Отвори го главното мени

Anthrax (се чита: Антракс) е треш метал бенд од Њу Јорк, САД. Формирани се во 1981 година по иницијатива на гитаристите Скот Јан и Дени Лилкер, а оттогаш имаат издадено десет студиски албуми и преку 20 синглови. Биле едни од најпопуларните треш метал групи од доцните 80-ти, а често се вбројуваат во Големата четворка на треш сцената, во друштво на Металика, Мегадет и Слеер.[1] Официјалните податоци говорат дека во САД имаат продадено 3 милиони примероци од своите студиски изданија, додека во светот таа бројка е 15 милиони.[2][3]

Anthrax
Антракс на настап во Софија (22 јуни, 2010)
Од лево кон десно: Френк Бело, Џои Беладона и Скот Јан
Биографски податоци
ПотеклоЊу Јорк, САД
ЖанровиТреш метал, спид метал, грув метал, алтернативен метал
Период на активност1981–денес
ИздавачиМегафорс, Нуклеар Бласт, Ајланд, Електра, Санктуари
СоработнициNuclear Assault, Damnocracy, Brutal Truth, Armored Saint, Public Enemy, The Damned Things, Metallica, Slayer, Megadeth, Sepultura
Мреж. местоanthrax.com
Членови
Скот Јан
Чарли Бенанте
Франк Бело
Џои Беладона

Од првата постава на бендот останале само членовите Скот Јан, Чарли Бенанте и Френк Бело, кои воедно се појавуваат на секој студиски албум. Низ годините бендот имал двајца пејачи, и тоа Џои Беладона и Џони Буш. Од поранешните членови, значаен е придонесот на гитаристот Ден Спиц, кој учествувал во снимањето на шест албуми на Антракс. Последниот албум на составот е Worship Music, кој бил издаден во 2011 година.

НаводиУреди

  1. Lee, Cosmo (May 7, 2007). „Get Thrashed: The Story of Thrash Metal“. Stylus. Архивирано од изворникот на December 25, 2008. конс. December 16, 2008. 
  2. „Updated: Top-Selling Hard Rock Artists According To Nielsen Soundscan“. Blabbermouth.Net. конс. 2013-03-20. 
  3. Reardon, John (2009-10-29). „Interview: Meet Dan Spitz, Anthrax Guitarist Turned Master Watchmaker — HODINKEE - Wristwatch News, Reviews, & Original Stories“. Hodinkee.com. конс. 2013-02-21. 

Надворешни врскиУреди