Омско време
Омско време (OMST) — часовен појас во Русија, шест часа понапред од Гринич (UTC+06:00) и 3 часа понапред од московското време (MSK).[1]
UTC+2 | MSK−1: Калининградско време | |
UTC+3 | MSK: Московско време | |
UTC+4 | MSK+1: Самарско време | |
UTC+5 | MSK+2: Екатеринбуршко време | |
UTC+6 | MSK+3: Омско време | |
UTC+7 | MSK+4: Краснојарско време | |
UTC+8 | MSK+5: Иркутско време | |
UTC+9 | MSK+6: Јакутско време | |
UTC+10 | MSK+7: Владивосточко време | |
UTC+11 | MSK+8: Средноколимско време | |
UTC+12 | MSK+9: Камчатско време |
Историја
уредиСè до 1991 г. омскиот било еден од двата часовни појаса во советска Средна Азија. Покрај Омската област во Руската СФСР, појасот ги опфаќал источните две третини на Казашката ССР, сета Киргиска и сета Таџичка ССР, како и источниот дел на Узбечката ССР. Најважни градови кои се воделе по ова време биле Омск, Алма-Ата (Алмати), Фрунзе (Бишкек), Душанбе и Ташкент.
Со распадот на Советскиот Сојуз, појасот останал да важи само за Омската област. Осамостоените средноазиски држави престаналесо летно сметање на времето, а Узбекистан и Таџикистан воедно го поместиле времето еден час наназад.
Во следните две децении во Русија е направено приближување на појасите кон Москва. До 2010 г. цел западен Сибир се вратич еден час наназад, на Москва+3, со тоа поистоветувајќи се омското време.
Во 2011 г. во Русија е воведено целогодишно летно сметање на времето. Наместо да се префрла од UTC+6 зиме на UTC+7 лете, омското врмее биле определено како UTC+7 сè до 2014 г., кога е вратено на UTC+6 низ целата година; исклучок од ова е Кемеровската област, која решила да остане во UTC+7 — краснојарското време.
Во 2016 г. Алтајскиот крај, Република Алтај,[2] Томската [3] и Новосибирската област[4] се префрлиле на краснојарското време (UTC+7).
Денес омското време важи само во Омската област.
Наводи
уреди- ↑ „RUSSIA TIME ZONES - RUSSIA CURRENT TIMES“. TimeTemperature.com. Посетено на 15 July 2012.
- ↑ „Новости - Федеральное агентство по техническому регулированию и метрологии (РОССТАНДАРТ)“. Архивирано од изворникот на 2017-12-10. Посетено на 2018-08-05.
- ↑ СФ одобрил перевод времени в Томской области на час вперед | Общество | Аргументы и Факты
- ↑ „Госдума окончательно утвердила перевод стрелок в НСО на час вперед“. news.ngs.ru. Посетено на 2016-06-22.