Кафе (растение)
|
Кафето (науч. Coffea) е род на цветни растенија чиишто семки, наречени „кафени зрна“, се употребуваат за приготвување на кафе. Растението ѝ припаѓа на семејството Бросови и има облик на грмушка или мало дрво, а води потекло од тропските и појужните делови на Африка и Азија. Зрната на кафените растенија се меѓу највредните и најтргуваните стоки во светот и се од големо значење за стопанствата на неколку земји како извозна стока. Листовите и надворешноста на плодовите во некои места служат и како храна.[1]
Одгледување
уредиЦрната се добиваат од неколку вида на кафено растение. Дрвата даваат црвени или виолетови бобинки со по две семки, наречени „кафени зрна“. Околу 5-10% од бобинките имаат само по едно зрно кое е помало и поокругло. Ваквите зрна се двојат и се продаваат посебно или се исфрлаат.
Кога се одгледува во тропските земји, кафето станува бујна грмушка или мало дрво и обично достигнува височина од 3–3,5 м. Највеќето стопански видови најдобро успеваат во повисоки предели, но сепак не поднесуваат мраз.
Дрвото на арапското кафе (Coffea arabica) почнува да дава плодови по 3-5 години, и има век на плодност од 50 до 60 години (но се среќаваат и растенија што раѓаат до својата стота година). На гранчињата се појавуваат цветови со опојна миризба, а плодовите узреваат за девет месеци.
Екологија
уредиКофеинот во кафените зрна е природна состојка што служи како одбрана од брстење, т.е. токсична супстанција што ги штити семките на растението.
Во производството на кафе се познати неколку штетници, меѓу кои се бубата кафебушилка (Hypothenemus hampei) и молецот каферовар (Leucoptera caffeina).
Со ова растение се хранат гасениците на некои видови пеперуги и молци, како што се совицата од видот Dalcera abrasa и членови на родот Endoclita (E. damor и E. malabaricus).
Истражувања
уредиВо 2008 и 2009 г, истражувачите од Кралската ботаничка градина во Кју пронашле седум вида од родот Кафе во планините на северен Мадагаскар, вклучувајќи ги C. ambongensis, C. boinensis, C. labatii, C. pterocarpa, C. bissetiae, и C. namorokensis.[2]
Во 2008 во Камерун се откриени два нови вида на кафе: Coffea charrieriana (не содржи кофеин) и Coffea anthonyi.[3] Намерата е новооткриените видови да се вкрстат со постоечките видови кафе, па така да се добие кафе што ќе врши самоопрашување, а чии зрна нема да имаат кофеин.
Видови
уредиНаводи
уреди- ↑ Дали сте јаделе кафена бобинка? Архивирано на 4 март 2012 г. (англиски)
- ↑ „Седум вида диво кафе во ризницата на откритија на Кју“ Архивирано на 14 септември 2012 г. - Кралски ботанички градини, Кју, 22 декември 2009
- ↑ Stoffelen, Piet; Noirot, Michel; Couturon, Emmanuel; Anthony, François (2008). „"A new caffeine-free coffee from Cameroon."“. Botanical Journal of the Linnean Society. 158 (1): 67–72. doi:10.1111/j.1095-8339.2008.00845.x. Не се допушта закосување или задебелување во:
|journal=
(help)
Надворешни врски
уреди„Кафе (растение)“ на Ризницата ? |
„Coffea“ на Викивидовите ? |
- Список на видови од родот Кафе (англиски)
- Животна средина и заштита на кафето (англиски)