Korn

(Пренасочено од KoЯn)
Логото на KoЯn

Лево кон десно, старата постава на KoЯn: Хед, Дејвид Силверија, Џонатан Дејвис, Манки, Филди.
Информации
Потекло Бејкерсфилд, Калифорнија, САД
Жанрови Ну метал
Алтернативен метал
Активни 1993 - досега
Издавач Epic
Emi/Virgin
Sony BMG Music Entertainment
Мрежно место www.korn.com
Членови
Џонатан Дејвис
Џејмс „Манки“ Шафер
Реџиналд „Филди“ Арвизу
Дејвид Силверија
Поранешни членови
Брајан „Хед“ Велч

KoЯn е американска ну метал група позната по својата експлицитна лирика и по религиозната (не)припадност на бендот.[1] Тие се исто така познати по своите седум-жичени гитари и хип-хоп ритамот. KoЯn е посветена на алтернативна музика или поспецифично ну метал музика. Бендот броеше пет члена на своите минати албуми, и тоа: Џонатан Дејвис (вокали и гајда), Брајан (Хед) Велч (гитара, следечки вокал), Џејмс (Манки) Шафер (гитара), Реџиналд (Филди) Арвизу (бас гитара) и Дејвид Силверија (тапани), и има соработувано со повеќе хип-хоп музичари.[2] Но, во 2004, бендот го напушти Хед. Најновиот сингл е насловен Twisted Transistor.

Историја

уреди

KoЯn е само еден од многуте калифорниски бендови посветени на метал музиката покрај Anthrax, Deftones, Megadeth, MetallicA, Slayer, System of a Down и многу други. Првото име на бендот беше LAPD (Love And Peace Dude), кое подоцна беше променато во Creep, а додека конечното име KoЯn бендот го доби по доаѓањето на пејачот Џонатан Дејвис, кој не беше во примарната постава на бендот. Бендот доаѓа од Бејклерсфилд, Калифорнија, САД. Првиот нивни албум наречен по името на бендот - KoЯn е издаден во октомври 1994 година од страна на Епик Рекордс. 22 февруари 2005 Брајан (Хед) Велч го напушта бендот поради неговата ненадејна промена, при што тој започна да верува во Господ. KoЯn го снима својот најнов албум со постава од останатите четири членови.

Дискографија

уреди

Опрема

уреди

Хед, Манки и Филди користат опрема од јапонскиот производител на гитари и гитарски ефекти Ibanez. Одлика за стилот на свирење на Хед и Манки е што тие користат гитари со седум жици и имаат свој посебен модел Ibanez® K-7, наштиман за еден степен пониско од стандардното штимање на седумжичените гитари. Што значи наместо по распоред B,E,A,D,G,B,E тие се наштимани по распоред A,D,G,C,F,A,D. Нивнит басист Филди исто така свири на неконвенционална бас гитара со пет жици, и исто така има свој посебен модел Ibanez® K-5, наштиман 2 степени пониско од стандардното штимање, што значи наместо по распоред B,E,A,D,G тој е наштиман по распоред A,D,G,C,F. Се смета дека KoЯn ја револуционира алтернативната музика со своите неверојатно ниски звуци.

Наводи

уреди
  1. Биографија за Корн[мртва врска]
  2. „Биографија за Корн“. Архивирано од изворникот на 2013-05-26. Посетено на 2013-01-10.

Надворешни врски

уреди