Европски бизон

(Пренасочено од Bison bonasus)
Европски бизон
Европски бизони
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Цицачи
Ред: Парнокопитни
Семејство: Шуплороги
Род: Бизон
Вид: Европски бизон
Научен назив
Bison bonasus
(Линеј, 1758)
Subspecies
  • Bison bonasus bonasus (Линеј, 1758)
  • Bison bonasus hungarorum
  • Bison bonasus caucasicus
Распространетост на европскиот бизон: во холоценот (жолто), доцен среден век (темнозелено) и преостанатите единки во XX век (црвено)

Европски бизон или зубар (научBison bonasus) — евроазиски вид говедо, еден од двата преостанати видови од родот бизон (Bison), заедно со американскиот.

Во минатото ова животно бил многуо распространето во Европа и Азија, вклучувајќи ја источна Македонија.[2] Доведен е до исчезнување со прекумерен лов; последните единки се убиени во Бјаловјешката Шума (на полско-белоруската граница) во 1919 г. и во северозападен Кавказ во 1927 г. Денешните европски бизони во дивина се повратени во неколку земји Европа од единките во зоолошките градини и денес живеат по шуми. Немаат позначајни непријатели, до исклучок на некои случаи на напади од волци и мечки во забележани XIX век. Прв научно ги опишал шведскиот биолог Карл Линеј во 1758 г. Ова животно е различно од турот — изумрениот предок на домашното говедо.

Во 1996, Меѓународниот сојуз за заштита на природата (МСЗП) го прогласил европскиот бизон за загрозен вид, а подоцна, со подобрувањето на состојбата, му го доделил статусот на ранлив вид. Во средниот век ова животно било често убивано поради кожата и за изработка на рогови за пиење.

Животното може да се види во Зоолошката градина во Скопје.[3]

Опис

уреди

Ова е најтешкото копнено животно во денешна Европа, со должина од 2,1-3,5 м (без опашката, која е долга 30-80 см) и високо 1,6-1,95 м. Кога ќе се родат, телињата се малечки и тежат 15-35 кг. Кај единките во дивина, возрасните мажјаци (6 и повеќе години) се тешки просечно 634 кг, (при опсег од 400-920 кг), а женките се тешки 424 кг (при опсег од 300-540 кг.)[4][5] Напати се среќаваат и мажјаци тешки преку 1.000 кг.[6][7][8]

Просечниот европски бизон е малку полесен од американскиот (Bison bison), но е повисок. Имаат пократки влакна на вратот on главата и градите, но подолга опашка и рогови.

Историја

уреди
 
Европски бизон од кавкаскиот подвид во 1889 г.
 
Женка со телиња
 
Скелет на европски бизон

Историски, низинскиопт европски бизон живеел во сите низини во Европа, од Централниот Масив до Волга и Кавказ. Живеел и во азискиот дел на денешна Русија. Со зголемувањето и човечкото население и сечата на шумите, бројноста почнала да им се намалува. За нивното присуство на Балканот последен пат се говори во делата на римските дејци Опијан и Клавдиј Елијан, каде се опишуваат единките на пограничното подрачје на Вардарска, Егејска и Пиринска Македонија во III век.[9][10] Во Галија се истребени во VIII век, во јужна Шведска во XI, а оние јужна Англија во XII век. На Ардените и Вогезите опстанале сè до XV век.[11] Во раниот среден век, сè уште бил присутен по шумовитите степи на Урал, а на Алтај живеел до Бајкалското Езеро на исток. Северната граница во холоценот достигала 60° СГШ во Финска.[12]

Европскиот бизон преживеал во неколку шуми во Европа, но бројот значително им се налалил. Последната единка во Трансилванија умрела во 1790 г. Во Полска, единките во Бјаловјешката Шума биле во правна сопственост на полските кралеви сè до Третата поделба на полска. Европскиот бизон опстанал во оваа шума сè до средината на XVII век. Полските кралеви ги ставиле овие животни под заштита, како што е примерот со Сигизмунд II Август кој дури вовел смртна казна за ловокрадство на бизони во средината на XVI век. На почетокот на XIX век, руски цареви ги запазиле истите закони за нивна заштита во Бјаловјешката Шума. И покрај разните мерки, бројноста продолжила да опаѓа, па на почетокот од XX век бизонот преживеал само во Блајовјешката Шума и на северен Кавказ.

За време на Првата светска војна, германската окупациска војска убила околу 600 единки во Бјаловјешката Шума од забава, за месото, кожата и роговите.[13] Иако германски научник ги известил офицерите дека со ова животните може сосема да се истребат, кон крајот на војната, германската војска на повлекување оставила само 9 живи единки.[13] Последниот див европски бизон во Полска е застрелан во 1919 г., а последниот во светот е убиен во 1927 г. од ловокрадци на Западен Кавказ. Тогаш останале помалку од 50 единки, сите во зоолошки градини.

Повраток на видот

уреди

Почнувајќи од 1951 г. европскиот бизон постепено почнал да се враќа во дивината, во населенија сочинети од единки размножени од бизоните во зоолошките градини. Денес диви стада можат да се видат во Полска, Литванија, Белорусија, Украина, Романија, Русија, Словачка,[14] Латвија, Киргистан и Германија[15], како и во шумските резервати на Западен Кавказ. Во Бјаловјешката Шума моментално има 800 диви единки.[16] Доведени стада има и во Молдавија (2005),[17] Шпанија (2010),[18] Данска (2012) и Бугарија (2012).[19]

Разлики со американскиот бизон

уреди

Иако се навидум мошне слични, постојат ред разлики меѓу европскиот и американскиот бизон, како по излед, така и во поведението. Европските се повисоки и имаат подолги нозе.[20] Повеќе брстат, а помалку пасат од американските, што се должи на поинаквата поставеност на вратот. Носот на европскиот е понапред од челото, има помалку влакна на телото, но повеќе на опашката. Роговите им се насочени нанапред, нормално на лицето, со што се подобро приспособени за меѓусебна борба во костец, за разлика од американскиот бизон, кој се бори со затрчување.[21] Европскиот е помалку скротлив од американскиот и во помала мера може да се вкрстува со домашни говеда.[22]

Поведение и биологија

уреди

Општествен поредок и територијално поведение

уреди
 
Бизоните живеат во стада од по 10 единки

Европскиот бизон е стадно животно и живее во групи од мешани и чисто машки единки. Мешаните групи се состојат од возрасни женки, телиња, младенци стари 2–3 години и млади возрасни бикови. Просечната големина на стадото зависи од повеќе околински чинители, но се движи од 8 до 13 единки. Стадата сочинети исклучиво од бикови се помали, со просек од две единки по стадо. Стадата на европскиот бизон впрочем не претставуваат семејни единици. Честопати стадата меѓусебе содејствуваат, се мешаат, и набргу се разделуваат, откако ќе направат размена на единки.[11]

Територијата на еден бик зависи од староста: помладите (5-6 години) имаат поголеми матични територии од постарите. Меѓутоа, треба да се спомене дека биковите не ја бранат својата територија, и затоа териториите знаат во голема мера да се преклопуваат. Главниот дел од секоја територија е сместен близу ливада и поило.[11]

Размножување

уреди

Сезоната на парење трае од август до октомври. Биковите на возраст од 4 до 6 години не се парат, и тоа не поради полова незрелост, туку бидејќи се спречени од постарите бикови. Бременоста трае 264 дена и се раѓа по едно теле.[11]

Кога ќе се роди, просечното машко теле тежи по 27,6 кг, а просечното женско по 24,4 кг. Мажјаците растат рамномерно сè до својата 6 година. Женските телиња растат побрзо во првата година, но забавуваат во однос на машките на возраст од 3 до 5 години. Мажјаците достигнуваат полова зрелост на возраст од две, а женките на возраст од три години.[11]

Исхрана

уреди

Европскиот бизон се храни претежно со треви, но знае и да брсти фиданки и листови. Лете возрасниот мажјак изедува до 32 кг храна дневно.[23] Во Бјаловјешката Шума, луѓето со векови ги хранат бизоните со сено преку зимата, што предизвикува создавање на огромни стада.[23] Имаат потреба од вода секој ден, а зиме го кршат мразот со роговите за да дојдат до неа.[24] И покрај вообичаено бавните движења, бизоните се изненадувачки подвижни и можат да прескокнат 3 метри вода или 2 метри ограда без никаков залет.[24][25]

Зачувување

уреди
 
Мажјак во Зоо Скопје.

Заштитата на европскиот бизон има долга историја; помеѓу 15 и 18 век, оние во Бјаловјешката Шума биле заштитени и нивната исхрана била дополнета.[26] Напорите за враќање на овој вид во дивината започнале во 1929 година, со создавањето на Центарот за враќање на бизоните во Бјаловјежа, Полска.[27][28] Последователно, во 1948 година, бил основан Центар за размножување бизони во рамките на биосферниот резерват Приокско-Терасни.

Современите стада се раководени како две одделни линии - една што се состои само од Bison bonasus bonasus (сите потекнуваат од само седум животни) и една што се состои од сите 12 предци, вклучувајќи ја и оној мажјак од B. b. caucasicus.[29] Вториот главно не се смета за посебен подвид затоа што содржат ДНК и од двата B. b. Bonasus и B. b. caucasicius, иако некои научници ги класифицираат како нов подвид, B. b. montanus.[30] Пронајдена е само ограничена количина на инцестна депресија од смалување на населението, што има мал ефект врз растот на скелетот кај кравите и мал пораст на смртноста на телето. Генетската променливост продолжува да се намалува. Од пет први бикови, сите сегашни машки бизони имаат еден од само два преостанати Y-хромозоми.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Bison bonasus. IUCN Red List. Version 2008. International Union for Conservation of Nature. 2008. Посетено на 14 January 2009.
  2. Каранфилов, Тихомир (3 септември 2014). „Европскиот бизон живеел во Македонија“. Македонска нација. Посетено на 24 мај 2015.
  3. „Европски бизон“. Зоо Скопје. Архивирано од изворникот на 2015-05-04. Посетено на 24 мај 2015.
  4. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-08-21. Посетено на 2015-05-24.
  5. The Animal Files
  6. „(2011)“. Архивирано од изворникот на 2011-10-15. Посетено на 2015-05-24.
  7. Boitani, Luigi, Simon & Schuster's Guide to Mammals. Simon & Schuster/Touchstone Books (1984), ISBN 978-0-671-42805-1
  8. Burnie D and Wilson DE (Eds.), Animal: The Definitive Visual Guide to the World's Wildlife. DK Adult (2005), ISBN 0789477645
  9. Douglas, N. 1927: Birds and Beasts of the Greek Anthology. Florence.
  10. Kitchell, K.F. 2013: Animals in the Ancient Word from A to Z.
  11. 11,0 11,1 11,2 11,3 11,4 European Bison (Bison Bonasus): Current State of the Species and Strategy for Its Conservation By Zdzsław Pucek, Published by Council of Europe, 2004, ISBN 92-871-5549-6, 978-92-871-5549-8
  12. Sipko, T., P. (2009). European bison in Russia – past, present and future. European Bison Conservation Newsletter Vol 2, стр: 148–159
  13. 13,0 13,1 "Lake Pape – Bison", Светски фонд за природа
  14. „Wisents in Slovakia: the population has increased three times since 2004“. European Wildlife. 23 July 2013. Посетено на 23 July 2013.
  15. http://www.dw.de/die-wisente-kehren-nach-deutschland-zur%C3%BCck/a-16248800
  16. Baczynska, Gabriela (28 September 2008). „FEATURE-Climate change clouds fate of ancient Polish woods“. Reuters. Посетено на 28 September 2008.
  17. "Bison in the Republic of Moldova" Архивирано на 6 март 2009 г., IATP
  18. „El bisonte europeo se reimplanta en España“. Univision.com. 5 June 2010. Архивирано од изворникот на 2011-06-06. Посетено на 16 January 2011.
  19. „Denmark's Bornholm island gets rare bison from Poland“. bbc.co.uk. 7 June 2012. Посетено на 9 June 2012.
  20. Trophy Bowhunting: Plan the Hunt of a Lifetime and Bag One for the Record Books, by Rick Sapp, Edition: illustrated, published by Stackpole Books, 2006, ISBN 0-8117-3315-7, 978-0-8117-3315-1
  21. American Bison: A Natural History, By Dale F. Lott, Harry W. Greene, ebrary, Inc, Contributor Harry W. Greene, Edition: illustrated, Published by University of California Press, 2003 ISBN 0-520-24062-6, 978-0-520-24062-9
  22. Zoologist: A Monthly Journal of Natural History, By Edward Newman, James Edmund Harting, Published by J. Van Voorst, 1859
  23. 23,0 23,1 Pucek, Z., Belousova, I.P., Krasiñska, M., Krasiñski, Z.A. and Olech, W. (2004). European Bison Status Survey and Conservation Action Plan. Gland, Switzerland and Cambridge, UK.: IUCN/SSC Bison Specialist Group.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  24. 24,0 24,1 Brent Huffman. „Ultimate Ungulate“.
  25. Olech, W. (2011). Pers. comm.
  26. Trapani, J. „Bison bonasus“. Animal Diversity Web.
  27. Krasińska, M.; Krasiński, Z. (2007). European bison – the nature monograph. Białowieża, Poland.: Mammal Research Institute.
  28. Macdonald, D. (2001). The New Encyclopedia of Mammals. Oxford: Oxford University Press.
  29. „Genetic status of the species“. Bison Specialist Group – Europe. Архивирано од изворникот на 7 март 2013. Посетено на 17 април 2021.
  30. „The Extinction Website – Species Info – Caucasian European Bison“. www.petermaas.nl. Архивирано од изворникот на 11 јули 2015. Посетено на 17 април 2021.

Оваа статија содржи преведен текст од записот „Европски бизон“ на ARKive, ставени под лиценците Криејтив комонс Наведи извор-Сподели под исти услови 3.0 Нелокализирана и ГЛСД.

Надворешни врски

уреди