Етиопска Висорамнина
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Етиопската Висорамнина е огромно планинско подрачје и е тешко достапна. на неа се наоѓа тектонското езеро Тана. Од него истекува реката Син Нил, долга 1 600 км, која има големо количество на вода. Највисок врв е Рас Дашен (4 623 м). Од етиопските планински височини, влагодарение на големите врнежи, се спуштаат поголем број реки. На Етиопската Висорамнина домородечкото население издвојува 3 висински зони и тоа: Комо - до околу 1 700 м.н.в., мошне топла, слабо населена и обрасната со тропска вегетација; Воина Дега, кја има суптропска клима, се простира од 1 700 - 2 500 м.н.в. и е најгусто населена и најдобро обработлива; третата висинска зона е наречена Дега и се простира над 2 500м височина. Етиопската Висорамнина се одликува со умерена и поладна клима. На неа преовладуваат ливади, пасишта и житни култури, кои достигнуваат до 3 900м височина, а развиено е и сточарстовото, односно одгледувањето на говеда, овци и кози.