелата за Возрасни Поп Песни. Песната исто така се искачил на табелите на христијанскиот рок, бидејќи текстот бил протолкуван како повик за повторно раѓање на Исус Христот од неколку слушачи.[8][9] Песната исто така имала голем успех надвот од САД, искачувајќи се на првите места во Австрија, Белгија, Италија и Обединетото Кралство, во првите 5 во Австрија, Канада, Франција, Ирска, Германија, Нов Зеланд, Норвешка, Холандија и Шведска. Синглот се искачил меѓу првите 20 и во многу други држави.

Табела (2003)[10] Највисока
позиција
Австралија 1
Австрија 3
Белгија (Фландрија) 7
Белгија (Валонија) 2
Канада 3
Данска 2
Холандија 6
Европски Хот 100 Синглови[11] 1
Финска 11
Франција 5
Германија 2
Ирска 2
Италија 1
Нов Зеланд 3
Норвешка 2
Шведска 2
Швајцарија 6
Обединето Кралство 1
U.S. Билборд Хот 100[12] 5
U.S. Билборд Модерни Рок Песни[12] 1
U.S. Билборд Мејнстрим Рок Песни[12] 11
U.S. Билборд Мејнстрим Топ 40[12] 1
Табела (2004) Највисока
позиција
Канада[12] 3
Табела (2006) Највисока
позиција
САД Билборд Хот Дигитални Песни[12] 35
Табела (2009) Највисока
позиција
Обединето Кралство 97
Табела (2010) Највисока
позиција
Италија 81

Сертификации

уреди
Држава Сертификација
Германија [13] Злато
САД Платина

Награди и достигнувања
Претходник
Foo Fighters
Греми Награди за Најдобра Хард Рок Изведба
2004
Наследник
Velvet Revolver
Претходник
Rock Your Body“ од Џастин Тимберлејк
Австриска ARIA Сингл Табела број-еден сингл
18 мај 2003 - 22 јуни 2003
Наследник
Innocent Eyes“ од Delta Goodrem
Претходник
Can't Stop“ од Red Hot Chili Peppers
Билборд Модерни Рок Песни број-еден сингл
29 март 2003
Наследник
Somewhere I Belong“ од Linkin Park
Претходник
Ignition (remix)“ од Р. Кели
UK Singles Chart број-еден сингл
8 јуни 2003 - 6 јули 2003
Наследник
Crazy in Love“ од Бијонсе Ноулс со Џеј-Зи
Претходник
„Un'emozione per sempre“ од Ерос Рамазоти
Италијанска FIMI Сингл Табела број-еден сингл (прв дел)
26 јуни 2003 - 10 јули 2003
Наследник
Get Busy“ од Син Паул
Претходник
Get Busy“ од Син Паул
Италијанска FIMI Сингл Табела број-еден сингл (втор дел)
24 јули 2003 - 31 јули 2003
Наследник
Get Busy“ од Син Паул
Претходник
"Get Busy" од Sean Paul
Италијанска FIMI Сингл Табела број-еден сингл (трет дел)
4 август 2003 - August 11, 2003
Наследник
"You Weren't There" од Лене Марлин

Наводи

уреди
  1. http://itunes.apple.com/us/album/daredevil-the-album-original/id319364445
  2. „Best of the 2000s: Rock Songs“. Billboard.com. 2009. Посетено на December 30, 2009.
  3. Carioli, Carly (2003-09-12). „Amy Lee on bringing Evanescence's 'Bring Me to Life' to life“. BostonPhoenix.com. Архивирано од изворникот на 2007-09-28. Посетено на 2007-02-27.
  4. Kaufman, Gil (2003-05-09). „Evanescence: Fallen To the Top“. VH1 News. Архивирано од изворникот на 2012-10-21. Посетено на 2007-03-10.
  5. Eells, Josh (October 2006). „Amy Lee: Back in Black“. Blender. Посетено на 2007-10-29.
  6. „A Passionate Life: Tracks“. Allmusic.com. Посетено на July 3, 2010.
  7. http://www.billboard.com/#/song/evanescence/bring-me-to-life/4426234
  8. Breimeier, Russ (2003). „Fallen (Wind-Up)“. Christian Music Today. Архивирано од изворникот 2007-10-26. Посетено на 2007-10-29. 'Bring Me to Life,' as excerpted above, reads as a solid plea for spiritual revival.
  9. Breimeier, Russ (2006). „Comatose (Ardent/SRE/Lava/Atlantic)“. Christian Music Today. Архивирано од изворникот на 2007-10-26. Посетено на 2007-10-29.
  10. „International charts“. Hit Parade. 2003. Посетено на 2009-04-25.
  11. Evanescence Tops U.K. Singles, Album Charts Billboard magazine
  12. 12,0 12,1 12,2 12,3 12,4 12,5 Billboard magazine (2004). „Billboard charts“. All Music Guide. Посетено на 2009-04-25.
  13. „База на податоци за златни и платински албуми“. Сојузна музичка индустрија. (германски)