Оромски јазик
Оромскиот или само оромо (Afaan Oromoo) е афроазиски јазик, дел од групата на кушитски јазици. Јазикот се зборува во Етиопија (во сојузната држава Оромија), но и во соседните Кенија и Сомалија. Оромскиот е мајчин јазик на Оромците.
Оромо | |
---|---|
Afaan Oromoo | |
Застапен во | Етиопија, Кенија |
Подрачје | Оромија |
Народ | Оромци |
Говорници | Грешка во изразот: Недостасува операнд за - 500 во Кенија (попис 2015), 42 во Сомалија (попис 2015) |
Јазично семејство | |
Писмо | латиница |
Статус | |
Службен во | Оромија| Регион Оромија ( Етиопија) |
Признаен како малцински во | Кенија |
Јазични кодови | |
ISO 639-1 | om |
ISO 639-2 | orm |
ISO 639-3 | orm — опсежен код Поединечни кодови: gax — борански hae — источнооромски orc — ормански gaz — западнооромски ssn — ватански |
Оромско говорно подрачје | |
| |
Оромскиот моментално е најзборуваниот јазик во Етиопија, односно го зборуваат околу 33,8 % од населението.[1] Воедно, оромскиот е најзборуван кушитски јазик во светот, а четврт најголем јазик во Африка.[2] Јазикот го зборуваат над 35 милиони луѓе во Етиопија и околните држави.[3] Јазикот, иако е најголем во Етиопија, не е службен во државата, туку само во регионот Оромија.[1]
Дијалекти
уредиЕтнолог во 2015 објавил дека јазикот е составен од следните големи дијалектни групи:
- борански
- источнооромски
- ормански
- западни
- ватански
Говорници
уредиОколу 85 проценти од Оромците живеат во Етиопија, воглавно во регионот Оромија. Мал број на Оромци живеат во Сомалија.[4] Во Кенија живеат околу 500.000 Оромци.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „The world factbook“. cia.gov. Архивирано од изворникот на 2018-12-15. Посетено на 2020-06-10.
- ↑ „Children's books breathe new life into Oromo language“. bbc.co.uk.
- ↑ „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-08-25. Посетено на 2016-08-22.
- ↑ „Languages of Somalia“. ethnologue.com. Посетено на 15 October 2010.