Музичка индустрија
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Музичка индустрија е индустрија што создава, изведува, промовира и одржува музика.
Четири најголеми издавачи на снимена музика во светот кои зафаќаат 80% од музичкиот пазар се:
- EMI Group (Велика Британија)
- Sony BMG Music Entertainment
- Universal Music Group (Франција)
- Warner Music Group (САД)
Тие во свое сопствеништво имаат повеќе помали издавачи, со поспецифичен жанровски или изведувачки профил.
Покрај нив, музичката индустрија ја сочинуваат:
- музичари или изведувачи
- музички групи
- музички синдикати
- композитори
- издавачи кои се сопственици или посредници на механичките права и авторските права над композициите
- авторски задруги
- музички продуценти
- музички дистрибутери
- уметнички директори