Dangerously in Love 2
„Dangerously in Love 2“ е песна напишана и продуцирана од американската Р&Б пејачка Бијонсе Ноулс и продуцентот Ерол Меккала, Џр. Баладата прво била снимена за третиот студиски албум на Destiny's Child, Survivor (2001), под името „Dangerously in Love“, со Ноулс како водечки вокалист, што претставувало една од малкуте песни на Survivor кои Ноулс ги пеела речиси соло. Песната подоцна била вклучена во првиот студиски албум на Ноулс, со неколку мали вокални и инструментални поправки. „Dangerously in Love 2“ е Р&Б-соул песна, чиј текст прикажува изјава за романтична опсесија.
„Dangerously in Love 2“ | |
---|---|
Песна од Бијонсе | |
од албумот Dangerously in Love | |
Снимена | SugarHill Studios (Хјустон, Тексас) |
Жанр | Р&Б, соул, тивка бура |
Должина | 4:54 |
Марка | Columbia |
Песнописец | Бијонсе Ноулс, Ерол Меккала, Џр. |
Продуцент(и) | Ноулс, „Попи“ Меккала |
Песната предизвикала генерално позитивен прием од музички критичари, кои ја истакнале неговата сличност со флагрантно оригиналната верзија на албумот на Destiny's Child, додека други коментирале дека песната успева ефикасно да ги покаже вокалните способности на Ноулс. „Dangerously in Love 2“ ѝ донела на Ноулс награда во категоријата најдобра женска вокална Р&Б изведба на Греми Наградите во 2004 година.
Дури и со недостаток на промоција, „Dangerously in Love 2“ се искачила на Билборд Хот 100 табелата во САД и на други Билборд табели кон крајот на 2004. Се искачила на педесет и седмото место на Хот 100 и на седумнаесеттото место на Хот Р&Б/Хип-Хоп Песни табелата. Ноулс За првпат ја извела песната на Греми Наградите во 2004. „Dangerously in Love 2“ била дел од сет-списокот на турнеите Verizon Ladies First Tour, нејзината Dangerously in Love World Tour, The Beyoncé Experience во Лос Анџелес и нејзината светска турнеја, I Am... Tour. Ноулс добила голем број позитивни критики за нејзинита настапи во живо на песната за време на нејзините турнеи.
Позадина и композиција
уреди„Dangerously in Love 2“ била напишана од Бијонсе Ноулс и Ерол Меккала Џр. кој исто така и ја продуцирал песната. Песната за првпат оригинално се нашла на албумот од Destiny's Child, Survivor (2001), под името „Dangerously in Love“.[1] Ноулс повторно ја снимила песната во SugarHill Studios во Хјустон, Тексас во 2003[2] за нејзиниот прв соло албум, Dangerously in Love.[3] Нејзината верзија, која технички била наречена „Dangerously in Love 2“,[4] содржи изменет аранжман.[5] Таа е формирана како ремикс песна, но подоцна станала инспирација за насловот на нејзиниот деби албум.[5] За песната не постои официјално музичко видео.
Примерок од „Dangerously in Love 2“, прикажувајќи ги вокалите на Ноулс кон крајот на песната. | |
Проблеми со пуштањето? Помош. |
Според листовите со музика објавени на страната Музички Ноти ох Хал Леонард Корпорацијата, „Dangerously in Love 2“ е умерена Р&Б-тивка бура балада во среден ритам.[6] Песната потекнува од жанрови на соул музиката.[7] Напишана е во тоналитет од Еф-дур и се движи во умерени 100 удари во минута.[6] Инструментите во песната се пијано и гитара, заедно со вокалите на Ноулс кои се движат од E♯3 до D5.[6] Спенс Д. од страницата IGN Music напишал дека песната е искапена во сјајно пијано, со различен силен ритам и звук, кои дејствуваат како да се во конкуренција еден со друг.[8]
Многу музички критичати забележале дека песната е музички многу слична со оригиналната истоимена балада која се наоѓа на албумот на Destiny's Child, Survivor.[9] Спред текстот, во песната се работи за романтична опсесија, но не на опасен или луд начин.[4] Ова е илустрирано во стиховите на рефренот: „I am in love with you (Јас сум заљубена во тебе)/ You set me free (ти ме ослободуваш)/ I can't do this thing (не можам да го направам ова)/ Called life without you here with me (Повикан живот без тебе со мене)[...]“.[10] Споре Лиса Верика од Тајмс, „Dangerously in Love 2“ носи флагрантна сличност со работата на Џенет Џексон, во однос на перспективата да се биде „помалку склон кон флертување“.[11]
Прифатеност
уредиКритички прием
уреди„Dangerously in Love 2“ добил претежно позитивни критики од музичките критичари. Натали Николс од Лос Анџелес Тајмс кажала дека песната е само една од повеќето балади дизајнирани за да го демонстрираат „душевното пеење на Бијонсе, централниот мир на ѕвезденото Р&Б трио, Destiny's Child.“[4] Сал Кинкуемани од Слант Магазинот ѝ дал измешани оценки на песната, кажувајќи дека изгледала малку датирана и била „речиси копија на песната 'Dangerously in Love' од Survivor [што] е комплетно одвишно.“[9] Додека го опфаќал повторното обединување во 2004 година на Destiny's Child, списанието Џет ја сметало песната за голем хит на деби албумот Ноулс.[12] Во статија на Тин Инк, песната била забележана како една од топ „бујните балади“ од албумот.[13] „Dangerously in Love 2“ освоил награда во категоријата најдобра женска Р&Б вокална изведба на 46тите Греми Награди на 8 февруари 2004.[14][15]
Успех на табелите
уредиВерзијата од Ноулс се искачила на неколку Билборд табели. „Dangerously in Love 2“ за првпат се појавила на табелата во САД наречена Хот Р&Б/Хип-Хоп Песни на седумдесет и третото место на 3 јули 2004.[16] Наредните седум недели, песната продолжила да се искачува на пониски места на табелата, сè додека не била прогласена за најдобар освојувач во 21 август 2004, заземајќи дваесет и осум места од седумдесет и еден до четириесет и три.[17] Влезот на седумдесет и петтото место на табелата Радио Песни,[18] го предизвикало и првото појавување на песната на седумдесет и шестото место на Билборд Хот 100 на 18 септември 2004.[19] „Dangerously in Love 2“ се издигнала до бројот шеесет на Хот 100 табелата во следната недела што ја направило најголемата преселба на табелата, а на табелата за радио песни, песната го зазела педесет и деветтото место.[20] Песната го достигнала својот највисок број на хот Р&Б/ хип-хоп песни на 25 септември 2004 година, а на бројот педесет и седум на Билборд Хот 100 на 2 октомври 2004 година..[21] На 14 јуни 2006, песната добила златна сертификација од снимачката индустриска асоцијација на Америка (2006) за повеќе од пет илјади продадени рингтонови.[22] Од 6 октомври 2010, биле продадени преку 130,000 дигитални спуштања во САД ос песната.[23]
Настапи во живо
уредиНоулс за првпат ја извела песната „Dangerously in Love“ на Пепси Арената во Олбани, Њујорк во 2001.[24] Настапот бил дел и од светсктата турнеја на Destiny's Child за нивната турнеја World Tour. Ноулс исто така ја изведувала песната на Греми Наградите во 2004 на 8 февруари 2004,[25] каде поесната освоила награда во категоријата за најдобра женска вокална Р&Б изведба.[26] Ноулс тогаш била облечена во долг тиркизен сребрен фустан. Таа се позиционирала помеѓу краевите на една гиганта рамка за слика и ја пеела „Dangerously in Love 2“ како да живеела во сликата од масло.[25] Била придружена од седумнаесет позадински пејачи, музичари и танчери.[25] Кон крајот, таа ја држела отворена својата рака и гулаб ѝ слетал на нејзината испружена дланка.[25] Џон Виедрхорн од MTV Вести коментирал дека настапот не бил „ништо помалку од екстравагантен.“[25]
Ноулс исто така ја додала песната за нејзината прва соло-турнеја Dangerously in Love Tour, во Вимбли Арената во Лондон, Обединетото Кралство. Таму имала специјална изведба на песната која била подолга од 8 минути.[27] За време на Verizon Ladies First Tour на која се нашле Алиша Кис, Миси Елиот и Тамиа, Ноулс ја извела „Dangerously in Love 2“ во Њујорк пред повеќе од 20,000 обожаватели.[28] Пред да ја започне изведбата, таа ја прашала публиката дали некогаш била заљубена. Како што пеела, сè повеќе и повеќе обожаватели се приклучиле во помалечки и кружни платформи. Истовремено, снимка од оган од подот и долго, правоаголно споено видео од пламени и настапувачи, биле навидум поставувани на оган.[28] Шахим Рид од MTV Вестите ја пофалил изведбата пишувајќи: „[Бијонсе] ги натерала њујорчаните да се радуваат исто како кога навивачите на Јенкис прославувале за трофејот кој го освоил тимот кога таа совршено ја погодуваше секоја висока нота кон крајот на 'Dangerously in Love 2'.“[28]
На 5 август 2007, Ноулс ја изведувала песната во Медисон Сквер Гарден во Менхетн.[29][30] Додека пеела, Ноулс била придружена од нејзиниот женски бенд,[29] и таа ја поврзала „He Loves Me“ од Жил Скот во „Dangerously in Love 2“. Шахим Рид од MTV Вестите го пофалил нстапот, пишувајќи: „За целото танцување кое таа го направи, Бијонсе доби подеднакво голем - ако не и повеќе убедлив - одговор за прикажување на нејзините несомнени вокални способности на баладите [...] 'Dangerously in Love'.“[29] Друг преглед од PopEater рекол: „Бијонсе Ноулс се транформира во отворена книга со емоции, сензуалност, физички-дефинирани танцувачки движења и вокали. [...] таа ни покажа дека и нејзините балади можат да бидеат преку-врвот и нејзиниот глас имаше доволно моќ дури и кога не беше дополнет од колкови.“[31]
Ноулс дополнително ја изведувала песната на голем број други места, вклучувајќи ја песната како дел од сет-списокот на The Beyoncé Experience[32] во Лос Анџелес и I Am... Tour во текот на првите постојки на почетокот на турнеја.[33] Во Лос Анџелес Бијонсе имала целосен настап на песната, облечена во долг фустан кој паѓал директно во нејзините нозе. Изведбата била дополнета со неколку машки и женски танчери и инструментација во живо.[34] Џон Перлс од Њујорк Тајмс ја пофалил изведбата, изјавувајќи „На Бијонсе не ѝ треба овлекување од нејзиното пеење, кое може да биде кое може да биде воздушесто или металично, насолзено или опасно, скорострелно со продолжени слогови. Но, таа беше во постојано движење, во костими [...]“.[35] Иако песната била изведувана на неколку датуми на I Am... Турнејата, не била вклучена во физичкото издание на турнејата.[36] Песната исто така била изведувана за време на I Am... Yours на шоуто во 2009 во Лас Вегас, iзаедно со акустична верзија на „Sweet Dreams“ и преработка на песната од Анита Бакер, „Sweet Love“".[37]
Кредити и личности
уредиКредити преземени од Dangerously in Love.[2]
- Вокали: Б. Ноулс
- Пишување: Б. Ноулс, Ерол Меккал Џр.
- Вокален инжинеринг: Брајан Спрингер
- Микс инжинеринг: Декстер Симонс
- Гитари: Ден Воркмен
- Дополнителни Гитари: Џон „Џеб“ Брусард
- Инструмент инжинеринг: Ден Воркман
- Продукција: Бијонсе Ноулс, Ерол „Попи“ Меккал Џр.
Табели и сертификации
уреди
Неделни табелиуреди
|
Годишни табелиуреди
Сертификацииуреди
|
Наводи
уреди- ↑ „Survivor by Destiny's Child on iTunes“. iTunes US. Apple Inc. Посетено на February 20, 2011.
- ↑ 2,0 2,1 (2003) Album notes for Dangerously in Love. Sony Music BMG Entertainment.
- ↑ „Dangerously In Love by Beyoncé on iTunes“. iTunes US. Apple Inc. Посетено на February 20, 2011.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 Nichols, Natalie (June 24, 2003). „So, what's so dangerous about Beyonce's disc?“. Los Angeles Times. Eddy Hartenstein. Посетено на February 20, 2011.
- ↑ 5,0 5,1 Bradley, Andy; Wood, Roger (2010). House of hits: the story of Houston's Gold Star/SugarHill Recording Studios. стр. 239-334. ISBN 9780292719194. Посетено на February 20, 2011.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 „Dangerously in Love digital sheet music (Digital Download)“. Music Notes. Hal Leonard Corporation.
- ↑ „Dangerously in Love | Beyoncé Song - Yahoo! Music“. Yahoo! Music. Yahoo!. Архивирано од изворникот на 2010-08-07. Посетено на February 20, 2011.
- ↑ D., Spence (September 3, 2003). „Dangerously In Love - Beyoncé's solo debut is a mixed bag of contemporary R&B“. IGN. News Corporation. Архивирано од изворникот на 2011-05-27. Посетено на March 5, 2011.
- ↑ 9,0 9,1 Cinquemani, Sal (June 21, 2003). „Beyoncé: Dangerously in Love | Music Review“. Slant Magazine. Посетено на February 20, 2011.
- ↑ Yancey Strickler. „Beyonce - 'Dangerously In Love'“. Flak Magazine. J. R. Norton. Архивирано од изворникот на 2012-01-13. Посетено на March 2, 2011.
- ↑ Lisa Verrico (June 20, 2003). „Beyonce: Dangerously in Love“. The Times. Time Inc. Архивирано од изворникот на 2021-10-20. Посетено на February 20, 2011.
- ↑ „Destiny's Child Reunites For New Album After Solo Success“. Jet (magazine). Linda Johnson Rice. 106 (December 6, 2004): 60. 2004. ISSN 0021-5996. Посетено на February 20, 2011.
- ↑ BlissfullyMe (2010). „Beyonce Knowles – Dangerously in Love | Teen Music Review“. Teen Ink. Посетено на February 20, 2011.
- ↑ „Beyonce Knowles biography, information, news, pics (pictures), links and products (music)“. Pop Star Plus. Посетено на February 20, 2011.
- ↑ Leopold, Todd. „Beyonce tops with five Grammys“. Cable News Network. Turner Broadcasting System. Архивирано од изворникот на 2015-10-19. Посетено на February 20, 2011.
- ↑ „R&B/Hip-Hop Songs – Week of July 3, 2004“. Billboard. Prometheus Global Media. August 21, 2004. Посетено на February 19, 2011.
- ↑ „R&B/Hip-Hop Songs – Week of August 21, 2004“. Billboard. Prometheus Global Media. August 21, 2004. Посетено на February 19, 2011.
- ↑ „Radio Songs – Week of September 18, 2004“. Billboard. Prometheus Global Media. September 18, 2004. Посетено на February 18, 2011.
- ↑ „Hot 100 – Week of September 18, 2004“. Billboard. Prometheus Global Media. September 18, 2004. Посетено на February 18, 2011.
- ↑ „Radio Songs – Week of September 25, 2004“. Billboard. Prometheus Global Media. September 25, 2004. Посетено на February 18, 2011.
- ↑ „Dangerously in Love - Beyoncé“. Billboard. Prometheus Global Media. Посетено на February 18, 2011.
- ↑ 22,0 22,1 „RIAA – Gold & Platinum : Dangerously in Love“. Recording Industry Association of America. June 14, 2006. Архивирано од изворникот на 2007-06-26. Посетено на February 18, 2011.
- ↑ Grein, Paul (October 6, 2010). „Week Ending Oct. 3, 2010: America's Most Popular Inmate“. Yahoo! Music. Yahoo!. Посетено на March 31, 2011.
- ↑ Shaheem Reid (July 19, 2001). „Destiny's Child, Eve, Nelly Get The Kids Riled On 'TRL' Tour Opener“. MTV News. MTV Networks. Архивирано од изворникот на 2011-06-05. Посетено на April 9, 2011.
- ↑ 25,0 25,1 25,2 25,3 25,4 Jon Wiederhorn (February 9, 2004). „Beyonce Sings Twice, Christina Plays Nice, Outkast Cool As Ice On Grammy Stage“. MTV News. MTV Networks. Архивирано од изворникот на 2011-06-29. Посетено на February 19, 2011.
- ↑ Joseph Patel (February 9, 2004). „Beyonce Wins Most, Outkast Shine, 50 Cent Shut Out At Grammys“. MTV News. MTV Networks. Архивирано од изворникот на 2011-02-20. Посетено на February 19, 2011.
- ↑ „ビヨンセ : ライヴ・アット・ウェンブリー(初回仕様限定盤)“ (јапонски). Sony Music Online Japan. July 22, 2004. Посетено на January 30, 2011.
- ↑ 28,0 28,1 28,2 Shaheem Reid (April 13, 2004). „First Among Equals: Beyonce Steals The Show At Ladies First“. MTV News. MTV Networks. Архивирано од изворникот на 2011-06-29. Посетено на February 19, 2011.
- ↑ 29,0 29,1 29,2 Shaheem Reid (August 7, 2007). „Beyonce Puts On Flawless — And Fall-Less — NYC Show With Robin Thicke“. MTV Вести. MTV Networks. Архивирано од изворникот на 2011-06-29. Посетено на January 31, 2011. Text "MTV News]]" ignored (help)
- ↑ Jon Pareles (August 6, 2007). „Romance as a Struggle That She Will Win“. The New York Times. Arthur Ochs Sulzberger, Jr. Посетено на February 12, 2011.
- ↑ „Beyoncé Performances“. PopEater. Архивирано од изворникот на 2011-07-15. Посетено на February 19, 2011.
- ↑ „The Beyoncé Experience (Live) [Audio Version] by Beyoncé - Download The Beyoncé Experience (Live) [Audio Version] on iTunes“. Apple Store. November 19, 2007. Посетено на January 27, 2011.
- ↑ Nuts.co.uk. „Search | Video“. Nuts. Архивирано од изворникот на 2011-07-24. Посетено на 2011-01-27.
- ↑ Beyoncé Knowles. (2007). The Beyoncé Experience Live. Columbia Records.
- ↑ Pareles, Jon (August 6, 2007). „Music Review - Beyoncé - Beyoncé - Madison Square Garden - Music - Review“. The New York Times. Посетено на January 27, 2011.
- ↑ „I Am... World Tour by Beyoncé - Download I Am... World Tour on iTunes“. Itunes Belgium. Apple Inc. November 26, 2010. Посетено на January 27, 2011.
- ↑ „Beyoncé Set to Release "I Am... Yours An Intimate Performance at Wynn Las Vegas"“. Beyoncé Knowles Official Website. Columbia Records. November 2, 2009. Архивирано од изворникот на 2011-07-07. Посетено на February 6, 2011.
- ↑ "Beyonce Album & Song Chart History" Billboard Хот 100 for Beyonce. Prometheus Global Media.
- ↑ "Beyonce Album & Song Chart History" Billboard R&B/Hip-Hop Songs for Beyonce. Prometheus Global Media.
- ↑ "Beyonce Album & Song Chart History" Billboard Radio Songs for Beyonce. Prometheus Global Media.
- ↑ „The Billboard Hot R&B/Hip Hop Singles & Tracks - 2004 Year End Charts“. Billboard. Prometheus Global Media. December 24, 2003. Посетено на February 20, 2011.