Арапско кафе
Цветови на Coffea arabica
Плодови на Coffea arabica
Научна класификација
Царство: Растенија
Ред: Линцуровидни
Семејство: Бросови
Род: Кафе
Вид: C. arabica
Научен назив
Coffea arabica
К. Линеј

Coffea arabica, познато како арабика, ― вид на цветно растение од семејството на кафиња бросови (Rubiaceae). Се верува дека тоа е првиот вид на кафе што бил одгледуван и во моментов е доминантна сорта, што претставува околу 60% од светското производство.[2] Кафето произведено од (помалку кисело, повеќе горчливо и со повисока концентрација на кофеин) зрно на видот робуста (C. canephora) го сочинува најголемиот дел од преостанатото производство на кафе. Арапското кафе потекнува од Етиопија и првпат се одгледувало во Јемен, а документирано е во 12 век.[3][4] Coffea arabica е наречено ‏بُنّ‎ (бун) на арапски, позајмен од оромскиот „буна“.

Таксономија

уреди

Coffea arabica првпат научно го опишал Антоан де Жусје, кој го нарекол Jasminum arabicum откако проучувал примерок од Ботаничката градина во Амстердам. Линеј го сместил во родот Coffea во 1737 година.[5]

Coffea arabica е единствениот полиплоиден вид од родот Coffea, бидејќи носи 4 копии од 11-те хромозоми (вкупно 44), додека останатите диплоидни видови имаат по 2 копии. Поточно, Coffea arabica сама по себе е резултат на хибридизација помеѓу диплоидите Coffea canephora и Coffea eugenioides,[6] што го прави алотетраплоид, со две копии од два различни геноми. Овој настан на хибридизација на потеклото на Coffea arabica се проценува помеѓу 1,08 милиони и 543.000 години и е поврзан со променливите услови на животната средина во Источна Африка.[7]

Опис

уреди

Дивите растенија растат помеѓу 9 и 12 м во височина и имаат отворен систем на разгранување; листовите се спротивни, едноставни, елипсовидно-овалести до долгнавести, 6-12 см долги и 4-8 см широка, сјајни, темно зелени. Цветовите се бели, 10-15 мм во пречник и растат во аксиларни соцветија. Плодовите се месести, широки 10–15 мм во пречник, светло-црвени до виолетови кога се созреани и обично содржат две семиња, често наречени зрна кафе.

Распространетост и живеалиште

уреди

Ендемична за југозападните висорамнини на Етиопија,[8] Coffea arabica сега е ретка во Етиопија, додека многу популации се чини дека се од мешани домородни и засадени дрвја. Coffea arabica денес се одгледува во десетици земји помеѓу Јужниот Повратник и Северниот Повратник.[9] Донесена е и од висорамнината Бома во Јужен Судан. Coffea arabica се наоѓа и на планината Марсабит во северна Кенија, но не е јасно дали овде видот природно се развива или е донесен; неодамнешните студии го поддржуваат второто.[10] Видот е широко одомаќинет во области надвор од неговата домородна земја, во многу делови на Африка, Латинска Америка, Југоисточна Азија, Индија, Кина и различни острови на Карибите и во Тихиот Океан.[11]

Зачувувањето на генетската варијација на C. arabica се потпира на зачувување на здрави популации на диво кафе во Афропланинските дождовни шуми во Јемен. Генетските истражувања покажаа дека одгледувањето на култивирани сорти го загрозува генетскиот интегритет на дивото кафе бидејќи ги изложува дивите генотипови на хибридизација.[12] Речиси целото кафе кое се одгледувало во текот на изминатите неколку векови потекнувало од само неколку диви растенија од Јемен, а денес кафето што расте на плантажите ширум светот содржи помалку од 1% од разновидноста содржана во дивината на Јемен.[13]

Историја

уреди

Првиот пишан запис за кафе направено од печени зрна кафе, доаѓа од арапските научници, кои напишале дека тоа е корисно за да ги држи будни со што биле способни да работат подолго време. Арапската новост во Јемен за правење пијалак од печени семиња, најпрво се раширил меѓу Египќаните и Турците, а подоцна низ светот. Други научници веруваат дека растението кафе било воведено од Јемен, врз основа на јеменската традиција според која во „удеин“ („двете гранчиња“) во Јемен во предисламско време биле засадени резници на кафе и кат (Catha edulis).[14] Производството на Coffea arabica на територијата на денешна Индонезија започнало во 1699 година преку ширењето на трговијата во Јемен. Индонезиските кафиња, како што се суматранското и јаванското, се познати по тешкото тело и ниската киселост. Ова ги прави идеални за мешање со кафиња со повисока киселост од Средна Америка и Источна Африка.[8]

Одгледување и употреба

уреди
 
Ботанички цртеж на Coffea arabica, кој датира од околу 1860 година.
 
Ботанички цртеж на C. arabica, кој датира од околу 1880 година.

Coffea arabica сочинува 60% од светското производство на кафе.[2]

На растението C. arabica му требаат приближно седум години за целосно созревање, а најдобро се развива при врнеши од 1,0-1,5 метри, рамномерно распоредени во текот на годината. Обично се одгледува на надморска височина помеѓу 1,300 и 1,500 м, но има насади кои растат ниско на морско ниво и на надморска височина повисока од 2,800 м.[15]

Растението може да толерира ниски температури, но не и мраз, а најдобро се развива на просечна температура помеѓу 15 и 24 °C.[16] Комерцијалните сорти претежно растат само до околу 5 м, и често се отсечени до 2 м за да се олесни бербата. За разлика од Coffea canephora, C. arabica претпочита да биде одгледувана во светла сенка.[17]

Плантажа со Coffea arabica во Сао Жоао до Мањуасу, Минас Жераис, Бразил

Видови

уреди
 
Структура на плод од кафе:
1: Средиштен дел на плод
2: Ендосперм
3: Епидермис
4: Ендокарп
5: Пектински слој
6: Мезокарп
7: егзокарп

Една сорта на Coffea arabica природно содржи многу малку кофеин. Додека семенката од нормалните растенија C. arabica содржи 12 мг кофеин по грам сува маса, овие мутанти содржат само 0,76 мг кофеин по грам, но со вкус сличен на вообичаеното кафе.[18]

Закани

уреди

Иако во моментов има многу голема дива популација од 13,5 до 19,5 милијарди единки низ нејзиниот ареал, C. arabica сè уште е сметана за загрозена на Црвениот список на МСЗП поради бројните закани со кои се соочува. Поради тоа што е растение кое расте во катот на грмушки, бара постојана шума, што го прави многу подложно на историските значајни нивоа на уништување на шуми во Етиопија. Пред големото уништување на шумите, се сметаше дека шумската покривка изнесува помеѓу 25 - 31% од вкупната површина на Етиопија, но сега брои само 4%, а уништувањето на шумите сè уште продолжува. Дополнително, климатските промени може да имаат голем ефект врз областите на растење на дивата C. arabica во Етиопија поради неговата висока температурна чувствителност, а проценките покажуваат дека бројот на популацијата може да се намали за 50 - 80% со намалување од 40 - 50% во површина на распространување до 2088 година; климатските промени може да влијаат и на репродуктивниот успех. Дополнително, главниот штетник на кафето, Hypothenemus hampei може да има корист од климатските промени и да ги колонизира повисоките надморски височини кои порано биле премногу студени за него, што исто така може да влијае на популацијата на кафето.

Климатските промени, исто така, служат како закана за култивираниот C. arabica поради нивната температурна чувствителност, а некои студии проценуваат дека до 2050 година, повеќе од половина од земјиштето што се користи за одгледување кафе би можело да биде непродуктивно. Потолерантен на топлина Coffea stenophylla може да го замени C. arabica како доминантен вид кафе во одгледувањето со цел да се заштити од тоа.[19]

Галерија

уреди
  1. Moat, J.; O'Sullivan, R.J.; Gole, T.W.; Davis, A.P. (2020). Coffea arabica. Црвен список на загрозени видови. 2020: e.T18289789A174149937. doi:10.2305/IUCN.UK.2020-2.RLTS.T18289789A174149937.en. Посетено на 14 мај 2022.
  2. 2,0 2,1 „Coffee: World Markets and Trade“ (PDF). Одделение за земјоделство на Соединетите ДржавиСтранска земјоделска служба. 16 јуни 2017. Посетено на 14 мај 2022.
  3. Meyer, Frederick G. 1965.
  4. Söndahl, M. R.; van der Vossen, H. A. M. (2005). „The plant: Origin, production and botany“. Во Illy, Andrea; Viani, Rinantonio (уред.). Espresso Coffee: The Science of Quality (Second. изд.). Elsevier Academic Press. стр. 21. ISBN 978-0-12-370371-2.
  5. Charrier, A.; Berthaud, J. (1985). „Botanical Classification of Coffee“. Во Clifford, M. H.; Wilson, K. C. (уред.). Coffee: Botany, Biochemistry and Production of Beans and Beverage. Westport, Connecticut: AVI Publishing. стр. 14. ISBN 978-0-7099-0787-9.
  6. Lashermes, P.; Combes, M.-C.; Robert, J.; Trouslot, P.; D'Hont, A.; Anthony, F.; Charrier, A. (1999-03-01). „Molecular characterisation and origin of the Coffea arabica L. genome“. Molecular and General Genetics. 261 (2): 259–266. doi:10.1007/s004380050965. ISSN 0026-8925. PMID 10102360.
  7. Yves Bawin, Tom Ruttink, Ariane Staelens, Annelies Haegeman, Piet Stoffelen, Jean‐Claude Ithe Mwanga Mwanga, Isabel Roldán‐Ruiz, Olivier Honnay, Steven B. Janssens (2020). „Phylogenomic analysis clarifies the evolutionary origin of Coffea arabica“. Journal of Systematics and Evolution. 59 (5): 953–963. doi:10.1111/jse.12694.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  8. 8,0 8,1 Martinez-Torres, Maria Elena (2006). Organic Coffee. Ohio University. ISBN 9780896802476. Посетено на 13 април 2022.
  9. Hoffmann, James (2018). The World Atlas of Coffee 2nd Edition (англиски). Great Britain: Mitchell Beazley. стр. 12. ISBN 978-1-78472-429-0.
  10. Charrier & Berthaud (1985).
  11. Kew World Checklist of Selected Plant Families, Coffea arabica[мртва врска]
  12. Silvarolla, M. B.; Mazzafera, P.; Fazuoli, L. C. (2004). „Plant biochemistry: A naturally decaffeinated arabica coffee“. Nature. 429 (6994): 826. Bibcode:2004Natur.429..826S. doi:10.1038/429826a. PMID 15215853.
  13. Rosner, Hillary (October 2014). „Saving Coffee“. Scientific American. 311 (4): 68–73. Bibcode:2014SciAm.311d..68R. doi:10.1038/scientificamerican1014-68. PMID 25314878.
  14. Western Arabia and the Red Sea, Naval Intelligence Division, London 2005, стр. 490 ISBN 0-7103-1034-X
  15. Schmitt, Christine B. (2006). Montane Rainforest with Wild Coffea Arabica in the Bonga Region (SW Ethiopia): Plant Diversity, Wild Coffee Management and Implications for Conservation. Cuvillier Verlag. стр. 4. ISBN 978-3-86727-043-4.
  16. Taye Kufa Obso (2006). Ecophysiological Diversity of Wild Arabica Coffee Populations in Ethiopia: Growth, Water Relations and Hydraulic Characteristics Along a Climatic Gradient. Cuvillier Verlag. стр. 10. ISBN 978-3-86727-990-1.
  17. Prado, Sara Guiti; Collazo, Jaime A.; Stevenson, Philip C.; Irwin, Rebecca E. (2019-05-14). „A comparison of coffee floral traits under two different agricultural practices“. Scientific Reports (англиски). 9 (1): 7331. Bibcode:2019NatSR...9.7331P. doi:10.1038/s41598-019-43753-y. ISSN 2045-2322. PMC 6517588. PMID 31089179.
  18. Silvarolla, Maria B.; Mazzafera, Paulo; Fazuoli, Luiz C. (2004). „Plant biochemistry: A naturally decaffeinated arabica coffee“. Nature. 429 (6994): 826. Bibcode:2004Natur.429..826S. doi:10.1038/429826a. PMID 15215853.
  19. „Climate change: Future-proofing coffee in a warming world“. BBC News (англиски). 2021-04-19. Посетено на 2021-04-24.