Леќа
Леќа | |
---|---|
Три сорти леќа | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Ред: | Бобовидни |
Семејство: | Бобови |
Потсемејство: | Глушини |
Род: | Леќа |
Вид: | Кујнска леќа |
Научен назив | |
Lens culinaris Medikus |
Леќа („кујнска леќа“ или „обична леќа“; англиски: Lens culinaris) — грмушесто едногодишно растение од семејството на бобови (Fabaceae) кое нашироко се одгледува како зрнеста култура. Достигнува 40 см во висина и има обично по две сплеснати семки сместени во мешунка.
Човекот ја користи леќата за исхрана уште од предгрнчарскиот период на новото камено време и со тоа е една од првите припитомени растителни култури на Блискиот Исток. Археолошките наоди укажуваат на нејзина употреба пред 9.500 до 13.000 години.[1]
По боја, леќата може да биде жолта, портокалово-црвена, зелена, кафеава или црна.[1] Сортите се разликуваат и по големина и се продаваат со или без лупка, располовени или цели.
Хранлива вредност и здравствени особини
уредиХранлива вредност на 100 г | |
---|---|
Енергија | 1,477 kJ (353 kcal) |
60 г | |
Шеќери | 2 г |
Влакна | 3,1 г |
1 г | |
26 г | |
Витамини | |
Тиамин (Б1) | (76 %) 0,87 мг |
Рибофлавин (Б2) | (18 %) 0,211 мг |
Ниацин (Б3) | (17 %) 2,605 мг |
Пантот. кис. (Б5) | (42 %) 2,120 мг |
Витамин Б6 | (42 %) 0,54 мг |
Фолна кис. (Б9) | (120 %) 479 μг |
Витамин Ц | (5 %) 4,4 мг |
Минерали | |
Калциум | (6 %) 56 мг |
Железо | (58 %) 7,54 мг |
Магнезиум | (34 %) 122 мг |
Фосфор | (64 %) 451 мг |
Калиум | (20 %) 955 мг |
Натриум | (0 %) 6 мг |
Цинк | (50 %) 4,78 мг |
Други состојки | |
Вода | 10,4 г |
| |
Постотоците се приближно пресметани според препораките за возрасни лица во САД. Извор: База за хранливост — USDA |
Со приближно 30% од калориите во белковински облик, леќата го зазема третото место по застапеност на белковини по единица тежина од сите зрнести, оревести и мешункасти плодови, веднаш по сојата и конопот.[2] Во белковините се застапени неопходните аминокиселини изолеуцин и лизин. Како таква, леќата има голема улога како важен извор на белковини кај земјите од Западна Азија и Индискиот Потконтинент кои имаат големо вегетаријанско население.[3] Од друга страна, растението е недостатно на две еденцијални аминокиселини: метионинот и цистеинот.[4]
Леќата содржи и прехранбени влакна, фолна киселина, витамин Б1 и минерали. Црвената (или розова) леќа има пониска концентрација на влакна од зелената (11% наспроти 31%).[5] Важи за мошне добар извор на железо. Една шолја сварена леќа задоволува преку половина од дневната потреба од железо кај човекот.[6]
Бидејќи леќата има мали количества на лесносварлив скроб (5%), а доста бавносварлив скроб (30%), таа е особено погодна за лица со шеќерна болест. Останатите 65% се отпорен скроб од класата RS1,[7] кој е висококвалитетен отпорен скроб со 32% амилоза.
Леќата има и извесни противхранлици чинители, како што се трипсински забавувачи и релативно големата количина на фитати. Трипсинот е ензим со улога во варењето на храната, а фитатите ја намалуваат биорасположивоста на прехранбените минерали.[8] Количеството на фитати може да се намали со чување на леќата во топла вода одвечер.
Производство
уредиРастението се одгледува ширум целиот свет и е релативно отпорно на суша. Според Организацијата за исхрана и земјоделство на ООН (ФАО) во 2009 г. во светот се произведени 3,917 милиони тони леќа, од кои најголемиот дел во Канада, Индија, Турција и Австралија.
Во Република Македонија производството на леќа бележи голем пад во последните две децении. Во 2007 г. се произведени 87 тони, споредено со 177 тони во 1999 г. и 254 тони во 1992 г.[9]
Околу една четвртина од леќата во светот се произведува во Индија и речиси сета се троши на домашниот пазар. Канада е најголем извозник на леќа во светот, при што 99% од неа се произведува во Саскачеван.[10] Во сезоната 2009/10 во земјата се произведени рекордни 1,5 милиони тони.[11] Најзастапена сорта е светлокафеавата.[10]
Место | Земја | 2010 | 2011 | 2012 |
---|---|---|---|---|
1 | Канада | 1.947.100 | 1.531.900 | 1.493.620 |
2 | Индија | 1.031.600 | 943.800 | 950.000 |
3 | Австралија | 140.000 | 379.659 | 463.000 |
4 | Турција | 447.400 | 405.952 | 438.000 |
5 | САД | 392.675 | 214.640 | 240.490 |
6 | Непал | 151.757 | 206.969 | 208.201 |
7 | Етиопија | 80.952 | 128.009 | 151.500 |
8 | НР Кина | 125.000 | 150.000 | 145.000 |
9 | Сирија | 77.328 | 112.470 | 130.229 |
10 | Иран | 100.174 | 71.808 | 85.000 |
— | Цел свет | 4.686.673 | 4.386.870 | 4.522.097 |
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Leah A. Zeldes (16 February 2011). „Eat this! Lentils, a prehistoric foodstuff“. Dining Chicago. Chicago's Restaurant & Entertainment Guide. Архивирано од изворникот на 2015-05-24. Посетено на 4 August 2011.
- ↑ Callaway JC (2004). Hempseed as a nutritional resource: an overview. Euphytica 140:65–72.
- ↑ „Essential Amino Acids“. Архивирано од изворникот на 2010-01-25. Посетено на 19 September 2014.
- ↑ Randy Sell. „Lentil“. North Dakota State University Department of Agricultural Economics. Архивирано од изворникот 2009-06-21. Посетено на 14 December 2011.
- ↑ „База на хранливи вредности на USDA“. Архивирано од изворникот на 2015-03-03. Посетено на 19 септември 2014. (англиски)
- ↑ „"Iron: food sources"“. Посетено на 19 September 2014.
- ↑ Kawaljit Singh Sandhu, Seung-Taik Lim Digestibility of legume starches as influenced by their physical and structural properties Elsevier, 16 март 2007
- ↑ "Effect of processing on some anti-nutritional factors of lentils", J. Agric. Food Chem.
- ↑ „Производство на леќа во Република Македонија — податоци од 1992 до 2007 г.“. Организација за исхрана и земјоделство на ООН. Посетено на 9 март 2015. (англиски)
- ↑ 10,0 10,1 „Lentil (Lens culinaris)“. Pulse Canada. Архивирано од изворникот на 2015-01-28. Посетено на 24 January 2015.
- ↑ „Crops Market Information - Canadian Industry“. Архивирано од изворникот на 2010-07-25. Посетено на 19 September 2014.
- ↑ „Производство на леќа по земји“. Организација за исхрана и земјоделство на ООН. 2012. Архивирано од изворникот на 2018-12-26. Посетено на 21 февруари 2014. (англиски)
Надворешни врски
уреди„Леќа“ на Ризницата ? |
- Леќа на Викивидовите ?
- „Леќа“ — Енциклопедија на живиот свет
- Леќа – добар извор на белковини Архивирано на 17 февруари 2015 г. — „Здравје и храна“ (македонски)
- „Леќа - одлична замена за месо“. Утрински Весник. 3 март 2013.[мртва врска] (македонски)