Оваа статија се однесува на производителот на гитари Ibanez. За список на луѓе со името Ибањес, видете Ибањес.
Ibanez
Логото на Ibanez
Слоган Сè, освен традиционални.
Тип Приватна
Основана Нагоја, Јапонија (1981)
Главен штаб Бенсалем
Пенсилванија, САД
Клучни луѓе Хошино Гаки (основач)
Индустрија Музички инструменти
Произведува Гитари, басови, засилувачи итн.
Мрежно место www.ibanez.com

Ibanez или Ибањес (јапонски: アイバニーズ, Aibanīzu) — корпорација започната од јапонскиот стопанственик Хошино Гаки,[1] кој го започнал својот бизнис продавајќи шпански гитари наречени Ibanez, а подоцна го купил името и започнал да продава гитари под тоа име во САД. Така денес Ибањес е производител на електрични и акустични гитари како и на акустични и електрични бас гитари со повеќе фабрики низ светот како низ Јапонија, Кина, САД. Одпрва гитарите на Ibanez биле копии на модели на Фендер и Гибсон и тие копии се денес ценети од колекционари и се наречуваат „lawsuit modelѕ“. Првите познати корисници на Ибањес во 70-тите години биле Стив Милер, Боб Вир (Grateful Dead) и Фил Линот (Thin Lizzy). Во текот на 80-тите години, и со стекнатиот реноме на копирање на ЕЅ-175 џез гитарата на Гибсон, Ibanez постанува омилен инструмент на познатите џез гитаристи Џон Скофилд, Џорџ Бенсон и Пет Метини. Денес, Ibanez е потписник на договори со многу познати имиња од музичката индустрија како: Хед, Манки и Филди од KoЯn, Декстер Холанд, Нудлс и Грег К. од The Offspring, Дарон Малакиан од System of a Down, Бред Делсон од Linkin Park, и најзвучните имиња: Стинг, Стив Ваи и Џо Сатриани.

Наводи уреди

  1. LTD., HOSHINO GAKKI CO. „Ibanez guitars“. Посетено на 2017-05-17.

Надворешни врски уреди

 
Ibanez RGT42DX од 2006

Ibanez гитари и басови.