Фабијан Готлиб фон Белингсхаузен

(Пренасочено од Fabian Gottlieb von Bellingshausen)

Фабијан Готлиб фон Белинсхаузен (германски: Fabian Gottlieb von Bellingshausen) или Фадеј Фадеевич Белингсхаузен (руски: Фаддей Фаддеевич Беллинсгаузен) (9 (20 септември) 1778 - 13 (25 јануари) 1852) бил поморски офицер којшто и служел на Руската Империја и бил предводник на втората руска експедиција на пат околу светот. За време на своето патување, тој станал еден од тројцата Европејци кои први го виделе континентот Антарктик.

Портрет на Фабијан Готлиб фон Белинсхаузен

Животопис

уреди

Белингсхаузен се родил во германско семејство, на островот Сааремаа во Балтичкото Море. Уште на 10 години, Белингсхаузен станал кадет во руската царска морнарица. Откако дипломирал на возраст од 18 години, во морнарската академија во Кронштад многу брзо напредувал, па бил многу млад кога ја добил титулата капетан. Во 1803, тој бил дел од руската експедиција за пат околу светот. Бродот Надежда бил управува од Адам Јохан фон Крусештерн и ја завршил мисијата во 1806. Белингсхаузен понатамошната кариера ја продолжил управувајќи разни бродови по Балтичкото и Црното Море.

Кога императорот Александар I во 1819 побарал да се испрати експедиција за да го истражува Јужниот Поларник, Белинсхаузен ја добил одговорноста да ја предводи експедицијата. Тој тргнал на 5 септември 1819 од пристаништето Портсмут со 600 тонската корвета Восток и 530 тонската Мирни (управувана од Михаил Петрович Лазарев). Експедицијата го поминала јужниот пларник на 26 јануари 1820. На 28 јануари 1820, експедицијата здогледала копно. Тоа биле крајбрежните делови од континентот Антарктик. Белингсхаузен всушност се наоќал на само 36 км од копно. Дневниците на Белингсхаузен до рускиот министер за пловидба од 1821 година се споредени со дневниците на останатите морепловци кои тврделе дека први стигнале до континентот во дневниците на британскиот историчар А. Г. Е. Џонс од 1982. Џонс заклучил делка Белингсхаузен тоа го сторил пред морепловците Едвард Бренсфилд и Натаниел Палмер кои тоа го сториле на 20 јануари и 17 ноември 1820. Во патувањето, Белингсхаузен стигнал и до Јужните Шетлендски Острови, а открил и неколку острови на кои им ги дал имињата Петар Први Заводски, Лешков и Виској, а полуостровот на Антарктик го нарекол Александров Полуостров иако денес се нарекува Александров Остров. Белинсхаузенов Остров е еден од Јужносендвичките острови кој бил наречен во негова чест. Фадејските Острови во Лаптевско Море биле наречени по името на големиот истражувач.

По ова истражување, Белингсхаузен се насочил кон пловидба по Тихиот Океан, поминувајќи покрај островите со тропска клима.

Белингсхаузен се вратил во Кронштад на 4 август 1821.

Тој и понатаму му останал верен на царот, а неколку години подоцна се борел во Руско-турската војна (1828-1829) и ја добил титулата адмирал. Во 1839 станал воен началник на Кронштад, а на таа функција останал до својата смрт во 1852.

Надворешни врски

уреди